Едноставен крој, ситни дезени, затворено деколте, смирени бои и модел со преклоп, ова накусо би биле насоките каков пролетен фустан е соодветен за во канцеларија. Во игра се елеганцијата и моделите со кои можат да се креираат повеќе различни комбинации. Пожелно е фустанот да може лесно да се комбнира со различни обувки и чанти, како и со тоналитетот да одговара на неколку сакоа кои што ќе ги ротирате во вашиот деловен стил. Идеално е да има миди должина и да не биде премногу тесен. Имајте предвид дека за во канцеларија наменети се дневните фустани, кои пак се поразлични од коктел-фустаните и моделите за вечерни пригоди.
Нема коментари