Удобни, лелеави, шарени, со доза на луксуз и со можност за разновидно стилизирањето, свиленото кимоно и оваа пролет е добитна модна комбинација. Од модните писти, преку уличната мода до понудата во highstreet брендовите, овие креации најчесто споени со фармерки, можеме да ги забележиме и во стилот на Македонките. Инспирирани од јапонската традиционална облека, но малку и од кроевите на робите што нашите постари ги носеле по дома, овие впечатливи креации сега се во ново руво. Лесни и лелеави модели претежно со цветен принт, може да најдете и во продавниците на „Манго“, „Зара“, „Бершка“ и другите брендови достапки кај нас. За оваа пролет предлагаме неколку комбинации со долго кимоно со свиленкаста текстура.
Нема коментари