• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

AVON донира 10.000 долари за помош на жените жртви на семејно насилство во Македонија

Од stylist @StylistMKD · На октомври 26, 2016

avon-press-2
Ставајќи ја општествената – одговорност како компаниски приоритет, AVON донира 10.000 долари за кризниот центар „Надеж“ кој веќе 16 години обезбедува помош на жртвите на семејно насилство во Македонија. Станува збор за организација која има отворено СОС – линија и нуди правни совети, психолошка помош и сместување во првите денови откако жените – жртви го напуштиле домот каде биле малтретирани. Козметичкиот гигант AVON на глобално ниво, преку својата фондација, има активна програма наречена „Проговори против семејното насилство“, а средствата кои се донираат и вложуваат во неа се собираат преку продажба на посебни производи од нивната палета обележани со симболот на бесконечност.

progovori-protiv-semejnoto-nasilstvo
AVON во земјава има организирано неколку успешни кампањи насочени кон борбата против ракот на дојка, а ова е првпат да се донираат средства за помош на жртвите на семејно насилство како и за подигање на свесноста за постоењето на проблемот во Македонија.
- AVON Македонија, во изминатите години, преку несебичното залагање и поддршка од своите активни Претставници на терен успеа да собере значителна сума на средства, остварени преку продажба на производите од сината линија за борба против семејното насилство. Важно да се истакне дека 100 отсто од продажбата на специјалната линија на производи со знакот за бесконечност е наменета за кампањата против семејно насилство – изјави Дана Стојкова, национален менаџер за продажба на AVON за Македонија и Црна Гора на денешната прес-конференција.
Верка Угриновска, претседателката на кризниот центар „Надеж“ посочи дека оваа донација ќе придонесе за промена на секојдневието и перспективите на многу жени – жртви на семејно насилство.
- Статистиките врзани за семејното насилство на глобално ниво се застрашувачки, но нашиот тим ги знае приказните и ги запознава жените и девојките кои минуваат низ сето тоа. Зад секоја бројка стои човек и по долги години работа на ова поле можам да кажам дека исклучително важно е сите заеднички да работиме за да ги придвижиме работите на подобро – додаде Угриновска.

 

avon-press-3

Заменик – амбасадорката на САД во Скопје, Микаела Швајзер Блум, националната менаџерка за продажба на AVON – Дана Стојкова, Верка Угриновска- претседателка на „Надеж“ и Елена Димушевска од  Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

AVON е компанија со американски корени и донацијата, како и целокупната кампања во земјава, ја поддржа и заменик – амбасадорката на САД во Скопје, Микаела Швајзер Блум.
- Зборувајќи јавно, заедно можеме да ја отстраниме стигмата што ги спречува жртвите да го пријават насилството, да бараат засолништво и да го обноват својот живот. Можеме да пратиме јасна порака дека семејното насилство никогаш не е прифатливо. Браво за AVON што гледа подалеку од профитот и го зголемува придонесот за заедницата – изјави госпоѓата Швајзер – Блум на средбата со новинарите.
Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, го поздрави потегот на AVON.
- Имајќи ја предвид тешката состојба со која се соочуваат жените кои преживеале насилство и недостатокот на сервиси за помош и поддршка, би сакала да изразам голема благодарност на AVON за долгогодишната посветеност на ова прашање, преземање на конкретни акции и директно вклучување преку поддршка на женските граѓански организации кои обезбедуваат сервиси за жените жртви на семејно насилство. Треба да имаме на ум дека поддршката на жените жртви не значи хуманост, туку значи општествена одговорност кон членовите на заедницата во која живееме. Затоа испраќам апел до сите фирми и претпријатија да го следат примерот – посочи Димушевска.
Компанијата и во иднина планира да вложува во подигање на свесноста и решавање на проблемот со семејното насилство во Македонија. Посочуваат дека ова е прва донација, но не и последна.

 

AVONВерка УгриновскаДана СтојковадонацијаЕлена ДимушевскаМикаела Швајзер Блум
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics