• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Од stylist @StylistMKD · На ноември 11, 2021

gucci

Во пресрет на прикажувањето на филмот „Куќата на Гучи“ со Лејди Гага и Адам Драјвер, да се потсетиме на вистинската приказна за Патриција Реџани Гучи или „црната вдовица“ како што ја нарече италијанскиот печат

Едно пролетно утро во март 1995 година, нешто после 8.30 часот, Маурицио Гучи, правнук на основачот на славната италијанска модна куќа Гучи, излезе од неговиот стан во Милано за да направи кратка прошетка до неговата канцеларија на улицата Виа Палестро 20, во модниот дистрикт на градот. Беспрекорно облечен во костум, вратоврска и што друго, ако не мокасини со потпис на Гучи. Додека пешачеше до својата канцеларија, еден човек кој одеше зад него, го застрела пред да влезе во зградата за да започне со уште еден работен ден на чело на империјата Гучи. Вооружениот напаѓач испука три куршуми во грбот на Маурицио кој потоа падна мртов на мермерниот под пред влезот на неговата канцеларија.

Овој шокантен чин на дивјаштво наскоро стана едно од најозлогласените убиства во модерната историја на Италија, а две години истражителите се обидуваа да покажат со прст не само кон атентаторот, туку и кон оној кој очигледно го ангажирал да го изврши убиството.

Дали некој го нарачал убиството поради долговите на Маурицио? Можеби некој од раскраните членови на семејството Гучи? Не, на крај се откри дека личноста која го нарачала атентатот врз Маурицио е Патриција Реџани, неговата поранешна сопруга и мајката на нивните две ќерки.

Несреќна што ѝ беа исплаќани само 1.1 милион швајрцарски франци годишно како финансиска поддршка по нивната горчлива разделба и преплашена од можноста тој повторно да се ожени, Патриција му нанесе смртоносен удар на својот поранешен сопруг.

 


View this post on Instagram

A post shared by ʎǝlpıɹ ʎsıɐp & ɹǝʌıɹp ɯɐpɐ (@ridley_driver_)

 

Оваа неверојатна приказна – мешавина од висок гламур, луксуз, љубомора, пари, измама и бруталност, сега повторно се најде во фокусот на светскиот интерес, со објавувањето на првата фотографија од сетот на „Куќата на Гучи“, драматизација на настаните што доведоа до убиството на Маурицио. Режијата е на Ридли Скот, а Лејди Гага ја глуми Патриција.

Патриција Реџани родена во мал град близу Милано. Иако богати, семејството Реџани никогаш не било дел од високото општество, но упорната Партизарија успеа да го најде своето место меѓу елитата во Милано преку бракот со Маурицио Гучи. Со Маурицио се запознала на некоја забава, тој веднаш се вљубил во неа, но таа на почетокот не размислува премногу за него. Сепак се венчала за него во 1972 година, иако семејството Гучи не го одобрило нивниот брак – особено реагирал неговиот татко Родолфо, што поради потеклото на Патриција, но повеќе поради нејзиниот карактер. Сепак, Родолфо го омекнал односот кон неа откако таа ја родила ќерката Алесандра.

Маурицио, како единствен син, добил многу луксузни имоти од неговиот татко, вклучително и скап пентхаус во Њујорк. Во тоа време, парот Гучи беше дел од светската елита и пријатели со Џеки Оназис. Живееле луксузен живот, полн со патувања, гламур, раскошни забави, пентхауси, приватни авиони, летувања на нивниот имот во Акапулко, зимувања во Сен Мориц, а поседувале и голема јахта што Маурицио ја купил откако се родила нивната втора ќерка Алегра.

Сè почна да се распаѓа во 1983 година кога починал таткото на Маурицио, Родолфо. Маурицио ја презеде контролата врз семејниот бизнис, но фирмата Гучи почна да губи милиони поради неговите мегаломански проекти. Подоцна Маурицио својот дел од бизнисот го продал на бизнис групација од Бахреин.   Се распаѓа и неговиот брак со Патриција, тој во 1985 година го напушти семејниот дом и се пресели во Фиренца. Официјално се раведоа во 1991 година, иако Патриција продолжи да го нарекува „мојот сопруг“.

На суд како дел од разводот бараше што е можно поголема исплата на годишно ниво, но една друга работа повеќе ја „јадеше“ – Маурицио веќе пет години беше во врска со помладата Паола Франчини и не можеше да замисли дека тие можеби наскоро ќе се венчааат. Уплашена дека ако Маурицио се венча со Паола моќта, парите и статусот што ги стекнала ќе исчезнат и дека ако парот има деца, ќе исчезне и наследството на нејзините ќерки. Нешто мораше да се направи. Водена од љубомора и без дека може да има само една госпоѓа Гучи, спасот го најде кај Бенедето Царауло, сопственик на пицерија со огромни долгови, кого Патриција ќе го најми да го убие Маурцио.  

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by (@houseofgucciupdates)

 

Ден после убиството Патриција ќе ја избрка Паола од станот на Мауруцио и самата ќе се всели и живее во него сè додека не биде уапсена и обвинета за убиството на екс-сопругот. Италијанскиот печат веднаш ја нарече црната вдовица.

Паола се сомневаше во Патриција, а и многу работи упатуваа во насока на нејзина вина. Во документарецот „Лејди Гучи: Приказната за Патриција Реџани“, и самата Патриција ќе признае дека насекаде се распрашувала, дури и во локалниот гранап, дали некој ќе сака да го убие нејзиниот сопруг. На крај се пријавил пица мајсторот…

Судењето на Патриција ќе почне во 1998 година, се појавиле многу конфликтни приказни, но на крајот, Лејди Гучи која секој ден на судење доаѓаше облечена во Гучи од глава до петици, беше осудена на 29 години. Ќе отслужи многу помалку и во 2014 веќе е на слобода. Судот пресуди дека таа сè уште има право на онаа годишна сума од имотот на нејзиниот убиен поранешен сопруг и ретроактивно ѝ додели околу 18 милиони евра.

Сега таа има 72 години, го дели својот дом со својот папагал и кучето и, зачудувачки тврди дека човекот што наредила да биде убиен е „нејзината единствена вистинска љубов“. Се верува дека ќерките Алесандра (44) и Алегра (40) живеат во Швајцарија и дека немаат контакт со Патриција.

Во моментов Партиција е многу лута затоа што Лејди Гага не ја исконтактирала пред снимањето на филмот, за да се подготви го градењето на ликот…

Кога Патриција беше прогласена за виновна како нарачател на нејзиниот сопруг, се вели дека дека продавниците на Гучи низ Италија, симболично обесиле сребрени лисици на своите излози.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • 1 досие

    Zara го повикува топлото време со јаки бои и впечатливи шари

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics