• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Дизајнерите за Trash Fashion: Драган Христов од пластична кеса прави декоративна шапка

Од Катерина Трајановска · На мај 20, 2015

Dragan-Hristov-Ludus

Еден од дизајнерите што прифати да направи шапка за проектот „Дизајнерите за Trash Fashion Macedonia“ е Драган Христов од брендот „Лудус“, кој создаде креација која изгледа различно од сите страни, а е направена од неопрен и пластична кеса. Тој смета дека иднината на модата е во рециклираните органски материјали и подигање на свеста на конзументите да бидат внимателни и совесни. Дизајнот на „Лудус“, заедно со креациите на Јована Филиповиќ, Ирина Тошева и на Биби Клекачкоска, ќе бидат претставени вечер на изложба во кафулето „Цреша“.

-Самиот настан носи со себе свои правила за дизајнерите, па од нас беше побарано да се направи дизајн на шапка од материјал што претставува отпад. Така, мојата шапка е изработена од бела ќеса за ѓубре, a конструкцијта е посложена и за нејзина изработкa ми требаше подолго време. Сакав да постигнам современ изглед на шапка што упатува на театарски или филмски реквизит. Сакав шапката да има комплетно различни изгледи од различни агли и при движење да дојде до израз горната декоративна текстура – вели Драган за својот дизајн.

ludus trash fashion (2)

Дизајнот на Драган Христов во фаза на скица

Како и останатите колеги од проектот, дизајнерот користи веќе употребуван материјал, па ни откри дека покрај конструкцијата што е изработена од контрастен црн неопрен, самата шапка е декоративно дополнета, односно е обложена со текстура од преработена бела пластична кеса.

-Сметам дека обраќајќи се на поширока публика на овој настан соодветна е употребата на кесата, што непосредно и ефикасно ќе ја искомуницира пораката за повторна употреба и рециклирање на матeријалите што завршуваат во отпад – откри дизајнерот.

Со Драган зборувавме и за концептот за самоодржива мода и зошто е важно да се реискористуваат стари материјали и да се поттикнува индустријата на еколошки пристап.

-Модната индустрија денес достигнува критична точка од која се бара излез на сите страни. Таканаречената ‘брза мода’ чијшто неетички пристап на динамично и забрзано производство во време на хиперкапитализам e сериозно загрозена од еко модата. Иднината е во рециклираните органски материјали и внимателните и совесни конзументи. Се надевам дека трендовите за еколошка и самоодржливата мода ќе преовладат и ќе ја доминираат модната индустрија. Сметам дека секој потрошувач заслужува точна информација за потеклото и начинот на производство на производот што го купува. Во светот агресивно расте трендот на совесни потрошуваши на еко мода – вели Драган.

ludus trash fashion (1)

Дизајнот почнува да добива облик… Крајниот резултат ќе имате можност да го видите вечер на изложба во 20 часот во „Цреша“ 

Покрај нештата што самата индустрија треба да превземе во однос на еколошкиот принцип, во одредена мера може самите да допринесеме преку употреба на стари парчиња облека стилизираме на современ начин и намалување на степенот на конзумеризам.

-Вистинските дизајнерски парчиња се вонвременски и доколку ги најдеме во плакарот на нашите родители секако дека е огромно задоволството да се измешаат со нови современи парчиња во склад со сопствениот стил и моментно чувство – смета Христов кој неодамна ја промовира новата колекција „Орландо“ и го организира пролетниот  Super Design Pop Up Store. Тој заедно со својот тим започнува со подготовки на уште еден настан кај нас, учество на еден настан во Софија, Бугарија на крајот на месецов и со изработката на интернет продавница за брендот.

Trash Fashion Macedonia 2015Дизајнерите за Trash Fashion Macedonia 2015Драган ХристовДраган Христов – ЛудусЛудусмакедонски дизајнерирециклиран материјалшапка
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics