• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
трендови 0

Џентлмен со џемпер под палтото

Од stylist @StylistMKD · На јануари 15, 2014


Удобност, едноставност и практичност, се трите нешта што ќе ви ги каже речиси секој маж доколку го прашате што бара во модата. Размислувањата се делат на половина кога ќе почнат да набројуваат како ги комбинираат моделите. Едни се класични и се придржуваат до традиционалните споеви на парчиња, а други, чиј број сè повеќе се зголемува, прават похрабри миксови. Втората група на мажи осознале дека ново не значи и неудобро, непрактично и сложено. Комбинацијата на џемпер со различни видови на плата е еден од најуспешните обиди да се спојат кежуал со бизнис-изгледот. Ова не е само стилски полн погодок, туку и многу практичен начин истовремено да бидете подготвени за деловен состанок, и за незадолжително дружење со пријателите.

Многумина имаат дилема при изборот на палтото во ваквата комбинација. Нема да згрешите ако се одлучите за потемен или подебел модел, од твид, кадифе, волна, филц,  или некој покрут штоф. Во опција се сите есенски и зимски нијасни: сива, кафена, црна, темноцрвена, темнозелена, темносина… Избегнувајте ги пастелните бои и летните модели, кои нема да изгледаат убаво врз џемперите. Но затоа пак нежнорозовите, сини, портокалови и жолти плетени блузи, пуловери и џемпери се во игра. Оваа по малку ретро-комбинација е омилена на блогерите и веќе долго време се применува во уличната мода.

На машките модни недели во Лондон и во Милано, деновиве, модните куќи како „Фенди“ и „Мисони“ дадоа свои видувања за комбинирањето на палто (блејзер) со џемпер. Во колекциите има и шарените џемпери, модели со копчиња и со патенти.  Под нив може да носите еднобојна маица или кошула, во зависност од пригодата. Тие може да на ѕиркаат под џемперот, а со тоа и да му дадат нов имиџ на целосниот стајлинг. Не плашете се на оваа повеќеслојна приказна ѝ додадете и кравата или пеперутка.

Оваа комбинација е попрактична за во есенските и пролетните денови,комбинирана со шал и капа, но може со соодветна широка јакна или капут да се носи и во зимските денови. Една од најтоплите и удобни комбинации за мажите што се во движење дел ден. Некои наместо џемпер може под палтото да облечат и потенок блузон или памучна блуза со долги ракави. Симпатичен е спојот со фармерки, но поеднакви добро стои со класични панталони. (A.Н.)

џемпериџентлменблејзеримашка модаМашка модна недела во ЛондонМашка модна недела во Миланопалтатвидурбан стил
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1leopard трендови

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

  • off shoulder трендови

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

  • 1 трендови

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics