• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

Миа Костова во едиторијал на Ивана Кнез за колекцијата „Лили“

Од stylist @StylistMKD · На октомври 13, 2014

10719380_10204062595277934_1403808885_n

Модната дизајнерка Ивана Кнез постојано лансира нови парчиња накит и скоро редовно пласира и професинални фотосесии кои ги илустрираат нејзините креации, така е и со последниот мини проект за колекцијата „Лили“ потпишана од нејзиниот бренд „Драма“. Големи парчиња ѓердани во кои се вметнати бои, бисерни топчиња и реси  се главниот фокус на „Лили“, колекција на „Драма“ инспирирана од една друга драма, „Галеб“ од Антон Чехов.

-„Галеб“ е последниот проект на кој соработував со Билјана Радиноска, режисерка која што ја почитувам и често знае да ме инспирира од костимот да поминам во колекција. Изработена е од рециклирана кожа и пердуви, кристали и камења. Тежнее кон длабочина на перспективни емоционални искуства и искрени животни приказни – изјави Кнез на почетната инспирација на колекцијата за која подготви мини едиторијал.

10723311_10204062595037928_2016441383_n

 

ДРАМА/ Модел: Миа Костова/ Фото: Жарко Чулиќ/ Визажист: Даниел Николовски/ Локација: „Драма Студио“, Скопје/ Посебна благодарност до „Кашмир Кафе“

Главен лик на новата фотосесија е водителката Миа Костова која изгледа впечатливо и со доза на сексапил.

-Неверојатната креативност на Ивана, преку објективот на Чуќиќ и мајсторијата на Даниел за мене беа најлесните два часа поминати на сет. Уживав во секој момент како што уживам и во новата колекција на „Драма“. Драма е да се работи со оваа екипа – вели Миа.

Фотографот Жарко Чулиќ во изминативе години сними повеќе импресивни фотосесии со Кнез, а нивната соработка донесе уште една мала серија на имиџи со необичните модни додатоци на дизајнерката. Двајцата автори совршено се разбираат кога треба да се сработи нов едиторијал.

-Соработките со Ивана ми се омилени. Секогаш сме тим кој победува, делиме многу заеднички идеи кои секогаш се успешна реализација. Од друга страна соработката со Миа и Даниел како професионалци направи овој мини проект да изгледа повеќе од одлично – вели тој.

10723504_10204062595117930_1807791670_n

-Миа е прекрасна жена и огромен професионалец исто како и преостанатите членови на екипата. Прекрасно и ретко е искуството кога еден  едиторијал се одвива без проблеми, кога не се потребни многу зборови и екипата соработува беспрекорно, иако е ова официјално првпат да соработуваме ние четворицата. Даниел е наш етаблиран визажист со кого ми претставува огромна чест да соработувам на проект од овој стип, а со Жарко мислам дека веќе се подразбира, имајќи во предвид дека следната година „Драма“ и Чулиќ полнат пет години на заедничка соработка и воедно постоење на двата бренда – ни изјави Ивана.

Како што откри Ивана шмината на едиторијалот ја изработи Даниел Николовски.

-Со оглед на тоа што креативноста е нешто со кое се раѓаме и го носиме во себе и не можебе да го надоградуваме за разлика од трудот кој постојано мора да се надоградува, задоволството е комплетно на моја страна да соработувам со еден од најкреативните уметници како Ивана Кнез и тимот на „Драма“ – вели Даниел.

Интересно е дека додека се подготвуваше фотосесијата модната публика ги откри новите креации и таа е скоро распродадена, а последните парчиња може да се погледнат во студиото „Драма“. (К.Т.)

10726269_10204062593517890_1017029839_n

Даниел НиколовскиДрамаесен 2014Жарко ЧулиќИвана Кнезмакедонски дизајнериМиа Костовамоден едиторијал
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1stefanija едиторијал

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

  • angie m (13) едиторијал

    OCEAN MYSTIQUE на Angie M. – колекција на костими за капење и облека за на плажа со која стилски ќе нурнете под океанот

  • 0 едиторијал

    LIMELIGHT на Мите Занов – колекција што ја слави експресивноста, имагинацијата, слободата и индивидуалноста

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics