• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
музика 0

Филип Димишковски доби признание од „Катар ервејс“ за најдобар млад џез-музичар

Од stylist @StylistMKD · На октомври 17, 2018

Filip Dimishkovski

Клавијатуристот Филип Димишковски беше прогласен за најдобар млад џез-музичар во земјава и му беше врачено признанието Golden Oryx кое го доделува „Катар ервејс“ за достигнувања на полето на културата. Авиокомпанијата е поддржувач на Скопскиот џез-фестивал во чии рамки се одржа и врачувањето на наградата. Ова е втор пат како се доделува признанието, а минатата годинаотиде во рацете на Виктор Филиповски кој е познат како тапанар на многу џез-состави во земјава.

Комерцијалниот директор на „Катар ервејс“, Алтај Шабан му ја врачи наградата на Филип Димишковски.

- Наша компаниска практика е да мотивираме локални иницијативи и уметници. Се надеваме дека признаниетоќе биде мотивација за Димишковски да продолжи храбро да чекори по својот музички пат, а воедно ќе биде поттик за нови, млади музичари и за уште поголем развој на македонската џез сцена – изјави Алтај Шабан кој вчера му ја додели наградата на младиот музичар на настан во кафе-барот „Винил“.

Altaj Shaban od Qatar Airways i Filip Dimishkovski

Димишковски на 12 години почнува да учи пијано, а веќе на 18 настапува со реномирaни домашни џез музичари како Тони Китановски, Александар Икономов и други. „Гоце Стефковски септет“, „Некст ту сајленс“, Феми Кути, Сара Мејс, „Конкеринг Лајон“ и „Љубојна“ се само дел од најзначајните бендови и музичари со кои има соработувано. Вотек на кариерата има свирено повеќе концерти низ Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и во други земји на Балканот. Се има појавено на фестивали меѓу кои и Сараевоџез фестивал, Скопскиџез фестивал, Банско џез фестивал и Д Фестивал. Како изведувач свирел на неколку албуми меѓу кои „Радио Љубојна“ на„Љубојна“, Reflections на „Џоле Грујовски квартет“,„Floating Through Space With Sarah Mace“и „Re:vision” на„Фин проџект“.

- Навистина ми е драго што ми е доделена оваа награда, како признание за целиот труд што до сега го имам вложено во музиката. Им благодарам на „Катар eрвејс“  и на Скопје џез фестивал за довербата и поддршката. Имам многу музички планови: авторски проекти, албуми, концерти што планирам да ги остварам во наредниов период и искрено се радувам во исчекување на моментот кога мојата музика ќе можам да ви ја презентирам на слушателите – истакна Филип Димишковски.

Dodeluvanje na nagradata Golden oryx

Скопскиот џез фестивал годинава се одржува од 18 до 21 октомври и ќе настапат светски ѕвезди меѓу кои и некогашниот фронтмен на култниот бенд „Соник јут“, Турстон Мур; данската саксофонистка Мете Расмусен; уникатниот многуброен женски вокален состав „Трондхејм војсис“; специјалното трио на португалската трубачка ѕвезда Сузана Сантош Силва со извонредниот холандски саксофонист, кларинетист и композитор Аб Баарс и со чикашката легенда Хамид Дрејк и многу други.

„Катар ервејс“ истата година кога ја отвори своја канцеларија во земјава стана и еден од главните поддржувачи на Скопскиот џез фестивал, а дополнително им овозможи на македонските патници да летаат на 150 дестинации што се дел од глобалната мрежа на авиокомпанијата преку нејзиниот центар во Доха, на меѓународниот аеродром „Хамад”.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • pmg музика

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

  • milko музика

    Инди-рок бендот „Милко“ се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник”

  • ptd 5th anniversary музика

    „ПМГ Танц Дигитал“ одбележува 5 години постоење

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics