• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фит-форма 0

Фитнес дрескод за успешно и удобно вежбање

Од stylist @StylistMKD · На јануари 20, 2023

Вежбањето денес стана неизбежен дел од секојдневниот животен ритам на многумина. Ваквата специфична активност се разбира условува посебен изглед, однесување и употреба на специјлна фитнес облека. Следниве неколку совети може би можеле да ви помогнат да се избегнат можните непожелни ситуации, а со тоа да ви го направат вежбањето и фитнесот многу попријатно.

neonworkoutclothes

Избегнувајте памучна облека

Иако на прва памукот се гледа како совршена опција за теретана, тој е всушност најголемиот непријател. Памукот е удобен и пријатен, но тој исто така ја апсорбира влагата и му треба време да се исуши, односно потта ќе ја навлажни облеката, а тоа значи дека таа ќе се залепи за телото. Настрана од тоа што тоа онерасположува, туку влажната памучна облека исто така може да предизвика настинка и иритации. Затоа, бирајте специјална спортска облека.

9482c2f83c00d363_Untitled-3.xxxlarge

Спортски градник

Многу од жените мислат дека вежбањето со обичен градник е во ред, меѓутоа не само што може да е неверојатно непријатно (дури и болно) обичниот градник не ја обезбедува поддршката која е неопходна во текот на вежбањето. Соодветниот функционален спортски градник е  апсолутн неопходен затоа што ги заштитува лигаментите и ткивата во градниот кош од  прекумерното растегнување или стрес.

Вежбајте без накит

Накитот не само што не е неопходен во салата за вежбање, туку е и потенцијално небезбеден. Многу лесно може да се случи да се заглави прстен, обетка или бразлетна на некоја од справите за вежбање или сопствената облека и тоа може да резултира со  непријатна случка. Исто така накитот би можел да биде оштетен, па затоа е подобро да се остави дома.

dsc_3869ws

Со или без шминка!? 

Прекумерното количество на шминка во теретана е луда идеја затоа што на крајот тоа резултира со непријатен, размачкан изглед на лицето предизвикан од потењето. Можеби малку подлога е неопходно, како и балзам на усните, но во никој случај не нанесувајте маскара, сенка на очите или кармин.

Victoria-Secret-VSX-Sport-VS-knockout-crop-pants-60-63

Без лосиони 

Јасно е дека никој не сака сува кожа, но пожелно е да не се употребуваат лосион или млеко за тело пред вежбање затоа што шансите се големи додека вежбате и се потите дел од лосионот да остане на машините или теговите. А тоа е мошне непријатно за оној кој доаѓа следен.

Вежбање само со соодветни обувки

Патиките „Конверс“ можеби изгледаат извонредно, но тие навистина не се пригодни за теретана. Тие пред сè не го поддржуваат стапалото како што треба. Обувките кои не се наменети за вежбање обично немаат каква било поддршка, затоа не овозможуваат правилно усогласување за време на вежбањето. Ова може да предизвика долгорочно оштетување на стапалата и колената, па затоа е мудро да се инвестира во соодветен пар на патики.

облека за вежбањепатикиспортски градникфитнес
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • pilates фит-форма

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

  • PR Objava HalkEco Skopje Run 2023_1a фит-форма

    Уште 2 дена до завршување на пријавувањето за ХалкЕко Скопје трча 10км

  • hiit trening (1) фит-форма

    Предлог за енергичен десетминутен тренинг во домашни услови

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics