• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Андреј Папаз Ѓоргиевски @FWSK: „Враќање на антихеројот”- чекорење спроти модната толпа

Од Ана Несторовска · На октомври 25, 2016

papaz-5

Црвениот килим на престижниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ изминатите години е побогат со неговите гламурозни креации. Работеше на евровизискиот изглед на Влатко Лозаноски во 2013 година, на стајлинзите на учесниците на Македонски идол, на костимографијата на наградувани театарски престави како „Кралски игри“ и „Жени без мажи и ништо повеќе“, и на популарното детско ТВ-шоу „5+ Фамилија“. По шест години плодна дизајнерска работа, младиот кретор од Битола Андреј Папаз Ѓоргиевски на 30 октомври ќе ја одржи својата деби-ревија на 14-тото издание на Моден викенд-Скопје. Во „Скопје Мериот Хотел“ со почеток во 20 часот ќе ја претстави својата нова колекција „Враќање на антихеројот”.

-На мое огромно задоволство оваа година Модниот викенд Скопје се одржува во прекрасниот „Скопје Мериот Хотел“, кој ќе ја заокружи целокупната замисла и впечаток на посетителите кои ќе дојдат да ја гледаат ревијата.Тимот на FWSK, неколебливо се покажаа како беспрекорни професионалци во својата работа, па можам да кажам дека заедно вредно работиме на мојата замисла за тоа се како треба да изгледа и да се организира. Активно работам на атмосферата, бидејќи тоа е исто така важна компонента, а бидејќи сум вљубеник во театарот, може да се очекува впечатливо модно шоу. Како новитет е специјално изработената музика која ќе ги придружува манекенките, а за тоа е заслужен е етаблираниот музичар Димитар Андоновски. Овој проект немаше да се одржи без поддршката на Министерството за култура на Република Македонија и Securicom, а за високиот квалитет на се она што се вика рекламен материјал се погрижија Pixel print – вели Папаз, кој е дипломец на катедрата по моден дизајн на Универзитетот ФОН.

papaz-8

Андреј Папаз Ѓоргиевски на 30 октомври ќе ја одржи својата деби-ревија на 14-тото издание на Моден викенд -Скопје

>>Кој е „антихеројот “ во твојата приказна? Каква е  инспирацијата зад колекцијата?          

-За себе можам да кажам дека сум дизајнер кој далеку од тоа да црпам инспирација од секојдневието и клиентите, штета е ако оваа професија се сфати до тој почетен степен. Модниот дизајн е уметност, треба сериозно да се работи. Најчесто црпам инспирација од книжевни ликови што е случај и со оваа колекција. „Враќање на антохеројот“ е за секоја несовршена личност која се спротиставува на толпата. Колекцијата се занимава со внатрешниот човеков изглед, кој го трансформира и бескомпромисно го прикажува онаков каков што е, храбар, незапирлив, неуништлив. Пред сè бев испровоциран од нетипичниот пристап на инспирирање. Како појдовен лик го земав ликот на Медеја, од чиј карактер се материјализира цела колекција.  Женствената силуета сугерира на повеќе варијации на драпеа и елегантнo модерни кроеви. Да се освои толпата и да се продолжи заедно со неа е херојство, но храбро да ѝсе заврти грбот и без двоумење да се продолжи, е мисија на реткиот антихерој.

>>Препознатлив си по гламузорните раскошни женствени креации. Дали во тој стил ќе бидат новите креаци?

-Се сметам како дизајнер кој успешно ги одбегнува трендовските дизајнирања со краток рок на траење. Сепак сум млад и се очекува да бидам креативен. Факт е дека се е веќе измислено, но сепак сметам дека задачата на уметникот е да ја икористи својата моќ да воспостави комуникација со широката маса луѓе преку она што го создава, па ако тоа е искрено и оригинално, ќе биде препознаено и вреднато. Сметам дека создадов колекција која целосно го отсликува мојот стил, спој на драматичност и авангарда. Колекцијата се состои од дванаесет модели, а богатата палета од квалитетни материјали обоени во беж нијанси, па сè до потемни кафеави и црни тонови, прави да секое парче облека биде стилизирано и обогатено со раскошни текстури . Изгледот ќе го надополнат и креативно искомбинирани детали кои даваат силен карактер на моделите.

papaz-2

Актерката Маја Андоновска Илиевски во дизајн од Папаз‎

>>Важиш за еден од најбараните креатори за на црвен килим од Битола. Во твои креации познати дами од градот на конзулите редовно се појавуваат на театарски премиери и на фестивалот „Браќа Манаки“. Но ова е твое деби со колекција на Моден викенд-Скопје. Како почна твојата приказна со модниот дизајн? Како настана „Papaz“?

-Гламурозните креации станаа еден мој печат. Првата соработка за креација наменета за црвен килим ја остварив со новинарката Неда Маретиќ, на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, уште пред четири години, па од тогаш раскошните креации постојано се дел од разни премиери и големи настани, на мое огромно задоволство. Цела моја приказна околу модниот дизајн започна со самото мое запишување на студии по моден дизајн, соработувајќи со естрадни личности, работејќи на разни едиторијали за месечни и неделни магазини. Како прв сериозен проект на кој сум  работел е „Македонски идол”, каде заедно со своите колеги ги подготвував стајлинзите на изведувачите, а потоа се случува и евровизискиот проект во 2013 година, каде заедно со мојата колешка Викторија Арсовска го креиравме костимот на Влатко Лозаноски. Кариерата ми  продолжи со голем број на костимографии за претстави ширум македоснките театри, а и костимографии за телевизиски серии. Така што за шест години активна кариера нескромно можам да кажам дека имам богато портфолио.

>>Гледано наназад, кои ти се најважните и најдраги досегашни професионални ангажмани, образование и искуство со модата и дизајнот?

-Горд сум на Евровизискиот костим, со што се вброив меѓу најмладите дизајнери кои работеле на еден ваков значаен проект. Драги ми се и многу костимографии за театарски претстави, како што е костимографијата за „Кралски игри“, која е наградена за најдобро целосно уметничко остварување на овогодинешниот фестивал „Војдан Чернодрински“. Неизмерно сум среќен и на секој проект остварен во „Интимен театар“ каде ја изразувам цела своја креативност, па така се случија успешните костими за „Транферату“, а и првонаградената претстава „Жени без мажи и ништо повеќе“, на фестивалот „Експонто“. Драги ми се и телевизиските проекти, имено костимографиите за 5+ Фамилија, кој е сериозен детски бренд, а работење за најмладите е одговорна задача.

papaz-6

Папаз: „Мојата интуиција не ме лаже, така следствено на тоа создавам пред сè за себеси во корист на клиентелата и публиката“

>>Кои ти се најчести клиенти и  со кои јавни личности досега си соработувал?

-Секој клиент е различен и носи уникатен квалитет. Сето она што сум го создал до сега, биле креации со кои пред се сум инсистирал јас да бидам задоволен. Тоа е еден затворен круг, кој започнува од мене, па стигнува до клиентот или гледачот и повторно се враќа кај мене во вид на впечаток. Мојата интуиција не ме лаже, така следствено на тоа создавам пред сè за себеси во корист на клиентелата и публиката. Реалната слика во нашата земја е една модна неосвестеност, закривени критериуми, трендовски фрактури, така што одговорноста е поголема за креациите да стигнат до вистинската клиентела, која пред сè има стил на живеење а потоа и стил на облекување. Имам остварено соработки со значајни личности од јавниот живот, но сетам дека моменталната ситуација на естрадата е на незавидно ниво, па соработките не ја завземаат вистинската форма.

>>Talent is the new sexy e темата на претстојното издание на Моден викенд. Колку со твојата колекција се надополнуваш на оваа тема? Како ти би го објаснил ова мото?

-Можам да кажам дека овогодинешната тема на некој начин се совпаѓа со идејата што ја носи мојата колекција, а и со мене како професионалец. Во целиот овој хаос, каде поважни се сè повеќе споредни работи, како што е краткорочното привлекување внимание на социјалните мрежи или злоупотребување на професијата само да се  создаде слика на некој лажен престиж, некако како да се подзаборави дека талентот е тој почетен импулс, кој треба да се негува и да се развива. Талентот примарен квалитет, значаен и единствен код на секој дизајнер, време е тоа да истакне и да се вредне на вистински начин.

papaz-4

Работеше на костимите за претставата „Жени без мажи и ништо повеќе“

>> Каде ќе бидат изложени креациите по ревијата и како  ќе може да се набават?

-Колекцијата ќе биде достапна во неколку атељеа на мои колеги, исто така ќе може да се разгледа на мојата официјална веб страна, како и фан страната на фејсбук. Успешноста на колекцијата се вреднува и со нејзиното распродавање, така што очекувам етикетата „Papaz“ да стане дел од плакарот на многу девојки и жени.

>>Во јавноста си препознатлив по својот бренд „Papaz“.Какви ти се плановите за развој на истиот во догледно време?

Посветената работа е мојот единствен план. Имам активна година на професионално поле, каде проектите се нижат еден по друг. Ме радуваат најавите за соработки и за идната година, така што можам да најавам успешни костимографии и гламурозни креации во иднина.

papaz-7

Ѓоргиевски: „Да се освои толпата и да се продолжи заедно со неа е херојство, но храбро да ѝ се заврти грбот и без двоумење да се продолжи, е мисија на реткиот антихерој“

papaz-3

Папаз работеше на костимографијата за „Кралски игри“, која е наградена за најдобро целосно уметничко остварување на овогодинешниот фестивал „Војдан Чернодрински“

Андреј Папаз ЃоргиевскиантихеројМоден викенд Скопје (FWSK)ПапазСкопје Мериот Хотел
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics