• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

HARD TO EXPLAIN @FWSK: Поетично-авангардно раскажување за градот Скопје

Од Катерина Трајановска · На март 27, 2014

1

Прв поглед на новата колекција „Раскажувачот“ (Фото: FWSK)

Девојките од дизајнерскиот тим Hard to Explain, Катерина Попева и Марија Дацевска, ја привршуваат колекцијата со работен наслов „Раскажувачот“ со која на 2 април ќе го отворат овосезонското издание на Моден викенд-Скопје. Моделите од новата колекција се наменети за пролет-лето 2014, но според авторките тие ќе може да се трансформираат и со додавање и одземање на детали ќе може да се приспособат за претстојни сезони.

Катерина и Марија инспирацијата за оваа колекција ја црпат од бајките и од мислата „Бајките постојат да бидат напишани во боја. Оваа, ќе ви ја раскажам онака како што ја запомнив, не како што навистина се случи…“. Преку текстот на раскажувачот, кој ќе нè води низ целата модната ревија/перформанс, а кој локациски е сместен на калдрмата во Скопска чаршија точно пред ателејто на Hard To Explain, ќе имаме можност да ги погледнеме новите авангардни креации на дизајнерките.

3

 Ателјето Hard To Explain и претходно се има претставено на Моден викенд-Скопје

-Ателјето за цел си постави парчињата кои ќе бидат претставени на оваа ревија да бидат безсезонски, односно за употреба низ целата година. Она по кое ќе биде запаметена оваа ревија и она што ќе предничи во неа, секако сè уметничкиот авангарден пристап на ова модно атеље кое веќе се наметна во модниот круг со својот препознатлив поетично авангарден стил, но овој пат сета таа приказна ќе биде раскажана на еден поинаков бајковит начин во кој ќе биде задржана поетичноста и уметноста, кои дополнително ќе и’ дадат свежина на целата ревија, односно перфомансот, а секако ќе биде и новитет во авангардниот пристап на модното ателје Hard Tо Explain – ни објаснија дизајнерките.

Оваа година се одлучија за поинаков пристап, да ја поврзат модата со уметноста и затоа сите креации се поскулптурални, има многу рачна изработка и на секое парче е посветено време и енергија како за уметничко дело. Но сепак, според нив креациите се носливи. Боите се пастелни и по смирени, најмногу се употребени тонови на сивата боја, користат свила, памук, кожа и природни материјали, потоа хеклана жица за која велат дека е многу интересна за работа, како и други експериментални материјали кои се обиделе да ги направат носливи. Колекцијата тие ја наменија за храбри и смели жени со веќе формиран и изграден стил.

2

Детали од новата колекција

-Во принцип не следиме светски модни трендови, секако може да се провее по некоја нота на некаков тренд, но секогаш како дизајнери и уметници се обидуваме сами да го наметнеме трендот кој мислиме дека ќе биде актуелен за претстојната сезона.

Со новата колекција Hard To Explain всушност ќе го отворат претстојното издание на FWSK, а средба на закажуваат на 2 април пред своето ателје во Старата Чаршија. Токму на улицата пред ателјето, околу бандерата „исплетена“ со разнобојни конци (која стана заштитен знак за нивната продавница), ќе се случи малку неконвенционално претставена ревија.

1966709_662514570473990_1799832512_n

Од минатогодишната колекција

-Главната цел на оваа ревија/колекција е низ перформанс да се раскаже една посебна приказна за градот Скопје, кој погледнат од очите на авторите на колекцијата е сместен на калдрмата во чаршијата и живее една своја посебна бајка.За ревијата ќе биде подготвена и сценографија во духот на инспирацијата. Ќе се свири на инструмент и во позадина ќе има матрица. Со поинаков пристап сакаме да ја доближиме уметноста и да ја поткренеме модната свест во државата. Со оваа презентација сакаме да прикажеме дека Модниот викенд не е настан на кој е задолжително присуството за да „бидеме видени и фотографирани“, туку е културна манифестација на која посетителите треба да бидат доволно  инспирирани за да размислуваат за модата и уметноста на еден поинаков начин – ни објаснија девојките од Hard To Explain.

Колекцијата потоа ќе биде изложена во ателјето Hard to Explain (кое се наоѓа во Старата чаршија, спроти барот New Orleans). Катерина и Марија веќе размислуваат за неколку проекти кои сакаат да се реализираат во нашата држава, а кон крајот на 2014 година планираат нешто и надвор од овие граници.

FWSKHard to explainкампања пролет-лето 2014Катерина Попевамакедонски дизајнериМарија ДацевскаМоден викенд-Скопјепролет-лето 2014
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics