• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Марина Зоксимовска („Клауд дизајн“): Шарени патики исцртани со уникатни приказни

Од Ана Несторовска · На јули 15, 2016

marina001

Капетан Америка, „Војна на ѕвездите“, велосипеди, архитектура, флорални детали, разни симетрични и асиметрични шари се само дел од дизајните на платнените патики и епадрили што младата креативка Марина Зоксимовска ги создава под својот бренд „Клауд дизајн“. Шарените патичиња наменети за двата пола можеа да се погледнат и набават на изминатите неколку изданија на традиционалниот „Љубовен базар“ во кафе-барот „Љубов“. За кратко време станаа доста популарни, па често може да налетате на фотографија со нејзин дизајн на Инстаграм и на Фејсбук. Честата неуспешна потрага по уникатни патики низ нашите продавници ја натерало Зоксимовска самата да почне да создава модели што ќе ѝ одговараат.

- Секое мое купување на патики е кошмар, моделите и дизајните кои ги сакам не можам да ги најдам во нашите продавници, па почнав да нарачувам од надвор . Уникатнста ми е многу битна, обично тоа што го носам, не сакам да го видам на некој друг, така се роди и идејата за шарените патичиња.   Откако изложував рачно цртани торби на „Љубовниот базар“  решив да дизајнирам и патики, да видам како ќе помине. На мое изненадување интересот и прифатеноста се огромни-ја почнува Марина својата приказна.

klaud dizajn02

Моментално работи само на боењето и украсувањето на моделите. Омилена техника ѝ е акварелната, вели таму има голема слобода за шаренила и правење магија. Дизајните се претежно нејзини, но има и такви по желба на купувачот.

- Приказни има многу. Засега, омилени ми се патичињата со Капетан Америка и со Star Wars кои се изработени по желба на клиентите…Насмевката и радоста на сопствениците не се опишува со зборови :). Инспирација добивам од секојдневието кое ме опкружува и од моменталното расположение. Сугестии секако дека има и истите ги прифаќам ако гледам дека има простор на самиот модел за такво нешто. Профилот на луѓе кои сакаат уникатни патичиња е буквално секаков, од  мали дечиња до возрасни клиенти, што мене искрено многу ме радува и прави среќна бидејќи секој сака да има уникатно патиче само за себе-вели таа.

klaud dizajn01

После првото изложување на патичињата го основала брендот „Клауд дизајн“. Името доаѓа од мотивот (облачиња) на еден од моделите на патики…Приказната зад истите вели дека е многу лична.

- Имам големи многу планови за развој на „Клауд дизајн“. Ќе има нови патичиња. Читателите нека очекуваат уште многу уникатност и шаренила на истите. Се крчка и соработка со еден од нашите најфраерски дизајнери на маички (не откривам сè уште за што станува збор). Засега ќе се задржам до креирањето на патичиња, тоа ме исполнува и радува, за понатаму не се знае, може да има и нешто друго, не велам не :).
Моментално шарените патики може да се купат на „Љубовниот базар“ и на Фејсбук страната „Клауд Дизајн“. Таму има поголем дел од моделите кои досега ги има изработено.

klaud dizajn03

Марина одамна негува афинитет кон модата и додатоците. А се има школувано и во таа насока.

-Интересот се разви уште додека бев во средно училиште, завршив во уметничкото училиште во Скопје – отсек моден дизајн, па од таму и нтересираност за модата и модните додатоци. Имам посетувано курсеви и работилници на кои нè учеа на стари занаети, како плетење, везење, ткаење, но тоа што сега го правам е сосема поразлично. Работењето во една од нашите модни куќи имаше и влијание на тоа што сега го правам. Во врска со ангажманите, ќе издвојам неколку : првата соработка беше со една продавница за рачно изработена обека, таму имав дел во кој имаше мои рачно исцртани  марами, изработени од свила. Од таму се разви и идејата да пробам на цртам и на други платформи, како на маички, исцртување уникатни фустани итн-вели таа на крајот.

klaud dizajn04

Star WarsКапетан АмерикаКлауд дизајнМарина Зоксимовскапатикирачно цртани патикицртани патикишарени патики
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics