• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 1

Силвија Михајловска @FWSK: Современо модно патување во Африка со „Алшар“

Од Ана Несторовска · На март 27, 2017

alshar2
Инспирирана од ликот на Карен од култниот филм „Моја Африка“ (Out of Africa), дизајнерката Силвија Михајловска, која стои зад брендот „Алшар“, ја создаде новата колекција за пролет-лето 2017. Линијата  премиерно ќе биде претставена со ревија на 31 март (петок) во рамки на 15-тото издание на Моден викенд – Скопје.
-Во колекцијата провејува духот на колонијална Африка и претставува современо видување на креациите што ги носи Карен-ликот што го толкува Мерил Стрип во филмот на Сидни Полак од 1985 година.  Карен е голем индивидуалист и истовремено силна и принципиелна личност-вели Михајловска.

*Кога ќе се спомене Африка, прва модна асоцијација е сафари изглед со кремасти модели од лен. Какви и колку парчиња, бои и материјали ќе домининираат во твоето дизајнерско видување на Африка?

-Ова е ready to wear колекција за пролет-лето 2017 која содржи 29 изгледи – креации кои се уникатни и понатаму нема да бидат мултиплицирани. Изработени се од лен, памучен пуплин,памучен кепер, еко кожа, во типични сафари бои- крем , бела, маслинеста, “зачинета“ со металик нијанси на сребрена и бакарна, црна и интензивна жолта.

 

Out of Africa

Филмот „Моја Африка“ („Out of Africa“), со Мерил Стрип и Роберт Редфорд во главните улоги, е инспирација за новата колекција на „Алшар“

*Препознатлива си по женствените фустани, кои се баланс меѓу класичните кроеви , модерните форми и авангардата. Во каков стил ќе бидат новите креации и која ќе биде новината кај оваа колекција, по што ќе се разликува од останатите?

- (Класичните) Женствени фустани се дел од комерцијалните колекции кои се изработуваат постојано за редовна продажба во ателјето. Во изминативе години правам и посебни дизајнерски колекции кои се поавангардни и многу поблиски до моето лично чувство за мода и дизајн и на мое огромно задоволство се одилчно прифатени од моите клиенти.  Out of Africa  содржи креации со нагласени  геометриски и архитектонски форми, со изразен волумен. Силуетата е женствена, но разиграна со асиметрични форми, а сите парчиња имаат и многу метални делови (копчиња) и големи џебови карактеристични за сафари стилот – микс на нежно и грубо .

*Како би ја дефинирала жената што носи креации од „Алшар“ и за каки личности е наменета новата линија?

-Сакам луѓе кои не живеат по општо прифатени општествени правила туку го тераат сопствениот филм. Неконвенционални, оригинални, бунтовни и свои- таква е и мојата Карен, уникатна и самоуверена.

 

alshar1

Скица од новата линија за пролет-лето 2017

*Меѓу  две сезони неуморно создаваш нови модели. Кои ангажмани, модели и претставувања  го одбележаа периодот меѓу ланското и ова учество на Моден викенд?

-Колкава е тежината континуирано да се создаваат нови колекции јасно се гледа и од состојбите во светската модна индустрија, која трпи огромни промени поради неверојатниот притисок да се излегува со шест колекции годишно. Јас имам ателје кое функционира слично на тој начин  и како продажен простор има потреба постојано да се надополнува со нови креации… дел од нив се комерцијали , а дел се посебни колекции со поголем дизајнерски печат. Изминатава година како  позначајни би ги издвоила: есенската колекција Pieces of Revolution, и зимската колекцијата инспирирана од Тамара де Лемпицка, за кои се направени и фотосесии.

*Како е замислена ревијата во „Порше Македонија“? Дали подготвуваш посебна сценографија, музика, стајлинг….?

-Креациите ќе бидат надополнети со  make-up инспириран од филмот  “A bigger splash “ со Тилда Свинтон, а самата ревија ќе биде проследена со диџејсет на Теа Шалдева, специјално направен за оваа прилика.

*Ова е твое второ претставување на Моден викенд-Скопје. Какво  е претходното искуство од оваа манифестација и какви ти се очекувањата за оваа пролет?

-Минатата година на Модниот викенд се претставив со колекцијата “Sakura (In)Fusion“ која беше забележана од модната јавност, но и од моите клиенти и беше продадена набргу по настанот. FWSK е одлична можност за сите дизајнери да ја прикажат својата работа на едно повисоко ниво. Публиката има можност да ги види креациите во вистинско светло поради што бенефитот е огромен. Организацијата на настанот е одлична и во иднина треба да се поддржи уште повеќе, и од спонзорите и од учесниците. Единствено што мене ми пречи е времето на одржување, бидејќи кај нас никој не изработува колекции за наредната сезона, туку за тековната – тоа е  концептот  “see – now, buy – now“. Сезоната во времето на одржување на настанот е веќе почната (особено за есенскиот FWSK) што остава помалку време на креаторите за продажба и нарачки на колекцијата. Затоа мислам дека настанот би можел да се помести барем еден месец порано.

alshar3

Колекцијата ќе биде “зачинета“ со металик нијанси на сребрена и бакарна

*Редовно со фотографии ги претставуваш своите креации на социјалните мрежи. Каков е фитбекот од овој вид на промоција? Дали планираш фотосесија за Out of Africa?

-Јас дури неодамна го “открив“ Инстаграм. За разлика од моите помлади колеги, кои одамна го користат и имаат многу следбеници, мојата генерација речиси воопшто не ја користи оваа мрежа. Можноста да ги фотографирате и споделувате своите креации има огромен ефект, а за мене е и ново поле за креативно изразување кое сеуште го учам и истражувам. Како најзначајна соработка би ја издвоила работата со Маја Илиоска која е дел од тимот не само како модел, туку и како PR и маркетинг менаџер кој го развива брендот „Алшар“ како дел од својот магистерски проект. Па така оваа година направивме и измена на логото на „Алшар“.

*Какви се плановите за новата колекција по ревијата во Скопје?  Што е во твојата агенда за оваа  година?

-По ревијата, колекцијата веднаш ќе биде достапна за продажба. Потоа следува една поопуштена летна колекција, едно летно освежување и реновирање на ателјето, па есенска колекција… Следната година имам и два јубилеја: 10 години од постоењето на „Алшар“ и 20 години од мојата прва ревија на ФЛУ.

*Гледано наназад, кои се најзначајните моменти од работата на брендот „Алшар“?

-Проектот„ Алшар“ започна да функционира пред девет години со скромен кредит и еден вработен. Горда сум што денес сме тим од шест професионалци, имаме посебен работен и посебен продажен простор  и успеавме да ја издигнеме работата на многу повисоко ниво во сите сегменти на работење. Користиме квалитетни материјали, имаме беспрекорна изработка и најважно од сè, многу редовни клиенти, од “обични“ девојки до жени од јавниот и политички живот. Ги придобивме купувачите со квалитетни и уникатни парчиња и речиси никогаш не ги повторуваме нашите креации кои и покрај се имаат многу пристапни цени. На неделно ниво во ателјето пристигнуваат по десетина нови парчиња што секако е многу исцрпувачки процес на работа, особено во креативна смисла, но кога се работи со огромна љубов сè е можно.

alshar4

Минатата година Михајовска се претстави на на Модниот викенд-Скопје со колекцијата “Sakura (In)Fusion“

Out of AfricaАлшарАфрикаМерил СтрипМоја АфрикаМоден викенд-Скопјепролет-лето 2017сафариСилвија Михајловска
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

1 коментар

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics