• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЕВГЕНИЈА ПЕТРОВСКА ВАНГЕЛОВА: Модни гоблени со богат вез и блага театралност

Од Ана Несторовска · На ноември 17, 2014

goblen (6)

Обетки во вид на копчиња, чанти и алки украсени со мониста и тока, торби како уметнички слики и модерни додатоци со барокни елементи се само дел од раскошната понуда на „Гоблен“.  Младиот македонски бренд за модни додатоци и накит е препознатлив по благата театралност, симболиката во сликањето и фотографирањето и богатиот вез. Првата средба со оваа етикета, зад која стои креативката Евгенија Петровска Вангелова, ја имавме на Super Design Pop-Up Store пред неколку месеци во МКЦ, Скопје. Уникатите беа презентирани и на неодамна одржаните Skopje Design Week и Моден викенд-Скопје.
- Овој тип на изложување нуди можност да го доближите своето творештво до луѓето што сакаат промена, уникатност и препознатливост, но и со личности кои не знаат што сакаат… На овие настани понудив уникатни, рачно сликани и везени плик чанти, сите поврзани со препознатливиот круг на „Гоблен“. Покрај нив на FWSK и на SDW претставив и рачно сликани марами, цртани и везени алки и ѓердани-вели Евгенија.

goblen (9)

>>Кога и со каква идеја настана „Гоблен“? Како се одлучи за ова име, има ли некоја посебна приказна и филозофија зад истото?
-„Гоблен“ функционира многу одамна само без име. Барав назив што ќе ме асоцира на истрајност, толеранција, мудрост… Збор со многу енергија во него.

>> Кој  го сочинува тимот на „Гоблен“ и како функционира овој бренд?
-Никој не може да работи сам. Без Иванка Ниневска „Гоблен“ ќе останеше само како идеја, бескрајно ја почитувам и ѝ се поклонувам на нејзината истрајност и на нејзината енергија, на Ана за нејзината  толеранција, на Наим за трпеливоста, на Ерол за поддршката, и на остатокот од тимот за нивната силна љубов.

goblen (5)

>>Колку време се занимаваш со дизајн? Како почна приказната за создавање на модни додатоци?
-Приказната започна во Средното уметничко училиште, во училницата на Лира Грабул, продолжи во ателјеата на државната ликовна академија во Софија – отсек моден дизајн со модни додатоци… Претстави, работилници за традиционален накит ,техники за сликање на свила и долгогодишна едукација во областа на модниот додаток се само дел од таа убава приказна…Инаку, родена сум и живеам во Скопје. Секојдневно изработувам модни додатоци кои што се мојата главна работна преокупација, а во меѓувреме изработувам декоративни кутивчиња со чоколада и порака наменети за свадби, веселби, родендени и концептуални собиранки, но тоа е друга приказна…

>>Креациите изгледаат раскошно и театрално. Какви материјали користиш за изработка и колку често експериментираш со облиците и комбинациите?
-Најчесто се користи свила, велур, плиш,скај. Но, не треба да се заборави дека самиот материјал ја диктира доработката, а и самата форма на моделот. На одредено барање, за изработка се користи адекватен материјал. Идеите, материјалите, камењата, монистата, боите, четките, тантела, филц, бисери… она што вие ќе го направите е огледало на вашиот дух.

goblen (7)

>>Од што најчесто црпиш инспирација за парчињата?
-Инспирација  доаѓа обично ноќе, по можност сите да се заспани, да не шушка ништо. Најверојатно е од тишината и по тишината настанува промена… Има луѓе што сакаат промена и работат на себе… Ете нив им го посветувам творештвото.

>>Кои ти се  најчести клиенти и каде, освен на базарите и другите јавни преставувања може да се набават креациите на „Гоблен“?
-Не можам да кажам дека од моделите на „Гоблен“ купуваат само жените. Мажите точно знаат на што би се израдувале нивните партнерки, па подаруваат за родендени, годишнини, имендени или во обични денови. Парчињата сè уште се изложуваат исклучиво на дизајнерски базари… Нормално дека може да се нарача или купи веќе бендисаната креација, со лична достава или преку некоја од брзите пошти. Релативно често учествувам на групните изложби и базари, го сакам тој тип на изложување, ги следам базарите редовно. Не би можела да издвојам најзначајно претставување, и на навидум најнезначајните може да се случи нешто значајно.

>> Останаа уште месеци половина до крајот на 2014 година. Какви се твоите проесионални планови за до Нова година?
-Планирам создавање на нови модели на чанти, невестински аксесоари, бебешки обувки…

goblen (4)
goblen (10)
goblen (2)
goblen (3)
goblen (8)
goblen (1)

Skopje Design WeekалкувезеноГобленЕвгенија Петровска ВангеловаМоден викенд-Скопјеобеткиплик чантапрстеничанти
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics