• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

The Stories of the Three Wanderers: „Тројцата Скитници“ на Мима Пејоска го поврзуваат Скопје со светот

Од Ана Несторовска · На август 25, 2016

Wanderers mimaWanderers01

Три парчиња накит: еден дизајнерски уникат, еден примерок од сериско производство и еден автентичен филигран речиси една година патуваат низ светот носени од различни „домаќини“. Досега биле во Америка, Бразил, Германија, Исланд, Шпанија, Грција, Мексико, Англија, а крајната дестинација на т.н. „Тројца Скитници“ е Скопје. Станува збор за проектот The Stories of the Three Wanderers на македонската дизајнерка на современ накит Мима Пејоска, која го почнала со цел да ги истражи релациите кои секојдневно и несвесно ги креираме.
- Приказната почнува со три парчиња накит: првото е современ брош, дизајниран и изработен од моја страна, второто е  купечко шарено евтино ланче и третото е  галичко филигранско копче, кое припаѓало на баба ми, и е старо најмалку 100 години. Секој од нив е со различен лик, стил, техника, приказна зад себе, вредност… Идејата е да се пратат на патување низ светот во времетраење од една година кај секој заинтересиран да го носи накитот. Секој од апликантите, има задача да сподели нешто од искуството додека парчето накит е кај него/неа, без разлика дали е текст, фотографија, видео или некој друг формат на документација… и после извесно време да го испрати на следниот „носител-домаќин“. Секое од парчињата си има свој индивидуален пат, и за секое посебно се аплицира. Споделените приказни од секој учесник ја објавувам на сајтот направен за The Wanderers, каде што редовно ја обновувам и мапата со обележани места кои тие ги посетиле-вели Пејоска.

mima p

Авторка на проектот The Stories of the Three Wanderers е македонската дизајнерка на современ накит Мима Пејоска

>>Како се роди идејата за The Stories of the Three Wanderers?
- Идејава ми се вртеше во глава подолго време. Од еден во друг правец, се расплини интересно со текот на времето. Размислував за начинот на кој секој од нас различно се однесува спрема предмети, различно го вреднува… како секој различно емотивно ги доживува. Размислував и како еден предмет се менува како камелеон во зависност од контекстот во кој се наоѓа (тело на кое лежи, култура во која се наоѓа, па дури и историски период и време во кое живее). Така се скоцка идејата да го почнам патувањево на „Тројцата Скитници“, со цел да ги опипам сите овие прашања и воедно да на некој начин отворам дискусија за истите – да се откријата сите можни страни и улоги на предмети кои ги користиме.  Патувањето на „Скитниците“ е наменето за да истражуваат релации кои секојдневно и несвесно ги креираме. Најпрво релациипомеѓу: изработувач-носител; предмет-индивидуа; и минат со сегашен носител на парчето. Последениов елемент особено ме интересираше од аспект дали одредени вредности и емоции ги пренесуваме преку предмети, како на пример – дали односот со галичкото копче се менува доколку ја знаеме неговата историјата или доколку знаеме дека претходно го носел шаман во Њу Мексико? Во суштина, дали она што го знаеме за предметите (како нивната вредност или историја) го одредува нашиот однос кон нив и кои сé слоеви на вредност го перцепираме.

Wanderers03

Еден од Тројцата Скитници е современ брош, дизајниран и изработен од Мима Пејоска

>>Како се развива приказната на The Stories of the Three Wanderers? Кој сè учествува(ше) во патувањата и каде сè отидоа „тројцата  скитници“?
- Стилот на кој учесниците го споделуваат своето искуство е по нив личен избор и е секогаш уникатен. Секоја објавена приказна од апликантите ме изнендува и радува. Најголем дел од нив се прикажуваат визуелно и преку фотографии… но има посебности и уникатни пристапи и во тој начин на документација. Досега имаше неколку приказни од учесникот со накитот пренесени преку Хаику поезија, видео-колажи, раскажани приказни каде накитот е личност на која учесникот се обраќа секој ден како на свој домашен близок, а па некои и го вклопуваат како елемент од нивниот вегански начин на живот и го претставуваат како сопатник низ Берлин за тој начин за исхрана. Некои од учесниците го документираат со луѓето со кои се среќаваат и со кои го поминуваат денот, со нивното семејство, со децата кога одат на плажа… Секој низ својот индивидуален објектив. За жал, за време на патувањето во Флорида галичкото копче се загуби. Со тамошната домаќинка, професорката Ели, се договоривме да се направат 20 копчиња испечатени со слика од филигранот и на тој начин го продолживме неговото патување и приказната. Иако новите копчиња ја немаа таа вредност како оригиналот, сепак со нив на некој начин му одаддовме почит…. Инаку, проектот  трае 11 месеци и официјално е при крај, со само уште еден месец преостанат, но постои можност да го продолжам на уште една година.

Wanderers04

Второто парче накит е купечко шарено евтино ланче од сериско производство

>> Станува збор за оригинална идеја,  досега нереалиизрана, барем кај нас. Истата пробуди интерес и во странските медиуми.Каде сè има интерес за проектот и каде сè ја претстави приказната?
-„Тројцата Скитници“ го почнаа своето патување во рамките на Америка, и таму патуваа цели 4-5 месеци. На стартот „домаќините“ кои ги примија беа главно креативци, кои веднаш се видоа себеси како дел од создавањето на приказните, па оттаму и сите други видоа како можат поинаку лично да ги искусат. По Америка, патувањата се проширија и на други континенти  и земји: Бразил, Германија, Исланд, Шпанија, Грција, Македонија, Мексико, Англија… досега вкупно околу 20-тина локации, заедно со 40-тина учесници и повеќе од 130 приказни објавени. Во моментов има уште на листа на чекање кои во следниов месец ќе ги пречекаат парчињата. Според планираното, сите три парчиња ќе го завршат своето патување во Скопје, од каде што и почна сè. Досега приказната на The Wanderers беше објавена во неколку странски и домашни магазини, меѓу кои се Huffington Post, China Gems, Magenta Magazine… а месецов се очекува да се објави и на уште два американски портали за уметност и дизајн.

Wanderers06

Третиот „Скитник“ – галичко филигранско копче, кое припаѓало на бабата на Мима – за жал на едно од патувањата се изгубил. Приказната се продолжува со копчиња испечатени со негова слика

>>Приказните ги пренесуваш на сајтот www.thewanderers.mk. Како функционира и со какви сè содржини го полниш?
-Сајтот го направив специјално за овој проект. Тука може да се прочита за тоа како започна целиот концепт, да се следат приказните кои редовно ги објавуваме, и да се пријават нови учесници со пополнување на едноставна апликација. Паралелно на сајтот, приказните и објавите можат да се следат на Instagram под @mimapejoska, и на Facebook страната под The Stories of the Three Wanderers.

Wanderers00

Досега приказната на The Wanderers беше објавена во неколку странски и домашни магазини, меѓу кои се Huffington Post, China Gems, Magenta Magazine

>>The Stories of the Three Wanderers е приказна без дефиниран крај…Но, сепак, која е финалната цел на проектот, и какви се плановите за негово развивање и проширување?
-Со секој нов учесник и нова објава, интересот сè повеќе се зголемува за овој проект. Искрено се надевам дека ќе најдам средства за да го одржам уште една година и да се „соберат“ уште поголем број на патувања низ светов… и на самиот крај би сакала да се издаде збирот на приказни и во мало печатено издание – во форма на патепис. Намерата на проектот сепак си останува отворена- не да се постигне фиксна цел, туку да се следи развивањето и процесот на сите овие релации. Благодарение на Американската Амбасада во Скопје и подршката која ја дадоа уште од самиот старт, сè досега се одвива и подобро од очекуваното.

14114010_10157318528110052_2003837793_o

На мапата се обележани места што „Тројцата Скитници“ ги посетиле

Wanderers05

Стилот на кој учесниците-домаќини го споделуваат своето искуство со накиот е по нив личен избор и е секогаш уникатен

The Stories of the Three WanderersАмбасада на САДАмерикаАнглијаБразилГерманијаГрцијаИсландмакедонски дизајнери на накитМексикоМима ПејосканакитпатувањепроектСкопјесовремен накитТројцата СкитницифилигранШпанија
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics