• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Наташа Костадиновска: „Плетени колачиња“ – сладок подарок за најмладите

Од Ана Несторовска · На август 26, 2016

pleteni kolacinjaaa

Како клопче конец во најразлични бои пред околу осум години почнала да се тркала една од најслатките дизајнерски приказни кај нас – „Плетени колачиња “. Од вредните раце на креативката Наташа Костадиновска секојдневно се создаваат нови плетени бајки, од кои произлегуваат шарени животинчиња, весели цветови, познати анимирани ликови,  облачиња, месечинки, бувчиња…. кои ги радуваат, разигруваат и заспиваат најмалите. Почна со плетење на слатки модни додатоци за девојки, продолжи со парчиња облека за деца, а изминативе година – две  се усоврши во правење на играчки, гризалки, топалки и украси за на креветче за бебиња.
– На секој дизајнер и ракотворец во одредени периоди од творењето секој нов производ му е омилен и му е достигнување, исто како што во моментов јас сум одушевена од гризалките и играчките. Со секоја нова креација ми се дефинира патот во различен правец, но битно е дека се дефинира кон подобро во секој поглед… Искрено, сакав да почнам со изработка и понуда на нешто што го нема на пазарот во Македонија, нешто интересно и доста корисно за сите млади мајки и нивните бебиња.  Плетените глодалки и играчки се популарни во светски рамки. Според мене, доста поубави и подобри, бидејќи не се од пластика, а направени се само од памук и дрво. Кај нас сè уште не се толку познати, но со тек на време верувам дека ќе се популаризираат. Засега на купувачите сè им е ново и чудно, па се распрашуваат за користењето на глодалките и гризалките-вели Наташа.

natkaa

Наташа Костадиновска : Инспирација ми се бебињата, сакам да им направам интересни и уникатни играчки и искрено уживам во процесот на изработка на шарени играчки

Моментално  најголем дел од времето го посветува на изработка на нови играчки, гризалки и тропалки.
-Сите играчки, глодалки и тропалки ги изработувам од памучен конец, кој е потполно сигурен за грицкање и играње, бидејќи не пушта ситни влакненца како волницата… Предизвик и инспирација сега ми се бебињата, сакам да им направам интересни и уникатни играчки и искрено уживам во процесот на изработка на шарени играчки. Реакциите на купувачите се супер, многу позитивни. Нормално дека секој сака да подари нешто уникатно… Веќе неколку месеци најмногу ми нарачуваат зајачиња на чие меше е извезено името на бебето или детенцето за кое е наменето-вели таа.

pleteni kolacinja03

Плетените зајчиња со испишано име на мешето се најбараните „Плетени колачиња“

Плетените играчки  може да се нарачаат со личен контакт преку нејзината страница на Facebook – Плетени колачиња, а исто така одредена линија од  производите може да се набават во продавницата на „Бебеслинг“, која се наоѓа близу Универзална сала.  Иако во минатото беше доста активна, сепак, неколку години прави пауза од учеството на базари и изложби.
Пред нас е сезоната есен-зима, кога најмногу се носат и бараат плетени модни додатоци. Наташа за тој период подготвува додатоци едноставни за носење, капи и шалови со крупна и гломазна плетка кои се многу топли.
-Ќе видиме како ќе оди продажбата на тие неколку производи кои ќе ги понудам оваа зима, бидејќи полека полека сакам да го сменам начинот на работа на мојата страна… Покрај досегашната понуда подготвувам плус уште нешто, што го чувам како изненадување, а ќе биде готово од прилика на средината на септември-вели таа на крајот.

pleteni kolacinja2

По нарачка изработува рaзлични фигури, анимирани и филмски ликови и животни

pleteni kolacinja1

Тропалките-мечиња се доспатни во продавницата на “Бебеслинг“

pleteni kolacinja04
pleteni kolacinja05
pleteni kolacinja (1)
pleteni kolacinja02
pleteni kolacinja (4)
pleteni kolacinja (5)
pleteni kolacinja (2)

бебињаглодалкигризалкидецаиграчкиНаташа Костадиновскапамучен конецплетенорачна изработкатропалки„Плетени колачиња“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics