• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Teona’s Wanderlust: Блогерска авантура од Битола до награда од магазинот LUX во Лондон

Од Ана Несторовска · На март 2, 2018

Teona Mango03

Љубовта кон модата, патувањата, фотографијата и пишувањето ја мотивирале пред две години да создаде интернет катче кое го нарекла Teona’s Wanderlust. Во него младата блогерка Теона Манго, која е родум од Битола, а со моментална адреса во Лондон, ги споделува своите интереси и пасии. Како што наведува и самиот наслов на блогот, тој е исполнет со љубопитност, авантура, откривање и истовремено создавање свој креативен свет, како сведоштво за нејзините патувања и случувања.
Иако се наоѓа во еден од најголемите центри за култура, уметност и мода, каде што се вкрстуваат искуствата и идеите од цел свет и каде што се среќаваат блогери од сите континенти, таа сепак успеа да остави свој печат. Имено блогот Teona’s Wanderlust неодамна се закити со престижната „Excellence Award“ од британскиот магазин LUX, кој секоја година доделува награди на влијателни блогери од различни земји од светот. Тоа беше повод да ја контактираме оваа млада македонска блогерка, која вели дека била многу изненадена и среќна кога дознала дека е номинирана во овој избор.
-Бев пресреќна кога ми се јавија од LUX магазинот кон крајот на 2017 година да ми соопштат дека мојот блог е во конкуренција на изборот за најдобрите блогови за животен стил и патувања во Европа и дека наградите ќе бидат објавени на почетокот од оваа година. Селекцијата е нешто што го прави едиторијалот на самиот магазин врз основа на многу статистки кои денес во светот на он лајн медиумите е прилично егзактно и се мери во бројки. Добивајќи официјална информација дека сум добитник на наградата навистина бев повеќе од среќна и заради фактот што блогот го спојуваат со Македонија што е убава афирмација и за нас како држава. За мене лично ова е големо достигнување, ако се знае фактот дека блогот постои нецели две години и дека ова е втора награда што ја добива Teona’s Wanderlust, што е супер маркер дека се движам во вистинската насока-вели Теона.
LUX е магазинот кој во основа е наменет за една исклучително дефинирана група на читатели кои се пасионирани уживачи на луксузиниот живот. Нагарадата ќе и’ донесе, пред се’, афирмација на она што го работи, особено во круговите каде што блогерството го ценат како нов вид на медиум и ја става на листата на инфлуенсери, особено во Велика Британија, што и’ отвора нови неверојатни можности за развој. Овој избор , кој се одржува еднаш годишно, магазинот го прави со цел да сумблимира некои нови надежни канали кои се промотори на убавите нешта.

Teona Mango12

*Како и кога се роди идејата за Teona’s Wanderlust?
-Идејата да започнам свој блог  дојде сосема спонтано. Љубител сум на фотографијата и пишувањето, па се одлучив да создадам простор каде што ќе ги споделувам моите пасии со луѓе чии интереси се слични или исти на моите. Teona’s Wanderlust е создаден во 2016-та година, а инспирацијата позади името е љубопитност, авантура и откривање, затоа што само на тој начин ќе го откријам светот околу себе. Пред да го стартувам блогот, разговарав со моите родители и блиски пријатели, кои оваа моја идеја им изгледаше како некоја игра, младешки занес…но, тие воедно беа и моите најголеми поддржувачи и читатели од првиот ден, кога постовите имаа само 10 посети …веројатно тие ме читаа верно од тие први денови….хахаха. Сонувач сум, некој кој верува дека покрај труд и позитивен став се’ е можно. Успехот на блогот ме мотивира, но и сакам да сум инспирација за младите генерации, дека една обична девојка од Балканот може да постигне и во еден прилично компетитивен свет благодарние на напорите и квалитетот.

Teona Mango07

*Какво ти е досегашното искуство со блогирањето и модата, имаше ли тешки моменти во развојот на Teona’s Wanderlust?
-Да бидеме реални, имаше многу моменти на обесхрабрување во изминатиот период и тие се дел од растењето. Не беше лесно, но од денешна инстанца можам слободно да речам дека причините главно беа што јас немав некои реални очекувања во што се впуштам, дека ова може да стане сериозно, а не само некое хоби. Си ги следев напорите ентузијастички во првата година без никакви иазгледи дека еден ден ова ќе носи некој приход. Можеби заради фактот што во мојата се’ уште свежа биографија нема никакви сериозни допирни точки со модата освен мојата лична естетика на која сум навикната од мали нозе, а и многу сум читала и следела низ годините назад, несвојствено многу за некој кој за студирање избира нешто сосем различно политика и меѓународни односи, значи од средношколските клупи бев целосно посветена на општетствените науки како мој фокус. Не мислам дека тоа е погрешен пристап, дека мора да си во модниот свет за да создадеш блог кој има допир со тоа, иако е веројатно полесно ако си… Но, интересен е фактот што во овој свет на блогерство, имате автори кои најчесто студираат или завршиле нешто сосем различно и тука тоа во овој компетитивен свет не е круцијално, освен фактот дека треба да сте интелектуално потковани и со жед да следите што се случува во оваа сфера, но и да имате сенс да го откриете она специфично што ќе ве издвои од масата на идентичност. Модата не ја набљудувам како експерт познавач, зошто не сум. Читам и се образувам континуирано зошто ме интересира, но ќе ми треба многу време да речам дека имам право да делам ставови по тоа прашање.
Teona Mango11

* Во моментов живееш во Лондон. Кога и со каква цел се пресели таму?
-После дилемата кој од 10 универзитети во САД и Велика Британија на кои бев примена да биде конечниот избор, денес слободно можам да изјавам дека го направив совршениот избор. Среќна сум што сум тука. Одлуката не беше лесна, но она што беше клучно е Британскиот систем на високо образование во областа која јас ја избрав, а и рангирањето на Универзитетот, повторно во областа што јас ја избрав. Лондон е сепак светски центар на општествени случувања. Тука на QMUL ги имаме на располагање сите извори за учење, истражување и вмрежување за иднината на нашите кариери. Ако Ви е потребно нешто на одредена тема, имате докажани експерти кои ги сретнувате секојдневно, една од најбогатите универзитетски библиотеки Ви е на располагање а мрежата на алумни е импресивна. Факултетот за политички науки е еден од листата високо рангирани во глобални рамки.

* Со што се занимаваш од 9 до 17, дали имаш некаков професионален ангажман во Лондон?
-Тука не постои од 09 до 17 ч. ако сакаш да бидеш во групата на конкурентни и проактивни. Факултетот одзема најголема порција од моето време, што е сосем оправдано. Предавања, многу часови читање и пишување, имам и одредени денови кога буквално спијам минимално за да можам да постигнам нешто што заостанало. Блогот пак одзема реално неколку часови дневно, некогаш и цел викенд, што во суштина е моето слободно време, но не се жалам, зошто блогот ми доаѓа како одмор: патувам, соработувам со две две маркетинг агенции веќе сега и имам состаноци и средби со претставници на брендовите со кои работам, запознавам многу нови луѓе и места. Конечно, не сум некоја која сака да се одмора, посреќна сум кога избирам брзо темпо на живот.

Teona Mango09

*Каква е твојата конекција со Македонија , колку често се навраќаш тука?
-Македонија ми е втората омилена станица после Британија, ако се суди по печатите во пасошот, ако Лондон е тука базата, Битола е базата за дома. Во последно време често сум и Скопје заради ангажмани кои сега некако срамежливо почнуваат, сепак кај нас се’ уште е слаба перцепцијата што еден блог пост или една инстаграм објава може да направи за нечиј бизнис. Но, имам претчувство дека наскоро времето на моите соработки таму доаѓа.

* Што најмногу те интересира и какви содржини најчесто објавуваш на блогот?
-На блогот објавувам содржини од нешта кои ги сакам, кои ме инспирираат и кои се некој препознатлив синоним за мојата дефиниција на убаво и естетско. Некој ме праша има ли тајно оружје за блогерски успех. Има и се вика квалитет. Никогаш не исфрлам фотографија, блог пост или текст кој сум го сработила на брзина. Квалитетот ми е најважен, се случува да задоцнам, наместо стандардно во недела да се појави објавата во понеделник, но мора да биде комплетно добра. Никогаш не ветувам нешто што не можам да исполнам. Дефинитивно блогери има веќе на тон, што значи ова станува конкурентна он лајн заедница, со што стандардите за фотографии и содржина се се повисоки. Сега, има еден занес дека секој може да биде блогер, што и не е така лошо, но брзо и се изморуваат зошто нивниот квалитет не е доволен. Да разјасниме, помина времето кога блоговите се фотографираа во спалните соби и ходниците, сега тоа се прави на локации кои некогаш се бараат со недели. Уникатен и содржински оправдан контент е приоритет на секој професионален блогер. Кај таквите никогаш нема да видите „фејк“, моден хир, наместо моден стил, пост заради пост или продавање за рекламирање на се живо на своите платформи. Блогерството бара време и посветеност. Време зошто одзема доста временски период создавањето на само еден блог и пост. Исто така треба време да се етаблирате, зошто блогирањето и читање блогови кај нас не е нешто секојдневно. Упорност да се презентира што поквалитетна содржина, да пишувате блог каков би читале и самите, за теми кои ве инспирираат и за кои имате што да кажете, на беспрекорна визуелизација особено на фотографиите. Блогот мора да биде одраз на Вашата личност, затоа е потребно во неговото водење да бидете што поискрени и свои, бидејќи се друго многу лесно се препознава и лесно се презрева од страна на читателите.

Teona Mango08

* Со кои фотографи, креатори, брендови, стилистии шминкерисоработуваш во реализација на своите постови? Имашли остварено контакт со македонските модни креатори?

-Во Британија имам две агенции со кои работам и соработката е на типично високо професионално ниво, тоа се нивни тимови кои ротираат и не така има можност да се врзеш со мал круг. Имам соработувано со светски брендови и компании како што се Mercedes-Benz, London Designer Outlet, Häagen-Dazs, Kelloggs, туристичката асоцијалија на Велика Британија итн.Но, јас секогаш се навраќам на изворот. Блогот го стартував во Македонија и таму веќе имам свој мал и драгоцен тим со кој работам паралелно. Велам дека сум родена сум под среќна ѕвезда зошто имам можност дома да работам со извонредна фотографка и моја специјално драга пријателка Симона Калица. Кристина Кики Серафимовска е личноста чија целосна доверба и ја давам кога станува збор за мојата коса, таа се грижи мојата фризура секогаш да е убава. Еве за Вас откривам и една ексклузива, деновиве започнувам една нова страница за мене во Македонија, соработка со ПР агенцијата Навигаторс од Скопје, со која ме очекува веќе првиот сериозен ангажман во Скопје на што ќе бидам особено горда и ќе ме направи бескрајно среќна, зошто е многу посебен и за прв пат направен кај нас….Она што го носам на фотографиите е избор кој е направен со моите спонзори најчесто глобални компании на street & high street fashion чија гардероба ја промовирам, но знам повремено да изненадам со некое парче од македонски креатори. И тоа се најчесто личности кои лично ги познавам, зошто таа нераскинлива врска да те познава некој добро за да направи нешто што ќе зборува за тебе и за него особено ја ценам. Благој Мицевски театарскиот костимограф ми е особено драг во неколку соработки кои ги имав. „Ле Бренд“ на дизајнерката Лили Кадинска и уметницата Буба Солак како модни експерименти во моето блогирање кои се покажаа како интересен обид за афирмација на македонската мода преку некои варијации за автентичност. Мислам дека моето време на соработка со македонските креатори допрва доаѓа и се радувам на тоа.

 

Teona Mango10

* Блогерите добија голема модна моќ изминативе години. Дали сето ова внимание е заслужено и кои се топ-блогери според тебе од кои најмногу учиш?

-Ова е време на нови медиуми, во кое блогирањето има страшен потенцијал. Претставува еден вид на простор кој ги истиснува или намалува етаблираните, кои ретко имаат можност да се занимаваат со личните инетереси на цели генерации прикажани низ текст и фотографии, па и видеа на обични луѓе кои имаат талент да го прикажат она што нив ги интересира од тој микросвет во кој живеат. Општа е проценката дека блогерството кај влијателни блогери е нов начин на масовен медиумски дигитален конзумеризам и факт дека е веќе бизнис сектор во подем. Мојот старт на блогот не беше со идеја за заработка, но денес можам отворено да кажам дека мојот блог заработува пари. И колку неверојатно да звучи мојата блогерска кариера беше без план. Блогот секогаш беше место каде што пишував и преку фотографии пренесував што ме интересира. Очигледно, моите напори се забележани, бидејќи врз основа на мојот блог, јас добив можност да работам. Сакам да нагласам дека и покрај бенефитот од тоа, стојам на ставот дека содржината на блогот не треба да се искомерецијализира до граници во кои читателите не би уживале, затоа и добро размислувам дали и под кои услови ја прифаќам соработката. Во светот работата на блогерите, станува независна гранка, кај нас се’ уште се докажуваме како нов медиумски концепт.
Ако би правела листа на топ листа на мои омилени болегери еве вака би изгледала:
- Ејми Сонг (Song of Style)
- Тамара Калиниќ (The Glam and Glitter)
- Негин Мирсалехи (Negin Mirsalehi)
- Јани Делер (Janni Deler)

* Дали ги следиш македонските модни блогови, колку меѓу нив има доследни и квалитетни поединци од кои има што да се дознае, научи, види?

-Македонија срамежливо чекори кога станува збор за блогерство. Има неколку одлични примери кои одредиле правец кој во мода, кој во гастрономија, кој во патувања….како на пример Марија Стојковска (Fabulous is freedom), Елена Василевска (Shy, but secretly fabolous) и Моника Потер ( Monika Potter) кои навистина ги почитувам, но и мноштво кои се уште трагаат по себеси. Но, ова е нова работа и веројатно треба да измине еден период на инкубација кога ќе се стане јасна идејата дали блогирате затоа што е ИН или затоа што навистина имате што да споделите.

Teona Mango16

* Кои се парчињата од мозаикот на твојот моден стил. Кој и што има најмногу влијание во градење на твојот моден идентитет?
-Омилено парче во плакарот ми е дефинитивно кожната јакна за 365 дена во годината. Таа никогаш сезонски не се пакува или распакува. Добар џинс, машка бела кошула, тренч, црни салонки и црвен кармин. И да, ќе го заборавев најважното: Самодовербата! А бидејќи мојот стил е се’ уште во дефинирање, тоа доаѓа со зреењето и во познавање на модата, но и со призвукот на индивидуалноста. И денес слатко се смеам на мои модни хирови, исто како што сум среќна заради тоа што сум била опкружена со естетика, па таа има можеби пресудно влијание. Модниот стил мора да има хронологија на промени и јас со неизвесност кај себе ги очекувам.

* Со неколку зборови, како би го дефинирала својот стил на облекување?
-”Smart causal” или “Twisted elegant”……се’ зависи од приликата.

Teona Mango13

* Имаш ли омилен дизајнер или бренд за облека? А од која етикета имаш најмногу модели, во кој бренд најмногу се пронаоѓаш?
-Омилена креаторка ми е Стела Макартни, која според мене дизајнерка на женскиот модернизам. Постојано ме одушевува нејзината работа. Следејќи ја секојдневно преку социјалните мрежи имам впечаток дека не поминува ден, а таа да не испише нова модна страница. За мене е важен и еден мал, но значаен момент e aко облеката има етички и еколошки агол, при создавањето, тоа е голем бонус од моја гледна точка. Тој момент кај нејзината мода е целосно апсолвиран. Со ова прашање свесно се занимаваме во сите делови од нашиот живот, освен во модата. И затоа го сакам тоа кај неа, зошто таа се обидува да ја промени свеста кај луѓето.А ако бирам дизајнер поврзан со Македонија, макар и по корените…тоа дефинитивно би бил Тони Матически кој е роден и живее во Австралија, но останува за мене во групата македонски дизајнери. И да, ќе го запознаам еден убав ден.

* Кој е најголема модна икона според тебе?
-Една и единствена за сите времиња – Одри Хепберн.

 

Teona Mango04
Teona Mango01
Teona Mango14
Teona Mango15

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

but secretly fabolousFabulous is freedomLUXMonika PotterShyTeona's WanderlustБитолаБлагој Мицевскиблогблогеркиблогирањебританскиот магазин LUXБуба Солаклајфстајл блогЛе БрендЛили КадинскаЛондонмакедонски модни блогеримоден блогОдри ХепбернСтела МакартниТеона МангоТони Матичевски„Excellence Award“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics