• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ВЕДРАНА ПАНЕВА-МАЛИ: Направете голем чекор во „Мали“ чевли!

Од Катерина Трајановска · На февруари 23, 2015

VEDRANA PANEVA mali shoes (3)

Младата дизајнерка Ведрана Панева-Мали се појави пред неколку години, претстави неколку модни колекции и потоа како да се повчеќе од јавноста. Сега откриваме дека повторно се враќа на сцената, но со колекција чевли под името Mali Shoes, бренд кој го основала со партнерката Викторија. Наскоро ќе го промовира и брендот и првата коелкција, а чевлите за почеток ќе се продаваат на интернет. Во разговор со Stylist.mk Ведрана раскажува дека во периодот додека ја немало на сцената се занимавала со истражување, барање на инспирација, се обидувала да го најде правиот пат да допре до модата и до тоа што таа престатвува.

-Не ми беше важно само да се претставам на јавноста колку да се појави името или со некоја колекција која нема никакво значење и вредност. Креативноста е само поврзување на работите. Таа значи да си дозволиш на себе да правиш грешки. Уметност е да знаеш кои треба да ги задржиш. Ги пратев сите модни недели, како Моден викенд-Скопје, така и сите светски. Работев во реномирана фабрика за облека каде што се работи со едни од најголемите светски модни имиња и запознав многу луѓе кои го споделуваат нивниот начин на работа, го научив целиот процес и резултат како треба да изгледа едно скоро совршено парче облека. И тука се запрашав, до каде сме ние? Затоа е потребно време да истражиш што е добро што лошо, што е црно, а што бело. Како што би рекол Пикасо треба да ги научиме правилата за да можеме да ги скршиме. Можеби целата култура вика да се побрза, но уметноста вика да си земеш време за себе. Секогаш слушај ја уметноста. Сепак модата не е нешто, таа е начин.

2

>>Некое време очекуваме да претставиш нова колекција, но наместо облека лансираш колекција чевли под името Mali Shoes. Од каде идејата и предизвикот за дизајн на чевли?

-Додека ги работев колекциите секогаш имав на ум да пробам со дизајн во друга област, дали детска облека, постелнини, колекција за ентериер,чевли… И сепак се одлучив за чевли. Предизвик е да пробаш да се пронајдеш и во друга област, во нешто непознато, особено кога имаш идеја и добар тим. Брендот „Мали“ го основав заедно со мојата партнерка Викторија, која исто така е голем обожавател на мода и чевли, како и секоја девојка што посакува да има добар пар на чевли, се одлучивме тоа и да го понудиме на пазарот на кој нема доволно избор. Желбата на двете беше преголема и идејата за ова во ниту еден момент не ја ставивме под знак прашање, веднаш се одлучивме

>>Како течеше процесот на создавање на колекцијата и од што таа се состои?

-Процесот течеше многу спонтано,седевме на кафе и низ разговор одлучивме да правиме чевли. Колекцијата се состои од 12 пара женски чевли-салонки во пролетни живи бои. Сите  се изработени од кожа. И покрај тоа што во Македонија има голем број на фабрики за чевли, не најдовме калап, материјали кои ќе одговараат на нашите идеи и затоа се одлучивме да ги изработуваме надвор од земјата, каде изборот е многу поголем и соработката е многу полесна. Досега ваков тип на чевли во Скопје не можеше да се најде, уникатни се во ограничен број, па се надеваме дека девојките ќе можат да направат голем чекор во „Мали“ чевли.

VEDRANA PANEVA mali shoes (4)

>>Кому се наменети чевлите, кој тип на жени и девојки таргетираш?

Чевлите се наменети за млади девојки, бидејќи се повисоки, односно девојки кои сакаат да излегуваат и да бидат поразлични, за сите оние кои сакаат да се чувствуваат секси и сигурно. Сепак, тие се дел од вашето тело и начинот на кои се движите. Се надевам секоја девојка ќе посака да ги има.

>>Каде може да се најдат чевлите од Mali Shoes?

-Ќе се продаваат онлајн, на нашата веб страна www.malis.mk, со испорака до вашиот дом/адреса во Македонија, како и интернационално. Мислам дека овој начин на продажба ќе биде олеснителен, бидејќи многу повеќе време поминуваме на интернет, отколку по продавници. Со овој начин на живот во кој времето е луксуз, ние дозволуваме брза достава на креативни и удобни чевли.

VEDRANA PANEVA mali shoes (6)

>>Колку го следиш сегментот на дизајн на чевли, како на нашата сцена, така и во светски рамки, и што најмногу ти се допаѓа? Кои се според тебе главните тенденции на чевли за следната сезона?

-Пред да започнеме со овој начин на работа, прво учевме што е потребно, каков калап сакаме, како се изработува, што ќе биде најудобно, размислувавме комерцијално и дизајнерски да бидат со појаки бои, но да може да се носат во секоја пригода. И да може секоја девојка да си ги купи, затоа што нема поубаво од задоволен клиент. Ги следам светските трендови и секој ден се менуваат од стилови од форми навистина има преголем избор, домашното производство на чевли не ми оставило некој впечаток, сите повеќе работат за извоз, мислам дека во Скопје уште немам пронајдено продавница од каде купувам чевли. За трендот и стилот, секоја девојка си има свој, така што овие урбани чевли може да ги направи класични. Идејата е да се чуствуваш кул и опуштено, а секој ќе си го внесе својот карактер во своите чевли. Ако веќе морам да посочам би ја одбрала жолтата и црвената боја како must have, која јас и Викторија се одлучивме да ја внесеме како тренд за оваа сезсона.

>>Дали може да очекуваме нова колекција на облека или можеби развивање и линија на чанти и други додатоци?

-Засега ќе се посветам на линија на чевли и мислам дека ќе поработам посериозно на тој дел. Не ја отфрлам идејата и приказната на дизајнирање облека, зошто да не ако се роди идеја која би се вклопила во линијата,боите и фората на чевлите. Но сакам да се фокусирам на едно за да биде квалитетно. А дизајнирањето на чанти можеби е следниот предизвик.

VEDRANA PANEVA mali shoes (1)

Mali ShoesВедрана ПаневаВедрана Панева-Малидизајн на чевлимакедонски дизајнеримодни додатоционлајн продажбачевли
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics