• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Ивана Цветковска @FWSK: Лежерност прикажана преку иконографијата на уличната мода

Од Катерина Трајановска · На април 1, 2015

1

Дизајнерката Ивана Цветковска која работи под брендот Evee на престојниот Моден викенд-Скопје ќе прикаже колекција инспирирана од уличната мода и заедно со колегата Алмир Мили ќе направи перформанс како дел од кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – Сега!“. На три дена пред нејзиното претставување на FWSK Ивана открива детали за новите креации.

-Колекцијата е инспирирана од уличната мода, односно од улицата како место кое нуди можност за пронаоѓање и изградба на индивидуален стил преку постојано експериментирање. Токму поради тоа колекцијата носи наслов Street Style – вели Ивана.

2

Дизајнерката ни откри неколку сегменти од новата колекција

Новите модели дизајнерката ќе ги претстави преку перформанс, а во исто време дава поддршка на кампањата на UNDP за борба против насилството врз жените и девојчињата, за што заедно со Мили дизајнираа мотив за маички.

-Да, колекцијата Street Style ќе биде презентирана преку перформанс на претстојниот Моден викенд-Скопје, благодарение на споменатата кампања на UNDP. Огромна благодарност до UNDP за можноста што ми ја даде да бидам дел и да учествувам во оваа кампања која има за цел да ја рашири свесноста за насилството кое се случува околу нас, врз жените и девојчињата. Како дел од кампањата дизајниравме маички кои ја испраќаат пораката да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата – сега! и истите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Цветковска за оваа сезона се одлучи да претстави casual, односно секојдневни и едноставни парчиња кои може да се комбинираат на безброј начини. Колекцијата е изработена од природни, меки материјали, а во однос на боите доминираат црна, сива и беж.

3

-Колекцијата е инспирирана од уличната мода, ги следи светските модни трендови и е на некој начин наменска за споменатата кампања, затоа што се работи за парчиња со едноставни кроеви во кои би можела да се пронајде секоја жена и девојка.  Во однос на перформансот немам подготвено посебна кореографија, но за музиката планирам песна со феминистички текст.  На 4 април, од презентацијата очекувам добро дружење, голема посетеност и сите заедно да дадеме поголема поддршка на кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – Сега!” – вели Ивана.

Дизајнерката која веќе се има претставено на Моден викенд-Скопје, а во изминатиов период оваа дипломка на Европскиот универзитет во минатиов период работеше како моден асистент во текстилна индустрија, поради што вели дека го одложила планот за отворање на сопствено модно ателје. Новата колекција секако е мотив оваа година да се посвети на остварувањето на тој план.

 

Evee by Ivana CvetkovskaFWSKUNDPИвана Цветковскакампања против насилствоколекција на маициМоден викенд-Скопјемоден перформанс
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics