Македонската манекенка Ивана Манас која веќе со години работи на светската модна сцена, според информацијата од нејзината матична модна агенција Моделс ИН Менаџмент, имаше чест и привилегија да ја отвори ревијата на докажаниот бренд Тokyo James. Таа беше првиот модел на ревијата на овој бренд за колекцијата за пролет-лето 2025, а која се прикажа на последната Модна недела во Милано.
-Ивана Манас претходно работеше на ревии на светски дизајнери како Долче и Габана, Рик Овенс и Филип Плеин.а беше и заштитно лице во кампања на двоецот D&G. Нашата убавица со совршени пропорции останува во Милано до крајот на оваа сезона за да ги изработи другите модни проекти – велат од нејзината агенција Моделс ИН Менаџмент.
Нема коментари