• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
Мода 0

Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

Од stylist @StylistMKD · На ноември 12, 2025

Фестивал на чај

Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, од 14 до 16 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи годишниот „Фестивал на чај“, кој нуди ретко искуство за сите љубители на природата, чаевите и здравиот начин на живот. Настанот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.

Во текот на трите фестивалски денови, над 30 учесници ќе ги претстават своите производи – чаеви, ароматични билки, есенцијални масла, природна козметика, сапунчиња, мевлеми, мармалади, намази, колачи од билки и шумски плодови. Фокусот на фестивалот е насочен кон автентичноста која природата ја нуди, преку лековитите билки и нивната примена во секојдневниот живот. Посебно внимание ќе биде посветено и на пчелните производи – природен мед и козметика од мед за поздрав живот.

Амбиентот на фестивалот ќе биде збогатен со присуство на уметници,кои ќе изложат  рачно изработени чајници и филџани, персонализирани аксесоари и уникатни уметнички предмети инспирирани од светот на чајот. Посетителите ќе можат и директно да комуницираат со производителите, да добијат совети за поздрав живот и да научат повеќе за благодетите на билките и природата.

Помеѓу учесниците ќе бидат претставени: Билна аптека „Матија“, ЛАСОИ и ЛаЧа ароматерапи, Билна аптека „Роза Канина“, Ливан Хербал, Китка дарови, Игнеа козметика, ЛаВита Агро, АПИ – природна козметика, Хелт Шоп Македонија, Мое Сапунче, Студио за сапун 23, Мирјана Ангелеска со производи од шумски плодови, Пчеларско здружение – Природен мед, Мед Хепи, Пчеларство ПетроскиВ, Пчеларство Антови, Елена Манчевска со природна козметика и медни мевлеми, Гостилица со природен планински чај, како и Здружението „Моја земја“, кое ќе понуди дегустација на култивиран планински чај и традиционален ритуал „Сучење врвки“.

Во рамките на фестивалот ќе учествуваат и образовните институции Институтот „Конфуциј“ при УКИМ и Ботаничката градина при ПМФ – Скопје, заедно со Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), кои ќе го збогатат настанот со научно-едукативни активности и интерактивни презентации.

Фестивалот на чај ќе биде збогатен со низа попратни настани, работилници и перформанси, кои ќе и дадат посебен шарм на тридневната програма.

Во петок, на 14 ноември, предвиден е музички перформанс во духот на македонската етно музика, а потоа ќе следи церемонија на чај во изведба на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, со кинески инструментален перформанс, танц, калиграфија и демонстрација на традиционални хартиени техники.

Во сабота, 15 ноември, фестивалот ќе продолжи со едукативната сесија „Македонскиот планински чај“ во организација на Здружението „Моја фарма“, каде посетителите ќе научат повеќе за култивирањето и заштитата на овој вреден вид. Истовремено ќе се одржи и работилницата „Босилек сучење врвки“, инспирирана од билното културно наследство. Потоа, Ботаничката градина и студентите биолози ќе го претстават своето „научно катче“ со хербариум, инсектариум и интерактивни експерименти за деца и возрасни, како и работилница „Хотел за инсекти“.

Истиот ден ќе се одржи и работилницата „Време за чај“ и „Волшебниот зелен чај“ со дегустација на ЛаЧа чаеви, водена од фармацевтот Соња Станковиќ.

Недела, 16 ноември, ќе биде исполнета со уште една серија активности во знакот на чајот и природата. Институтот „Конфуциј“ ќе ја претстави повторно кинеската церемонија на чај, музички перформанси и работилници за калиграфија и традиционални техники на хартија. Денот ќе заврши со креативната работилница „Сапунче“, каде посетителите ќе имаат можност сами да изработат сапунчиња од природни состојки.

„Фестивалот на чај“, кој годинава одбележува 10 години е место на среќавање на природата, науката, уметноста и културата, каде секој љубител на чајот ќе може да ја „вкуси хармонијата на билките“ – симфонија од ароми, бои и инспирација.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 fondacija frosina kulakova Мода

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

  • Kiki-Ring-1 Мода

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

  • 1 (13) Мода

    Утре напладне на „трифт шопинг“ на користена облека, книги, играчки и накит во Макка Бар

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics