• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Познатиот уметник Ахмет Огут за изложбата „Скокни“ во МСУ ќе изработи ново дело инспирирано од солидарноста по скопскиот земјотрес

Од stylist @StylistMKD · На мај 25, 2022

?????

Утревечер, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на еден од позначајните уметници на интернационалната сцена, Ахмет Огут.

Кураторки на изложбата со наслов „Скокни!“ се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Огут пристигна во Скопје и утревечер пред официјалното отворање на изложбата, во 19 часот, публиката ќе може да присуствува на разговор и водење низ изложбата во присуство на уметникот.

Проектите на Ахмет Огут во голема мера се однесуваат на собирање локални приказни и барање сличности на друго место. За изложбата во МСУ – Скопје, уметникот ќе изработи ново дело насловено „Скокни!“. Делото е инспирирано од чинoт на солидарност, кога по скопскиот земјотрес во 1963 година, светски познати уметници подарија свои дела, а МСУ – Скопје станува симбол на солидарноста и дом на исклучителна колекција на современа уметност во земјата. Огут ќе постави дел од делата од колекцијата, по негов личен избор, високо над окото на набљудувачот, во изместен хоризонт, кој реферира не само на поместениот баланс при земјотресот, туку и на поместување на политичкиот хоризонт и нивната меѓусебна поврзаност.

Ogut photo credit Albe Hamiti

„На изложбата во Скопје посетителите ќе можат да видат повеќе дела кои се однесуваат на концептот заедништво, комуникација и споделување во периоди на криза, но и коегзистирање со останатиот жив свет. Неговите дела се колаборативни, тој бара начин да ја ангажира публиката или случајните минувачи во ситуации кои ја менуваат нивната перцепција за социјалните норми и однесувања. Преку хумор и мали гестови во делата тој често коментира сериозни социјални и политички прашања. Инспириран од приказната за настанување на самиот Музеј и неговата колекција, во Скопје тој создава инсталација во која на возбудлив и игрив начин, со скок во височина, ги повикува посетителите да ги активираат нивните сеќавања поврзани со колективната траума од земјотресот и специфичната историја на солидарност, со поглед од поинаква перспектива на делата од колекцијата“, велат кураторките Гаќина и Попова.

Преку инсталации, скулптури, цртежи, колажи и видео дела, инспирирани од општествената, културната и политичката реалност, изложбата со императивен наслов „Скокни!“ го поканува посетителот да излезе од комфорната зона и досегашните навики на перципирање и размислување и да одговори на новите предизвици од поинаква перспектива. Уметникот нѐ повикува да ја презамислиме поврзаноста помеѓу човечкиот и нечовечкиот живот, нивната зависност и симбиоза, да направиме „скок“ во променети општествени норми, наспроти културата на секојдневното грубо и политички сурово. Според тоа, средбата со неговите дела станува еден вид покана за општествен ангажман.

Ахмет Огут (1981) е уметник кој живее и работи во Амстердам, Берлин и Истанбул. Самостојно изложувал во повеќе музеи и институции низ светот меѓу кои Ван Абемусеум, Кунстверајн Дрезден, Кунстхал Шарлотенборг . Изложувал на бројни групни претставувања и во Музејот Стеделијк Амстердам, Музејот на современа уметност во Сеул, 13. Биенале во Лион, 5 Биенале на визуелни уметности, Њујорк, 12. Истанбулско биенале, Триеналето на Новиот музеј, Њујорк, 5. Берлинско биенале за современа уметност. Огут ја претставувал Турција на 53. Биенале во Венеција во 2009 година Бил резидентен уметник на Ријксакадемија, Амстердам во 2007-2008 година и Фондацијата Делфина, Лондон, во соработка со Тејт, во 2012 година.

Изложбата „Скокни“ во МСУ Скопје се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија, Асоцијацијата Саха од Турција, ЕВН Македонија и Тиквеш.

Ахмет ОгутизложбаМузеј на современа уметностуметнот
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • KV културен водич

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

  • Plakat_myselves_page-0001 културен водич

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

  • ????????????????????? културен водич

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics