• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Милена Атанасова – АТАМИ: Колекцијата „Седум“ е во постојана потрага по баланс меѓу болката и радоста

Од Ана Несторовска · На октомври 27, 2017

0-Smells like rain - photo Ana Jakimska

Модната дизајнерка и костимографка Милена Атанасова, која стои зад брендот АТАМИ, на 28 октомври (сабота) како дел од соработката помеѓу Concept 37 и Paratissima Skopje ќе ја презентира  својата колекцијата „СЕДУМ”. Изложбата, која  има продажен карактер, ќе трае до 5. ноември, а ќе биде збогатена со неколку парчиња, во истиот дух, кои се резултат на соработката со познатиот македонски уметник Атанас Ботев.

0-SEDUM - photo Ana Jakimska (2)

Милена Атанасова со модел од колекцијата „Седум“-Фото: Ана Јакимска

Колекцијата „СЕДУМ“ прв пат беше прикажана на овогодинешното издание на саемот за уметност и дизајн Paratissima Skopje.
Екипата на саемот  неодамна направи соработка со арт-кафето Concept37, како повеќе автори би добиле соодветно внимание и простор да се испрезентираат, а јавноста да види и ги поддржи домашните артисти. Така, секој месец ќе има по еден автор во фокус.
-Девојките од „Паратисима“ и екипата на Concept37 се супер тим, имаат слух за авторите и верувам дека оваа соработка ќе расте и од неа ќе се изродат прекрасни настани. Колекцијата „СЕДУМ“ е надополнета со неколку парчиња, во истиот манир, но се дел од соработката со Атанас Ботев, кој за оваа цел го адаптира неговото добро познато дело „Heartcore“од проектот  Deus Sex Machina, за принт и вез. Ова е најава за поголема соработка која следи. Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат парчињата од колекцијата, исто така ќе биде изложено оригиналното дело на Ботев, неколку фотографии од последната фото-сесија која ја работевме со студио SUTEREN, како и парчиња од проектот Smells like rain и секако цело е кога има музика, а за тоа ќе се погрижи  Martchin [Btkrsh / Desonanz Festival / Broccoli Music]-вели Атанасова.

0-ATANAS BOTEV

„Heartcore” (туш на хартија) на Атанас Ботев

Дизајнерката открива дека колекцијата „СЕДУМ“ е „отворена“ колекција, која и во иднина ќе биде дополнета со нови креации.
-Подолг период ја истражува и ја инспирира јапонската култура и уметност. Ме привлекува комплицираната едноставност во јапонската естетика, ритуалите и симболизмот во облекувањето. Во фокус на целата приказна е Butoh – јапонска форма на танцов театар, медиум кој длабоко го почитувам. Butoh е сè што сакам, она по што тагувам, за што се радувам… сите болки и радости на едно место. Медиум кој дозволува трагање преку најдлабоките, мрачни и светли спомени кои ги носи еден човек во себе. Себеоткривање, себеспознавање.. и на крај соочување и прифаќање. Оттука и „СЕДУМ“. Во системот на нумерологијата, бројот седум претставува барање, размислување, трагање по вистината. Седум во себе го содржи бројот три- кој претставува небо и душа и бројот  четири– земја и тело. Баланс… Секоја култура, религија има приказни за овој број,. Бројот седум го поврзувам со себе, на повеќе нивоа. Колекцијата  е на некој начин отворена, уште не сум завршила со оваа приказна:) ..имам уште што да кажам-вели таа.
Парчињата се геометриски, со чисти катови и комфорни решенија. Користени се  природни материјали, главно памук, во црна и бела боја. Моделите се уникатни и носливи, впечатливи, кои  лесно се комбинираат.

0-SEDUM - photo Goran Popovski (1)

„Седум“ преку фотообјективот на Горан Поповски

Изминатиов период Атанасова, која има дипломирано моден дизајн на Accademia Italiana, имаше ангажмани и како костимограф.
-Работев на неколку кратки филмови, реклами, но главно сум фокусирана на својот бренд и соработките со други артисти. Во најава е колаборација со Error of harmony, нова капсулна колекција во соработка со Атанас Ботев и еден поголем проект, за кој се надевам ќе збориме повеќе во 2018 година -вели на крајот.

0-SEDUM - photo Goran Popovski (2)

Креација од „Седум“, Фото: Горан Поповски

0-SEDUM - photo Ana Jakimska (1)

СЕДУМ-фото Ана Јакимска

0-Smells like rain+Error of harmony - photo Ilija Stefanovski

Smells like rain+Error of harmony – фото: Илија Стефановски

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

ButohConcept 37HeartcoreParatissima SkopjeАтанас Ботевмакедонска модамакедонски дизајнМилена Атанасова„Атами“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • 1 Irina Tosheva workshop

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics