Изложбата „Жените и по некој маж“ на македонскиот графички дизајнер Зоран Кардула ќе биде отворена утрем 25 март, во 20 часот во Чифте Амам во Старата скопска чаршија. Кардула изложува 40 дела во изработени во дигитална графика, на тема жената, нејзината убавина, мистичност и елеганција, (но и по некој маж). Кардула својата втора самостојна иложба ја посветува на сите храбри жени.
Нема коментари