• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Колекцијата на чевли на Цаци Паковска за „Марвел“ е идеална комбинација на современ дизајн, квалитет и удобност

Од Катерина Трајановска · На мај 15, 2017

1 caci pakovska

Кога визијата на Цаци Паковска за тоа како треба да изгледа една современа колекција на чевли ќе се спои со знаењето и технологијата на штипската компанија „Марвел“ (Marwell), добиваме серија на обувки како балетанки украсени со панделки и цветни апликации, салонки со ниски потпетици со сатенски ленти и животински принт, сандали со високи потпетици со колор-блок или металик ефект, шаренолики патики и уште многу други модели на чевли во кои се комбинираат разни стилови, бои, шари и детали. Добрата страна е што овие дизајни сега може и вие да ги носите и купите во продажните места на „Марвел“. Покрај тоа што ја дизајнираше колекцијата, Паковска се појавува како модел и стилист во промотивната фотосесија која е дело на блогерката Јована Зука. Како позната стилистка, модна авторка, дизајнерка со бројни проекти на полето на модата, убавината и архитектурата, Цаци сега влезе во нова креативна приказна за градење домашен производ, а на Stylist.mk раскажува за концептот и предизвикот да се создадат впечатливи, квалитетни и удобни чевли.

После повеќето улоги на домашната сцена поврзани со модата и убавината, најнов твој проект е креирање колекција на чевли за „Марвел“. Како дојде до оваа соработка? 

-Многу работи поттекнуваат од една едноставна идеја и се случуваат онака едноставно, ненаметливо и природно. Пред само неколку месеци, идејата се претвори во прекрасен проект. Во Македонија има доста добри фабрики за текстил и чевли, кои најголемиот дел од своето производство го прават за извоз, работејќи за големите звучни имиња од модниот свет. „Марвел“ е релативно млад бренд за чевли, кој пред две години се лансирал на домашниот пазар и се произведува во својата фабрика, која зад себе има искуство во чевларската индустрија од 15 години, работејќи за едни од најдобрите брендови како што се Прада, Миу Миу, Џими Чу, Раг&Боун. Мојата визија за тоа како јас би сакала да изгледа една колекција на чевли, и  неверојатното знаење и технологија на професионалците во „Марвел” се покажа како успешна формула за домашен производ кој изгледа модерно, но во исто време е исклучително квалитетен.

2 caci pakovska

Од што се водеше при креирањето на колекцијата, од твоите лични преференци, актуелните светски трендови или општата слика за стилот на Македонките? Што беше клучно при оформувањето на колекцијата?

-Јас за прв пат се сретнав со еден ваков вид на дизајн, каде идеите треба да се преточат во тродимензионален производ, кој има неверојатен број на фази во производството. Чевлите се невидена мајсторија и навистина секој не би можел да ги прави. Но, велат дека чевлите предизвикуваат и неверојатна завист. Оној кој започнал да произведува чевли, без разлика на проблемите, не би можел да се откаже од нив. И навистина е така. За прв пат се сретнав со технологија и термини кои ги означуваат компонентите на чевлите, а за кои досега и не знаев дека постојат. Чевлата е како куќа, таа има своја конструкција, и треба да го издржи товарот на оној кој ја носи. А во исто време, треба да биде удобна и пријатна за носење. Се надевам дека направивме идеална комбинација на современ дизајн, одличен квалитет и неверојатен комфор. Во однос на стилот на самата колекција, таа секако дека го има мојот печат и би требало да го надополни оној стил кој во изминативе 20-тина години го градам преку мојата работа.

3 caci pakovska

Од што се состои колекцијата, какви стилови предложи?

-Тоа се чевли кои јас би ги носела, или пак би ги искомбинирала правејќи стајлинг за некој мој соработник. Квалитетот на кожата од кои се изработени сите чевли, живописните бои и пред сè деталите, се она што се надевам дека ќе ги одвои овие чевли на домашниот пазар. Тие се наменети за жените кои сакаат да се поинакви и се горди на својот индивидуален стил. Колекцијата се состои од балетанки, високи потпетици и патики, но морам да напоменам дека сите модели не ги фотографиравме на самата сесија. Имаме уште многу модели, како и комбинации на бои, кои се изложени во продажните салони на „Марвел“.

4 caci pakovska

„Марвел“ е македонска компанија, па колекцијата ќе биде достапна за нашата публика. Каде поточно може да се купат новите производи?

-Колекцијата ќе се продава во двата дуќани на „Марвел“, во Скопје во ГТЦ приземје, веднаш до „Интер Спорт“, како и во нивната продавници во центарот на Штип.

2

-Деновиве сними промотивна фотосесија во која самата се појавуваш како модел, кажи нешто повеќе за концептот и за тоа со кого соработуваше во реализацијата…

-Голема привилегија е да се соработува со некој кој ја разбира вашата естетика, а воедно и делите исти интереси и модни критериуми. Па затоа и немав воопшто дилема кога ја повикав Јована Зука да ги направи фотографиите за промотивната кампања. Можеби беше наједноставно да се одбере фотомодел за сесијата, но со Јована сметавме дека ќе биде поинтересно ако моите дизајни на чевли ги претставам во мој стил. Иако морам да кажам дека не сум тип што сака да се фотографира или пак да си прави самосликови, па поради тоа фотографиите сакавме да изгледаат спонтано и природно. Акцентот е даден на чевлите, но благодарение на комплетниот стајлинг, претставивме различни модни стилови, но сите со ист сензибилитет.

5 caci pakovska

Авторка на модна телевизиска емисија, стилистка, шминкерка, сценографка, дизајнерка на облека, сега и дизајнерка на чевли, имаш ли време се сите професионални обврски и во која улога најмногу се пронаоѓаш?

-Апсолутно уживам во работата на сè ова што е наброено. Сметам дека сите овие нешта се меѓусебно поврзани дека успевам да ја направам мојата естетика препознатлива. Напорно е во истовреме да ги работите сите работи, но мене ме возбудува самоиот процес на креирање. Можноста од идеја да создадете производ кој би требало да остави некој печат позади себе, е непроценливо задоволство. Навистина е голема привилегија да го работиш она во кое уживаш.

6 caci pakovska

ЦАЦИ ПАКОВСКА ЗА „МАРВЕЛ“

Фото: Јована Зука

Облека: Зап Милано

7 caci pakovska

8 caci pakovska

10 caci pakovska

11 caci pakovska

12 caci pakovska

13 caci pakovska

14 caci pakovska

15 caci pakovska

15

16

 

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Marwellмакедонска модамакедонски производМарвелмодна соработкаобувкипролет-лето 2017Цаци Паковскачевли
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics