• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
новини 0

Lancôme #DeclaringHappiness: Патување во светот на среќата со новите козметички производи на брендот

Од Катерина Трајановска · На јули 10, 2018

lancome (10)

Патување во светот на среќата со девизата дека животот е убав деновиве ни овозможи козметичката куќа Lancôme и повторната средба со Ивана Лисак, национален шминкер на брендот за Југоисточна Европа, која ни ги претстави новитетите. Таа на настанот во ресторанот Four скопскиот хотел Парк под мотото #DeclaringHappiness им порача на жените да бидат среќни и задоволни со себе, и преку производите на Lancôme да ја истакнат својата убавина.

lancome (1)

Философијата на среќа ја препознавме во парфемот La Vie Est Belle L’eclat, a Lancôme најави уште неколку нови производи – тонираниот хидрантен крем за лице Skin Feels Good, прајмерот за трепки Cils Booster кој може да се користи пред да се нанесе култната маскара Hypnôse, а шминката се надополнува со новата интепретација на течниот кармин L’Absolu Lacquer. Секако Lancôme нуди повеќе квалитетни производи за нега на лицето, меѓудругото ги препорачуваме серумите од линијата Génifique и новата маска Advanced Génifique Hydrogel Melting Mask.

lancome (5)

Во духот на прогласување на среќа си напишавме што си посакуваме и желбите ги испративме во универзумот. Настанот и дружењето со Лисак беше навистина во духот на среќата, а Lancôme ја гради својата философија на темелите на среќата и убавината уште од основањето на брендот во 1935 година.

lancome (4)

lancome (2)

lancome (6)

lancome (3)

lancome (7)

Препорачуваме дел од новитетите на Lancôme:

lancome-la-vie-est-belle-leclat-edt-50-ml-1

Lancôme La Vie Est Belle L’eclat Eau De Toilette

НОВА ЗВЕЕЗДА: СОЛАРЕН НЕРОЛИ
Најдобрите парфимерии Dominique Ropion и Anne Flipo се одговорни за креирање на најновата мирисна дефиниција за среќа и радост – тоалетната вода L’Éclat. Новото поглавје за среќа истражува уште еден миризлив аспект на портокалово дрво – нероли.

Остри горни ноти
Мирисот започнува со експлозија на пенливи, силни ноти на  “hesperidija”, мандарина, грејпфрут и бергамот сп зголемена доза на розов бибер обвиен во елегнатен акорд на чај.

Соларна срцевина

Оригиналниот букет од мирисот L’Éсlat, претставува комбинација од ирис и цвет од портокал, кои се обвиени со блескавата нота на концентрат од нероли. На овој начин елегантно ги нагласува најновите и најсветли аспекти на цветот од портокал.

Мирис, пријатен како втора кожа
Основните белешки на ирис и пачули се освежуваат со нови, меки и мазни акорди на мошус и амброксан, создавајќи впечатлива и ненаметлива мешавина – едноставно како втора кожа.
lancome

LancômeL’Absolu Lacquer

 

Lancôme ни ја претставував новата реинтепретација на течниот кармин – L’Absolu Lacquer, кој ни нуди богата палета од дури 18 бои со различен интензитет и вибрантно блескав финиш.

Палетата покрива голем спектар на бои и тоа од “nude” розеви, заводлива фуксија боја, “силна ” цревна па се до екстра интензивна нијанса на црвено вино, кој е всушност одговр за сите ваши желби.

Во што се состои неговата тајна? Ни пружа се што посакуваме, а тоа е:  долготраен сјај и боја, градација на интензитет и чувство на леснотија кога го носите. 

L’Absolu Lacquer претставува емулзија на масло и вода која нуди богата блескава боја, покрај исклучително проѕирната текстура. Токму поради тоа е многу лесно да се добие посакуваниот  интензитет и тоа на повеќе начина: со нанесување на еден слој усните се блексави, со нанесувње на два слоја усните добиваат вибрантен и впечатлив изглед, а пак со нанесување на  трет слој усните изгледаат  како брилијантен, софистициран лак.

Lancôme Skin Feels Good

Lancôme Skin Feels Good e хидратантна тонирана крема за лице која овозможува природен изглед без шминка, интуиран со состојки кои ја сакаат кожата, и кои и овозможуваат природна чиста покривност.

Оваа “oil-free” тонирана крема за лице е направена за оние кои сакаат свежа и природна кожа. Нејзината чиста структура овозможува кожата да блесне, оставајќи ја со здрав сјај. Таа е збогатена со состојки кои ја сакаат кожата, вклучувајќи ја хијалуронска киселина за задржување на влажноста и волуменот на кожата, како и екстракт од морфиа за заштита од слободните радикали.

За совршена основа, нанесете база на вашата кожа за пополнување на порите. Почнувајќи од средината на лицето, нанесете на кожата од тонираната крема Skin Feels Good и натапкајте на целото лице со сунгерче за течна пудра. За повеќе покривност, додате повеќе на проблематични места. Нанесете дополнително коректор каде што е потребно  да ги прекриете поголемите недостатоци на кожата.

Hypnôse & Cils Booster

 Дeфинирајте ги очите и истакнете ја вашата убавина 

Очите зборуваат многу за жената… Токму поради тоа Lancôme одлучи да го преточи своето стручно знаење во областа на декоративната козметика за креирање изглед на очите по мерка. Првиот чекор е постигнување совршени трепки! Hypnôse, култната маскара чиј заштитен знак е розата, и Cils Booster, прајмер (база за маскарата) со единствената формула за нагласување и раст на трепките, сега се враќаат во ново практично издание за неверојатен изглед со интензитет по желба. Да не губиме време!

Hypnôse – Тајаната на волуменот по мерка 

Уште од лансирањето во 2004 година, Hypnôse ги освои нашите срца и стана must-haveмаскара. Што ја прави оваа маскара толку неверојатна? Нејзината формула остана непроменета веќе 14 години. Како инспирација за нејзиното креирање, послужи технологијата на производи за нега на коса, па затоа содржи комплекс на провитамин В5, јојоба масло, восок од палма карнауба и гума од дрво акација, која ги штити и зајакнува трепките, истовремено зголемувајќи го нивниот волумен и до 8 пати[1]. Маслото од јојоба со текстура како восок овозможува исклучително лесно нанесување на формулата која се лизга низ трепките, восокот од карнаубаја одржува нивната извитканост, додека гумата од акација ја штити нивната деликатна и мека текстура. Овозможува извонредна градација на волуменот и беспрекорно нанесување! Благодарение на уникатната, заштитена со патент четка со преку 1.000 влакненца, можете да ја продолжите и зголемите густината на баш секоја трепка, почнувајќи од коренот спрема врвот, а резултатот е волшебен поглед со волумен по мерка. Hypnôseдоаѓа во ново пакување со префинети линии и златни нијанси,  и е најдобар сојузник на жената која сака да постигне интензивен и длабок поглед, дали преку ден или навечер, а понекогаш и во ситните часови…

Cils Booster + Hypnôse = Оптимална должина на трепките + долготрајност

Ви ја претставуваме идеалната комбинација! Користете Cils Booster, база за маскара која поттикнува раст на трепките, заедно со маскарата  Hypnôse. Неговата добитна формула, збогатена со провитамин B5 и деривати на витамин E, создава воодушевувачки поглед во 3 чекори: ги продолжува трепките, го зголемува нивниот волумен и обезбедува долготрајност. Уште кога ќе ја видите и новата туба со редизајнирани линии, сигурно нема да можете да и одолеете.

#DeclaringHappinessLa Vie Est Belle L’eclatLancomeLancôme GénifiqueИвана Лисаккозметикапарфемубавина
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 новини

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

  • MNE Spring21_Viking_Hero_Square_001 новини

    CREED Viking Cologne – Mирис кој со себе ја носи свежата, морска атмосфера

  • dm ProClimate (2) новини

    Pro Climate – dm разви производи кои се неутрални за животната средина!

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics