Музичарот Лени Кравиц посебно внимание обрнува на дизајнот и уредување ентерииери, што може да се забележи по изгледот на неговите домови, пред 12 години основа сопствена компанија Kravitz Design и некое време дизајнира мебел. По неколку колекции и соработки со познати брендови на ова поле, Кравиц деновиве ја претстави новата колекција во соработка со компанијата CB2. Креирана во ретро-стил од 70-тите години, таа содржи парчиња мебел како комоди и клуб масички, неколку вида лампи, ѕидни декорации, килими и украсни перници. „Сакавме да создадеме колекција на предмети во мојот личен стил, но главната насока доаѓа од моите патувања по светот“, објаснува Кравиц за колекцијата која што има референци и на њујоршката клупска сцена од 70-тите и од калифорниската музичка сцена од истата декада.
Нема коментари