• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

„Лудус“ во онлајн потрага по андрогени модели за ревија на 27 јуни во МОБ

Од stylist @StylistMKD · На јуни 22, 2016

ludus1
Ако изгледате андрогено и сметате дека имате поинаков вид убавина и ја застапувате разноликоста може да се пријавите на онлајн кастингот за ревијата на скопскиот бренд „Лудус“ што ќе се одржи во понеделник (27 јуни) во фоајето на  Македонска опера и балет.  Две недели по премиерното претставување во рамки на„Скопје креатива“ на „Плаја виста“, Драган Христов, кој стои зад етикетата „Лудус“, ќе ја презентира новата колекција наменета за двата пола- XYYX. Ревијата ќе почне во 21 часот.
-Направивме онлајн кастинг зашто сметаме дека алтернативниот тип на модел може многу полесно да го најдеме на социјалните мрежи отколку на конвенционалните начини. Во првиот ден помина одлично и зачудувачки се пријавија модели што не се занимаваат професионално, но ја познаваат работата на „Лудус“ и сакаа да бидат дел од ревијата на 27.06 во фоајето на МОБ во рамките на изложбата и промоцијата на книгата Heroes for One Day  курирана од Нада Прлја и Даниел Серафимовски-вели Драган Христов.
Изложбата „ Херои за еден ден, Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје“ е организирана од галеријата „SIA“ , под покровителство на Словенечка амбасада во Р. Македонија. Во склоп на настанот ќе биде промовирана книга, во издание на издавачка куќа „Готен“ заедно со Галеријата „SIA“.

ludus ss 2016

Колекцијата XYYX е родово неутрална, минималистичка, мултифункционална и со андроген крој. Кrеаторот Христов во неодамнешното интервју ни изјави:
-Новата колекција го носи насловот XYYX поради тоа што е родово неутрална колекција, односно безродова. Ова е концепт што „Лудус“ го развива подолго време, но конечно со оваа колекција добива целосна форма. Наместо инспирации, во колекцијата има многу влијанија од сите сфери на уметноста и сметам дека е рестриктивно во креативниот процес да се ограничиме на една или неколку инспирации како и целосно да ги откриваме. Парчињата така стануваат подложни на различни лични интерпретации.Стилот на колекцијата е минималистички, моделите се прилагодуваат на обата пола и на различни тела. Беше особено важно да е направена од висококвалитетни природни материјали како памук и ладна волна. Парчињата се монохроматски (црно-бели) со акценти од сина боја кај додатоците. Креациите се направени со одредена идеја за личностите кои би ги носеле и со тоа сметам многумина од креативниот сектор би се препознале во нив. Неконвенционалноста како нивна заедничка карактеристика (на клиентот и парчето облека) ќе им овозможи да ги адаптираат за разни пригоди, вечерни како и дневни. Акцентот е ставен на скулптурниот пристап во моделирањето на парчињата. Тие се прочистени и минималистични,а мултифункционалоста е овозможена со прилагодувачки додатоци скриени во внатрешноста. Па така, машките асиметрични памучни кошули стануваат вечерни лежерни фустани со нагласен ремен на струкот, а асиметричните здолништа се всушност широки панталони со внатрешен раб.

ludus ss 2016a

Колекцијата како проект е целосно поддржана од фестивалот на креативни индустрии „Скопје Креатива 2016“ и е направена специјално за тој настан. Беше снимена и промотивна сесија  со фотографката Ана Марија Радосављевиќ , а моделите ги носеа Ана Калачоска, која е постојан соработник на „Лудус“, Леуарт Лека и Кемил Исметовиќ. Шминката и фризурите се на модната блогерка Мартина Неделковска. (А.Н.)

Heroes for One DayXYYXандроген моделГалерија SIAДаниел СерафимовскиДраган ХристовЛудусМакедонска опера и балетМОБНада Прлјаревија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics