Музичката икона е на насловната страница на магазинот Cosmopolitan кој сега слави јубилеј од 50 години, а истото го направи и пред 25 години, на насловната на бројот со кој се одбележа токму 25-годишнината на популарното женско списание. Мадона во јубилејното издание зборува за женските права и вели дека ништо не е сменето во изминатиов период и дека сè уште живееме во шовинистички свет. „Кога ја почнував кариерата луѓето многу ми отежнуваа, бидејќи мислеа дека жената не може да биде сексапилна и интелигентна во исто време. За мене, таа битка никогаш не заврши“. Фотографиите за мајскиот број на Cosmopolitan ги направи Елен вон Унверт.
Нема коментари