• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Славни дизајнери и брендови ги облекоа олимпијците во Сочи

Од stylist @StylistMKD · На февруари 8, 2014

Македонските спортисти беа едни од ретките што на вчерашното отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија не се појавија униформирани во драматични, специјално изработени креации. Дарко Дамјановски, Антонио Ристевски и Марија Коларовска, кои ги бранат боите на нашата земја на 22. издание на оваа манифестација, изгледаа едноставно, со црвени, односно црни спортски зимски јакни и панталони, што изгледаше скромно во однос на некои модели во кои се појавија поголемиот дел од претставниците на  земјите-учеснички од целиот свет.

Германските модели ги креира Вили Богнер

Најголема фама се крена околу стајлингот на германските репрезентативци. Носеа јакни налик на виножито, во жолта, зелена, сина и бела боја, комбинирани со портокалово-црвени панлони, капи и шалчиња исшарани со цветови. Моделите, произведени од компанијата „Адидас“ ги дизајнира поранешниот апски скијач и креатор, Вили Богнер. Германските олимпијци носеа униформи креирани од Богнер на 17 зимски Олимпијади. За новите модели бил инспириран од неговата љубов кон скојањето игерманското наследстсво . Истовремено сакал да му оддаде почит на градот-домаќин Сочи, па затоа се одлучил за флорални принтови кои се среќаваат во рускиот фолкор. Многумина овие униформи ги доживеаа како паралела со знамето-виножито за поддршка нар азличностите и за правата на хомосексуалците. Но Германците ги демантираа коментарите дека моделите носат политичка порака до Русија.

Тимот на САД во креации на Ралф Лорен

Втори на тапет беа креациите што ги носеа Американците, дизајнирани од славниот креатор Ралф Лорен. Спортистите ја отпоздравија публиката во Олимпискиот стадион во Сочи облечени во џемпери со копчиња, извезени со националните симболи, знамето на САД, олимписките кругови и годината 2014 . Намерата на креаторот, кој ги осмислува униформите на американските претставници на Олимпијадите од 2008 година, била да создаде патриотски изглед. Но тој доби само негативни критики за идејата. Креациите повеќе наликуваат на божикни џемпери, отколку на спортски модели.

Униформите на Русите ги потпиша BOSCO

Во божикен стил, поточно а ла костум на Дедо Мраз, беа моделите на руската репрезентација. Спортистите на земјата-домаќин носеа дизајни на BOSCO. Инспирацијата била земена од минатото на Русија, со традиционални мотиви и принтови. Дамите носеа долги бунди во бело, црвено и темносина боја, надополнети со крзно, на рабовите изевзени со фолкорна шара. Машките спортисти, пак, беа опремена во ретро-палта кои потсетуваа на морските модели, порабени со овча кожа.

Преставниците на Бермудите дефилираа во шорцеви

Меѓу многуте шарени и бизарни модели, можеа да се сретнат и дебели зимски јакни налик на хавајки или на овчарска прекривка, шатор-модели, шорцеви  и други несекојдневни решенија. Сепак, имаше и репрезентации што покажаа висока модна естетика. Пофалбите отидоа на адреса на Канада, Франција, Италија, Велика Британија, Шведска, Естонија и Холандија.

Најмногу пофалби добија моделите на Hudson’s Bay за канадскиот тим

Екипата на Канада според многумина беше најдобро облеченатана на церемонијата на отворањето на Олимпијадата. Спортистите се појавија во црвени, стилизирани капути, попознати како ѓубретарци, со црна лента на долниот дел ина ракавите, креирани од Hudson’s Bay. Моделите беа комбинираби со црни панталони и волнени капи и ракавици во црно-бела боја на кои имаше испишано „Канада“.

Французите елегантни во парчиња од Lacoste

Листата на добри стилски решенија продолжува со Франција, чии претставници носеа јакни скорени во вид на сиво елегантно бизнис-палто со три копчиња, со потпис на Lacoste. Оваа компанија има долга страдиција на соработка со Францускиот Олимписки комитет, а и самиот основач, Рене Лакост, бил олимпиец во 20-тите години на минатиот век . Сакоата се комбинирани со крем панталони и бели џемпери со црвена исина линија на околувратникот. Во овие бои се и плетените капи.

Швеѓаните модерни во дизајни од најголемата национална гордост, брендот H&M

Популарниот шветски бренд за секојдневна облека H&M ги облече спортистите од својата земја. Швеѓаните носеа модерно стилизирани модели во колоритна шема инспирирана од нивното знаме, со темносина основа жолти додатоци. За жените скроени се темносина туника и долго палто, во комбинација со хеланки и капа исшарани со жолто. Кај мажите има џемпери во жолтабоја и анталоните се во стилот на ретро-костим за скијање.

Џорџо Арман по втопрат создаде модели за италијанските олимпијци

Италијаните по вторпат носат униформа од Џорџо Армани. Елегантните модели инспирирани од костим за скијање се во морнарско сина боја и се со егрономичен дизајн. Моделите се украсени само со олимпискиот амблем и со италијанското знаме.

Британците во темонсини зимски дизајни од Адидас“

Темносини се и зимските модели на претставниците на Велика Британија. Традиционално, како изминатите 30 години, Британците носат креации од познатиот бренд за спортска облека „Адидас“. Сините тренерки се со околувратник како за опрема за скијање, со патент и со црвени додатоци.

Monton ги облече естонските спортисти

Естонците се појавија во креации од Monton. Парчињата се инспиритани од нордиската белина и дивина, украсени со традиционални шари во црна боја. Станува збор за бела јакна со крзно и бел џемпер комбинирани со сиви спортски модел на панталони.

Холандските претставници во ASICS

Едно од помодерните изданија беше решението на ASICS за холандскиот олимписки тим. Јакните во црно-портикалова комбинација се куси и ребрести. Стилски се споени со црни панталони, шарени зимски чевли и капи со препознатливиот портокалов тон.

Јапонците се појавија во специјално креирани модели прилагодливи за повеќе временски услови од Descente

Спорскиот бренд Descente за 246-те претставници на Јапонија дизајнира бели долги јакни налик на докторски мантили , и темнсоини панталони, кои се прилагодливи на пременливата температура во Сочи.

ASICSBOSCODescenteH&MHudson’s BayLacosteMontonЏорџо АрманиАдидасВили БогнерЗимска oлимпијада во Сочи 2014зимска облекаопрема за скијањеРалф ЛоренРене Лакостспортска облека
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics