• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Новото издание на Моден викенд на тема „NoWasteMK“

Од stylist @StylistMKD · На септември 28, 2021

moden vikend

Моден викенд Скопје во соработка со Македонската модна асоцијација креира нова иднина за модата и свежи перспективи под темата „NoWasteMK“

Експеримент со биоразградливи хулахопки, обоени со еко боја од кора од грозје, колекција накит создадена од е-отпад и избор на брендови кои ја отелотворуваат разновидноста на македонското одговорно творештво.

Под слоганот „Beyond the Fields”, од 2 до 3 октомври, Моден викенд им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK.  Преку шоурум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори на тркалезна маса, NoWasteMK ќе истражува и дискутира на теми за одржливост, ќе сподели знаење и ќе ги поттикне потребните промени кон поодржливо опшество и индустрија.

Тоа е всушност визијата и целта на Моден викенд Скопје и Македонската модна асоцијација. Да ја претстави работата на дизајнерите кои ги менуваат правилата на игра во модниот бизнис Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Хана Зека – Fight or Flight brand, Four Twenty Two, KTN, Son of Salome, Мирјана Јосифоска, Роберт Ивановски, Luna Aditeya, Leap Concept и работата на студентите од Академијата за моден дизајн  „Џолев и уметностите“.

#NoWasteMК е фузија од физички и виртуелни активности, реализирани со грант од Circular Design Assembly, доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation.

Новите колекции од учениците на дваесет и четвртата сезона, ексклузивно ќе бидат претставени на 2 и 3 октомври преку пренос во живона социјалните медиуми на FashionWeekendSkopje, со премиерно прикажување на кратки модни филмовии фотографии. Шоурум со ексклузивни парчиња на истите, како и изложба на накит ACHTUNG BAUSTELLE!  изработен со електронски отпад од уметницата Маја Стојковска, се само дел од богатата програма што посетителите ќе ја проследат од 2 до 3 октомври во зградата на Железничката станица во Битола, во клубот „Јагода“.

Придружете им се на експертите, креаторите на иднината, статистичарите, како и на лидерите од приватниот сектор и граѓанското општество на #NoWasteMK, со цел да размениме практично и теоретско знаење за просперитетна визија на кружната економија во модниот бизнис.

На првата тркалезна маса и онлајн дискусија “Circular Fashion and Textiles”, модератор од Текстилна трговска асоцијација – Кластер за текстил заедно со панелисти и учесници ќе дискутираат за проектот Design4Circle и циркуларна економија – Локален контекст, предизвици и можности.  Не ја пропуштајте можноста да дебатирате за најновите трендови на циркуларна економија во мерењето, изворите и методите.

Дискусија на тема “Product design for the environment” на тркалезна маса ќе биде предводена од модната дизајнерка Ирина Тошева и врвни професионалци од креативната индустрија кои ќе презентираат успешни примери за системот на циркуларната економија во земјата и ќе ги елаборираат предизвиците и можностите за нејзиниот  развој.

За време на онлајн разговорот „End of Life” со советничката за одржлив развој Шарлот Вандиерендонк и модната дизајнерка во подем Т*МИТРОВСКА, ќе разговараме за создавање нов живот преку редизајнирање и рециклирање.

Панел дискусијата “Consumption Reduced: repair & wear” презентирана од претставниците на Fashion Revolution и нивните поканети соговорници ќе ни доближи факти, практики, искуства, корисни совети и предлози за нови можности на делување во насока на намалување на конзумеризмот во модата и поттикнување на циркуларната економија.

На 3 октомври во Штип ќе биде прикажан проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип”.На овој настан ќе имаме разговор со д-р Игор Јорданов, професор на Технолошко-металуршкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – координатор на проектот и м-р Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ ПМГ во Република Северна Македонија под модераторство на м-р Дијана Насева, Универзитет Гоце Делчев од Штип, асистент на проектот.

Во вториот дел студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип под менторство на доц. д-р Сања Ристески ќе имаат моден перформанс со моделите добиени од активностите од проектот. За реализација на проектот е употребен отпад од текстилната индустрија како суровина за производство на перници и јоргани.

Општа цел на проектот е намалувањето на текстилниот отпад во општина Штип и употребата на истиот за производи со додадена вредност.

Иницијативата #NoWasteMK ги воочува границите на нашиот сегашен систем, додека презентира нови начини на создавање.

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics