• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Се отвора 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје

Од stylist @StylistMKD · На април 3, 2023

14.Bienale

Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со личните и општествени промени

На 6 април (четврток), во 20 часот ќе биде отворено 14.Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ (Awakenings) во Музејот на современата уметност – Скопје. Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

На изложбата ќе земат учество 38 млади уметници од земјава и од странство: Џем А (Германија), Ујхази Адриен (Унгарија, Србија), Шофу Вонг (Австралија), Милена Галици (Италија, Белгија), Габриеле Гандини (Италија), Елена Гелева (Р.С.Македонија), Ринор Даути (Косово), Надица Дојкоска (Р.С.Македонија), Серхат Емрулаи (Р.С.Македонија), Клелија Живковиќ (Р.С.Македонија), Ана Јовановска (Р.С.Македонија), Јован Јосифовски (Р.С.Македонија), Аријана Кадиќ (Црна Гора), Јулија Кастелучи (Р.С.Македонија), Лумтурие Крашники (Косово), Наџа Крачуновиќ (Србија), Герта Ксаферај (Албанија), Милан Кујунџиќ (Србија), Ана Лехбаумер (Австрија), Ана Ликар (Словенија), Јулија Манојловска (Р.С.Македонија), Симона Манчева (Р.С.Македонија), Николо Масини (Италија), Фатима Моалим (Шведска), Малина Монча (Романија), Сара Мускалу (Романија), Јана Николовска (Р.С.Македонија), Жозефин Остлунд (Шведска), Чади Реда (Швајцарија), Ананда Серне (Норвешка), Ива Станковска (Р.С.Македонија), Сара Танасковиќ (Србија), Игор Таневски (Р.С.Македонија), Славица Танеска (Р.С.Македонија), Мануел Този (Австрија), Ана Трајковска (Р.С.Македонија), Јируи Фанг (Италија) и Риџет Ферати (Р.С.Македонија).

-Годинашната тема „Будења“ се осврнува кон процесите на соочување и мечтаење и има за цел да ги поттикне младите автори да ги изразат своите размислувања, не/сигурности, не/согласувања, не/задоволства, мечти и амбиции при соочувањето со личните и општествените промени. Темата на Биеналето има за цел да го истражи и претстави процесот и промената, дејството и почетокот – оттаму, будењата како одговор на прашањата: Како младите уметници кои излегуваат од границите на семејството и образовната институција се соочуваат со општествените проблеми и предизвици? Што прават младите кога ќе се разбудат во свет во кој не се заштитени како порано? Како сонуваат во свет кој по тригодишна изолација конечно ги отвора вратите за уметничко изразување и дејствување?. Напуштањето на комфорната зона при завршувањето на образованието или осамостојувањето од семејството, почетокот или промената на кариера или пак наметнатите околности, кои произлегоа од глобалната пандемија и рестрикциите, го носат во себе аспектот на двојството. Од една страна, нивното настанување е ограничувачко, а од друга, нивниот процес е ослободувачки – вели кураторскиот тим.

Биеналето има за цел да го насочи вниманието на стручната и пошироката јавност кон делата на новите имиња од локалната и меѓународната уметничка сцена, да ги поддржи и поттикне креативните иницијативи на уметниците од новите генерации и да создаде услови за нивно јавно претставување и развој на современата уметничка сцена. Покрај тоа што учесниците во проектот имаат можност да создадат врски и да воспостават креативен ангажман со професионалната ликовна заедница, Биеналето обезбедува простор за претставување на современите стратегии на млади уметници и на нови уметнички практики, форми и јазици во повеќеслојните области на уметноста денес. Биеналето ја потенцира и важноста од создавање алтернативен едукативен центар кој генерира знаење, го помага етаблирањето на нови уметници на современата уметничка сцена и ги препознава и развива нивните потенцијали.

Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура на Р.С. Македонија, и со поддршка на Амбасадaта на Кралството на Шведска во Скопје и Амбасадата на Република Италија во Скопје.

Биенале на млади уметнициизложбаМузеј на современа уметностуметност
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • KV културен водич

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

  • Plakat_myselves_page-0001 културен водич

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

  • ????????????????????? културен водич

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics