• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Четвртото издание на Скопски моден фестивал ќе се одржи од 3 до 6 април

Од stylist @StylistMKD · На март 25, 2024

01 SKFF Poster

За каква ли тајна вечера се подготвуваат и што може да ја обедини на иста маса ѕвездената шесторка: Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска? Одговорот ќе се дознае многу наскоро – на четвртото издание на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија. Културно-забавната манифестација ќе се одржи во трговскиот центар Diamond Mall, a ќе биде во знакот на одбележувањето два големи јубилеи на познати брендови од домашната сцена, како и гостувања на повеќе реномирани балкански дизајнери, кои премиерно ќе земат учество во рамки на четиридневната официјална програма на настанот.

„Среќата е насекаде!“ е слоганот под кој од трети до шести април, македонската метропола одново ќе пулсира во пролетниот моден ритам на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, на нова урбана локација и со сосема поинаков концепт од претходните три изданија на фестивалот. Домаќин на четвртата сезона е трговскиот центар Diamond Mall, лоциран во срцето на градот Скопје, каде во четири дена, публиката од земјата и странство ќе има прилика да проследи оригинален спој на модни ревии и уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби, шоу настапи на познати ѕвезди, како и гала вечер со драмски призвук за свечено отворање на настанот, под закрила на маркетинг агенцијата и продукција MAX Management Agency.

1

-Честа да го отвори фестивалот ѝ припадна на македонската дизајнерка Ивана Кнез, која со јубилејната ревија „Viva La Drama“, тајно подготвува вистинско шок искуство за присутните гости, а со кое ќе ги кулминира петнаесетте години од нејзиното „драматично постоење“ на нашата модна сцена. Затворањето на фестивалот, пак, резервирано е за прослава на уште еден голем јубилеј, овојпат на најпознатиот домашен бренд за интимна облека Sara Fashion, кои ќе ги обележат дваесет и петте успешни години, со возбудливо шоу кое ќе изнуди воздишки на многубројните посетители, подеднакво со моделите на пистата и со забавата на подиумот, каде како специјални музички гости ќе настапат членовите на музичката група The Blackberries Band – најавува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.

Напоредно со презентацијата на последните колекции и опусот на најквалитетните македонски дизајнери и брендови, организацискиот тим на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, останува доследен и во ексклузивното претставување на интернационални гости од регионот и пошироко, но и во промоцијата на млади надежи и таленти чиешто време допрва доаѓа. Официјалната програма на манифестацијата ќе се одвива во среда (03.04), четврток (04.04), петок (05.04) и сабота (06.04), во временскиот интервал од 19:30 до 22:30 часот, со црвен килим по холивудски терк, на кој се очекува да зачекорат претставници на дипломатскиот кор и бизнис заедницата, истакнати поединци од културната сцена, акредитирани новинари, фотографи и уметници, како и познати имиња од светот на модата и забавата како ВИП посетители.
Организаторите традиционално изработија и краток моден филм како најавно видео за четвртата сезона, во соработка со Viral Agency, каде како заштитни лица и главни протагоности се појавуваат ѕвездената екипа сочинета од шесте величествени: Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска. Автори на видеото се дуото Генц Халими и Амел Амед, уметнички режисер и сценограф е артистот Бојан Ковски, а како продуцент на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, извршен директор на Скопски моден фестивал. Двете впечатливи женски креации се изработки на дизајнерките Блерта Османи и Ивана Кнез, третиот изглед е шик комбинација од брендот Sara Fashion, а дел од машката постава носи костуми од Altinyildiz Classics и AC&co. Блескавиот и гламурозен накит е од Ador, додека чевлите и чантите се од Marabella.

Кампањата е снимена во луксузниот ентериер на хотелот Limak во Скопје. За шминката е заслужна визажистката Неше Салих, а за фризурите се погрижи студиото Social Hair Salon. Официјални партнери за убавина на настанот се групацијата Orbico и FABUspot, застапени со премиум брендовите: MAC, Bоbbi Brown, Clarins, Estée Lauder и Shiseido. Официјални партнери за нега на коса на фестивалот се Dakalama, со широката палета на производи од: K18, Glynt и Reuzel. Генерален покровител и партнер на Скопски моден фестивал е Државна лотарија, чијашто среќна калинка навестува уште поголема радост оваа пролет за љубителите на модата во државата.

-Skopje Fashion Festival денес е водечки домашен настан за љубителите на модата во метрополата, презентирајќи им го најдоброто од македонската култура низ симбиоза на дизајн, уметност, едукација и забава, а истовремено е домаќин и на реномирани имиња од регионалната и европската сцена. Маркетинг агенцијата МAX Management Agency како организатор на престижната манифестација, може да се пофали со учество на над 60 дизајнери, брендови и академии, присуство на повеќе од 300 акредитирани новинари, фотографи и претставници на новите медиуми, како и посетеност од речиси 25.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности на настанот, после само две години и три сезони од нејзиното иницирање. Четвртата сезона очекуваме да се надминат и рекордите кои самите ги поставивме, како во однос на учесниците, така и за интересот на публиката – заклучува Ивана Китановска Трпеска, директор за односи со јавноста на фестивалот.

(ПР објава)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2 моден монитор

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

  • 1fwsk моден монитор

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

  • 1 Irina Tosheva workshop моден монитор

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics