• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Новата колекција на Mariguccha на Нела Тодоровска претставена во Белград

Од Катерина Трајановска · На јануари 18, 2016

1 nela todorovska

 

Фото: Мартин Пацов Саровски

Нела Тодоровска која твори под името Mariguccha креира мода неколку години наназад и е присутна на повеќето базари и поп-ап продавници кај нас, но и на регионалната дизајнерска сцена. Препознатлива пo современ и поавангарден израз и деконструкција на кроевите, Нела во исто време ги сака перформансите, спојот на уметноста во нејзината мода, креира костими за театар и за филм, а последната колекција за есен-зима 2016 ја претстави во Белград. Новите креации сега може да се најдат во белградската концептуална продавница „Градстор“.

-Колекцијата ја претставив во КЦ Град во Белград, овој пат ја претставив на саем за мода, ако можам така да го наречам. Повеќе модни креатори ја претставуваат својата нова модна колекција која и воедно е и продажна.

3 nela todorovska

Нела новата колекција ја претстави на моден саем во Белград

Претстави ни ја колекцијата за есен-зима 2016 со зборови… 

-Овој пат се сконцентрирав и дадов повеќе значење на машкоста во однос на кројот, горните парчиња се во широки силуети без нагласок на половината, прави, пуштени и доста долги. Една копарација на строги кроеви со завршни неподрабени краеви и суптилно незабележливо изработени краеви. Употребив чиста волна и проѕирна свила, со што доаѓа со судир на тврдината и нежноста на материалите. Има дупли јаки кои излагаат од самиот крој на ранглам ракавот и продолжуваат во шал, скриени џебови, ткаени материјали вметнати во самиот крој на суптилен начин со модерна техника на сечење. Боите овој пат се јаки, црната не ја оставам да дише, таа е тука за мене… Си играв со многу јаки бои, почнувајќи од лимон-жолта, па сè до љубовна циклама, сивата ја земав како основа, а кафената да даде малку стабилност.

2 nela todorovska

Колекција за есен-зима 2016

Во моментов колекцијата е на проджба во Белград во „Градстор“, па малку околу изгледот и концептот на продавницата?

-Градстор има концепт на изложува модни колекции од модни креатори од цел свет, тие самите прават селекција и се држат до строго минималистички и модерен стил на излгед на продавницата и облеките во неа. И не само тоа, па кога ќе влезеш те понудуваат со ракиичка за добро дојде во овие ладни денови, и енергијата е многу домашна и те прави да се опуштиш и на раат да си гледаш и пробуваш работи. Топлина и позитива ти понудуваат со самото влагување внатре… Истото се случува и во Букурешт, Романија, таму исто изложувам во концептуални продавници кои се повеќе како галерии за еднодневни случувања и евенти.

4 nela todorovska

Колекција за есен-зима 2016

Кои се реакцииирте на тамошната дизајнерска сцена и публика на твојата работа?

-Реакциите се интересни, луѓето забележуваат работи што треба да бидат забележани во едно парче облека, среќни се кога ќе го сфатат. Ми се допаѓа што не се откажуваат од прва и даваат шанса на неколкуминутно размислување за еден крој, како е постигнат прототипот и тогаш застануваат, ја разгледуваат цела колекција и пробуваат парчињаа кои им се допаѓаат. Интересно е што пополекаклиентелата на Marigucchaси зазема некакво место на интимност, истите клиенти ми пишуваат да бидат известени за кога ќе учествувам на нареден саем.

5 nela todorovska

Креација на Тодоровска во едиторијал во првиот број на македонскиот магазин „Портрет“ (Фото: Горан Поповски)

Ги сакаш мултимедиалните претставувања , модните видеа и перформансите, што ќе издвоиш од твоето портфолио?

-Перформансите ми се слабост, сакам перформанс што ќе те изнесе барем за малку од овој свет. Последниот мој перформанс беше во мултимедиално претставување на моден триптих, кој се состоеше од Св. Вера, Св. Љуба и Св. Нада представени како модни креации, кој ги водеше едно мото, Адаме, зошто се криете?, заедно со модно видео во кое работеше цела екипа, и модна колекција пролет-лето 2015 произлезена од трите Светици.

7 nela todorovska

Од перформансот „Моден триптих: Св. Вера, Св. Неда и Св. Љуба“.

Се занимаваш и со костимографија на театар и филм, кој се последните проекти на ова поле?

-Последниот филм на кој работев е „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчески. Моментално сè уште работам на претставата CapeFeare-Simpsons, во режија на Радулиан од Лондон и продуцент Флавиа Стамате од Букурешт.

6 nela todorovska

Манекенките Симона Ничева и Ана Ежова во модели од колекцијата Diaphanous за пролет-лето 2015 (Фото: Горан Поповски)

Како почна твојата приказна со модата и како се роди Mariguccha?

-Mariguccha доаѓа  од името на мојата баба, Влаинка, кое значи Марија, Дева Марија. Инаку, завршив факултет и мастер за моден креатор и костимограф во Букурешт на државната академија за уметност, а воедно две години бев асистент на истиот факултет. Работев во Романија на опера и неколку продукции за публицитет и филм. Имам изработено костими за повеке опери и театар, краткометражни и долгометражни филмови и реклами.

8

Креациите на Нела се продаваат и во Букурешт, Романија

MarigucchaБелградесен-зима 2016македонски дизајнериНела Тодоровска„Градстор“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics