• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

Нови конкурси за работилници за дизајн на Skopje Design Week

Од stylist @StylistMKD · На септември 5, 2014

Младите креативци од Македонија и од регионот ќе добијат шанса да научат нови вештини за творење и за дизајнирање на неколку работилници што ќе се одржат на четвртото издание на  Skopje Design Week, од од 23 до 28 септември во Куршумли Ан. Дизајн на социјална маса, работилници за фузија на стакло, обликување на ќерамички чаши, поп-ап столици и за 3Д декорации се само дел од повиците поставени на сајтот на Skopje Design Week. Има и два интернационални повици за дизајн на производи (рок до 14. септември) и за дизајн на велосипедска опрема ( до 24 септември). Денеска е крајниот рок за конкурирање на брендирање на гроздовиот мед на „Тиквеш“. Во тек е и пријавувањето за работилницата за моден круг, водена од младата креаторка Ирина Тошева (ментор) и домашниот бренд Lotus Design Store (координатор) што трае до 15 септември, а ќе се одржи на 12 дена подоцна.

sdw glavna1

„Витрина“ во соработка со SDW објавуваат повик за млади, смели дизајнери кои сакаат своето знаење и креативност да ги искористат за дизајнирање и изведба на ентриерни и екстериерни елементи за во домаќинство, хорека, малопродажба и сл. За изработка на сите предвидени елементи компанијата „Витрина“ става на располагање дел од својот асортиман.  Социјалната маса ќе биде изработена од „Витрина“ и ќе биде изложена за време на SDW 2014, а потоа и во продажниот салон на компанијата. Најдобриот предлог ќе биде изработен од „Витрина“ во соработка со дизајнерот во период 15 – 23 септември.  Може да се пријавиат сите млади дизајнери, архитекти, уметници и други креaтивци , професионалци со искуство или студенти кои умеат да дизајнираат ентериерни решенија. Пријавувањето може да биде индивидуално или во група. Сите потребни документи потребно е да се испратат на info@vitrina.mk најдоцна до 12 часот на 14.09.2014.

staklo1

Lotus Design Store и „М-Арт“ на Марта Поп Антоска повикуваат млади дизајнери на накит, продукт дизајнери и уметници oд балканскиот регион кој сакаат да научат процес на рачно изработување на накит преку топење и обликување на стакло. Работилницата ќе се одржи на  25 септември  од  13 до 16 часот, под менторство на Марта Поп Антоска. Бројот на учесници за работилницата е ограничен на шест. Пополнетата апликација, заедно со кратко CV, испратете ги на designstore@lotusgeneration.com најдоцна до 15 септември.
Анита Гај преку Lotus Design Store  дејствува за доближување на македонските дизајнирани производи поблиску до купувачите,  мотивација на дизајнерите за усовршување на продуктите, заедничка промоција и продажба.
M-Art е бренд на Марта Поп Антоска, дипломиран графичар, продукт и графички дизајнер кој се занимава со изработка на фузија на стакло во последните седум години. Изработува уникатни уметнички дела, ентериерни стаклени решенија и парчиња накит од фузирано стакло. Процесот кој го користи за изработка на истите претставува фасцинантна и уникатна техника. Комбинацијата на рачно изработени топени фузирани камчиња, формирани од високо квалитетно италијанско стакло, бисери и корали, им дава на овие дела неповторлива уметничка вредност.

 

lotus2

Lotus Design Store и Lotus Lounge Chair повикуваат млади дизајнери на мебел, продукт дизајнери и уметници oд балканскиот регион кој сакаат да научат процес на брзо конструирање и изработка на столици од рециклиран материјал. Пополнетата апликација, заедно со кратко CV испратете ги на designstore@lotusgeneration.com најдоцна до 15 септември. Работилницата ќе се одржи  на 24 септември  од 12 до 16  часот, под менторство на Анита Гај, со примени шест учесници.
Lotus Lounge Chair е добро познат македонски бренд на флексибилни и мултифунционални столици за млади луѓе кoj веќе 6 години е пласиран на македонскиот пазар за мебел и уредување на домот. Наменет е за современ и дизајнерски ориентиран млад човек, со желба да поседува практичен и функционален, но истовремено модерен и трендовски мебел.

tvornica2

Lotus Design Store и „Творница“ повикуваат млади продукт дизајнери, грнчари и уметници oд балканскиот регион кои би сакале да дознаат повеќе за „Индустриска уметност“ и процеси на создавање на производи. Работилницата ќе се одржи на 26 септември  од 12 до 16 часот под менторство на Александар Дудески, пред шест кандидати
MUG’S е проект на Творница каде што дизајнерите, уметниците и занаетчиите заедно создаваат керамички производи во процесот кој го нарекуваме „Индустриска Уметност“. Индустриската уметност е специфична диференцијална стратегија на фокус која дава дополнителни вредносни карактеристики и конкурентни граници  на едноставните нешта. Таа е концепт кој вклучува: дизајнирање, развивање и производство на единствени производи. Секој производ од нашата колекција е уникатно „употребливо парче уметност“. Ќе ви биде презентирана деликатната техника на вајање керамика што ја користиме при развивањето и производството. Пополентата апликација, заедно со кратко CV испратете ги на designstore@lotusgeneration.com најдоцна до 15-ти септември 2014.

lotusss
LOTUS DESIGN STORE и LOTUS LOUNGE CHAIR повикуваат млади дизајнери и уметници кои сакаат да го научат процесот за создавање на 3Д декорации од рециклиран материјал. Работилницата е закажана за на 28 септември од 12 до 16 часот, под менторство на Анита Гај. Учесниците треба да донесат картонски или пластични чаши. Пополнетата апликација, заедно со кратко CV, испратете ги на designstore@lotusgeneration.com најдоцна до 15 септември 2014.

3Д декорацииLotus Design StoreLotus Lounge ChairMUG’SSkopje Design WeekАлександар ДудескиАнита Гајвелосипедска опремаВитринаИрина Тошеваќерамички чашиконкурсКуршумли АнМ-АртМарта Поп-Антоскапоп-ап столициработилницасоцијална масаТиквешфузија на стакло„Творница“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 00 дизајн-декор

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

  • 1 дизајн-декор

    Идеи за декорирање на празничната трпеза

  • 0 дизајн-декор

    Новогодишни скали наместо традиционална елка за поинаков празничен декор

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • prada

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

    јануари 18, 2021
  • Insta

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

    јануари 18, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • адвоа и кесева абоа

    H&M ја најави следната дизајнерска колекција

    јануари 18, 2021
  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics