• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Од модна метаморфоза до Concept 2020 на вториот ден на FWSK

Од stylist @StylistMKD · На октомври 24, 2017

Вториот моден ден во хотелот „Скопје Мериот“, продолжи вчера со уште пет модни ревии, во рамките на есенскиот Моден викенд-Скопје. На првата ревија се претставија студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје.

TMF

„Од идеја за кожурец како прва фаза од развојот на пеперутка, преку трансформација и финална фаза, 2017 година за студентите е одбележана како година во која континуирано се работи на тема „Метаморфоза“. Тие ги презентираа своите дизајни во три фази, од кои првата беше изложба на скопскиот моден викенд во април. Водени од оваа тема тие развиваа идеи инспирирани од процесот на трансформација, истражуваа разни материјали, повторно соработуваа со идните биотехнолози од ТМФ, па покрај со облека, интерпретацијата на оваа тема ја збогатија со накит од јадлива превлака. Втората фаза беше одбележана со традиционалната модна ревија на ТМФ во јуни, која беше придружена со изведба на молекуларна храна и пијалаци на катедрата за прехранбена и биотехнологија. За крај, третата фаза е оваа ревија во која е заокружен целиот метаморфозичен процес кој претрпел еволутивни промени низ сите фази“, вели Георгиева.

Marija

Најновата колекција на Marsin која ја потпишува Марија Трајанова е наречена Inside out. „Главната инспирација доаѓа од најинтимните мисли на жената, која секогаш сака да изгледа како модна икона во својата идеја за самата себе. Убавата долна облека и дава дополнителна самодоверба на жената и јас токму таа самодоверба сакав да ја преточам во колекција и да ја извадам на виделина“, вели Трајанова.

Sara r

Младата дизајнерка Сара Реџиќ за колекцијата Bohemian Rhapsody ќе рече: „Модерната жена и разновидноста на стилови во нашето опкружување преточени во модни парчиња, кои со леснотија се носат на разни пригоди. Топло есенско волшепство од бои, ткаенини и идеи како разновидна слика на еден внатрешен свет на секоја жена.“

Minna Fashion

За прв пат на Моден викенд Скопје ги видовме Minna Fashion и колекцијата Love the spark која е инспирирана од „романскиот стил“ и содржи 20 уникатни фустани.

Ivana_knez

За крај на вториот ден од Моден викенд Скопје се претстави Drama Studio со колекцијата Concept 2020. „Модните парчиња се лимитирана едиција, поттикнати од секојдневното наше живеење, колку сме ние андроиди заглавени во електронскиот свет. Станува збор за несекојдневна модна колекција за сегашноста и иднината, творевина за #Concept2020. Колекцијата е ресајклинг, пет френдли и прилагодлива за нашиот пазар со префинет вкус. Драма студио како и секогаш, ќе ви ги отвори чакрите како сонувачи во потрагата по постојано ваше совршенство“, вели дизајнерката Ивана Кнез.

Фотографии: Ани и Дими

FWSKMarsinMinna FashionИвана КнезЛидија Георгиевамакедонска модамакедонски дизајнериМарија ТрајановаМоден викендМоден викенд-Скопјемоден дизајн на ТМФмодна ревијаСара РеџиќТехнолошко-металуршкиот факултет„Drama“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics