• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фото галерија 0

ОДГОВОРНА ИДНИНА – Модна колекција и виртуелна изложба на учениците со оштетен слух од „Партенија Зографски“

Од stylist @StylistMKD · На мај 11, 2021

01 (1) (1)

Mладите креативци создадоа оригинални, уметнички и експериментални дела за време на едукативните работилници за мода, традиционално грнчарство, современа керамика, модерна обработка на дрво, продуктен и графички дизајн во рамки на проектот „Одговорна иднина“. Обуките кои од почетокот на годината се одржуваат во државниот училиштен центар ги реализира Македонското модно здружение со поддршка од Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е.

На младите им припаѓа иднината, а видена низ призмата на учениците со оштетен слух од државниот центар „Партенија Зографски“ во Скопје, таа е убава, колоритна, игрива и позитивна. „Одговорна иднина“ е називот на менторскиот и истражувачки проект што ги обедини концептите на инклузивност, занаетчиство, мода и одржливост, за да ѝ понуди светла перспектива на оваа група младинци, збогатувајќи им го портфолиото со широк спектар на теоретски знаења и практични вештини во полето на креативните индустрии, оспособувајќи ги притоа да побараат вработување и максимизираат своите потенцијали во рамки на посакуваната професија.

-Македонскoто модно здружение има за цел на младите да им обезбеди можности за иднина без ограничувања, отворајќи ги хоризонтите и будејќи ги вродените таленти на секој yченик. Предводени од мноштво ментори, професори, поканети врсници, волонтери од заедницата и универзитетски практиканти од разни креативни дејности, младинците изминатите шест месеци колективно истражуваа како да ги вкрстат занаетчиските и модните референци со личните преференци. Црпејќи инспирација од културното наследство од нашето минато, се стремевме да ги развиваме иноваторите на нашата иднина, преку програма за современо учење во соработка со Е4Е – Образование за вработување во Северна Македонија – истакнува Светлана Богова Јовановска, координатор на проектот „Одговорна иднина“.

02 (1) (2)

Сите дела се создадени со многу љубов, енергичност и посветеност на талентираните ученици под менторство на уметницата Анета Попова (современа керамика), мајсторот-занаетчија Слободан Столески (традиционално грнчарство), дизајнерката Ирина Тошева и професорот Љубиша Савески (мода), тандемот Катерина Трпковска и Деспина Здравкова од „Rinocca“ (модерна обработка на дрво), Анита Гај од „Lotus Lounge Chair“ (продуктен дизајн), Јана Марковска од „DO:MORE“ (графички дизајн).

Се одржаа и интерактивни работилници со престижната школа Istituto Marangoni од Лондон и непрофитната организација Open Style Lab од Њујорк. Капсулната модна колекција е составена од уникатни модни изгледи со древни македонски имиња, кои се инвентивна реинтерпретација на народните носии и етно мотивите, пресоздадени со употреба исклучиво на фабрички текстилни остатоци и рачни доработки на детали, користејќи ги старите техники на плетење, кои на младите им ги пренесоа Валентина Кастратовиќ, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева.

Финалните производи може да се погледнат во каталогот „RESPONSIBLE FUTURE CATALOGUE“, кој e денес е достапен за јавноста како дигитална публикација, благодарение на соработката со Faktor Trust. Во процесот на негова реализација учествуваа самите ученици, предводени од Андријана и Димитар Петровски од „AniDimi Photography“, како и трите млади дизајнерки задолжени за графиката: Дијана Атанасовска, Ана Митреска и Ивана Митреска.

Заштитни лица на модниот едиторијал се моделите Игор Настески и Бојана Златкова, за чија фризура и шминка е заслужна визажистката Марија Лазарова, со палета на бои и линиски форми инспирирани од експресионизмот на Петар Мазев, како омаж на еден од најзначајните сликари во нашата земја.

04 (1)

Во чекор со светските тенденции за онлајн музејски тури и мултимедијални шоурмуми, направена е и виртуелна изложба за приказ на уметноста, занаетчиските продукти и дизајнираните креации, со поддршка од Europe House и Делегацијата на Европска Унија во Скопје. Како видеограф се потпишува Виктор Стојков, 3Д анимацијата е дело на Ѓорѓи Десподов, а автор на музиката е Бојан Филиповски-Gloomié. Дел од „поставката“ се и експонати од Музеј наРепублика Северна Македонија, чиишто историски артефакти беа појдовен мотив за  учениците од „Партенија Зографски“.

-Виртуелната изложба претставува несекојдневно визуелно искуство, кое им пркоси на асумпциите за културата и конвенциите на нејзино прикажување, водејќи ги гледачите низ сосема нови пејзажи на музејските наративи. Изложба која обединува интердисциплинарни дела со заедничка фасцинација на богатството на нашата историја. Секое рачно изработено парче има корени во минатото, а сепак поинаков слој на значење за иднината - заклучува Милан Атанасов, уметнички директор на изложбата „Одговорна иднина“.

03 (1) (2)

05 (1)

06 (1)

07 (1)

08 (1)

09 (1)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 фото галерија

    Отворен „Лаб дизајн маркет“ во „Лабораториум“ – нов изложбен простор на македонските дизајнери и занаетчии

  • 2 фото галерија

    Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE – модниот настан на студентите на ТМФ омаж на Пикасо и шпанската уметност

  • 1 tmf revija фото галерија

    Автентичност тема на завршната модна ревија на студентите на ТМФ

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics