• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Олгица Ѓоргиева ја освои црногорската публика со Castle on the hill

Од Ана Несторовска · На ноември 8, 2017

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (12)
Со силен аплауз и пофални зборови во медиумите беше проследена промоција на новата колекција Castle on the hill на креаторката Олгица Ѓоргиева во Црна Гора. Во рамки на културниот регионален хепенинг „Музика и мода“, што се одржа на 2 ноември во Црногорскиот народен Театар во Подгорица, дизајнерката беше единствена претставничка од Македонија. Учествуваа познати имиња од повеќе уметности:  познатиот српски мецосопран Јадранка Јовановиќ, Јуре Церковниќ на класична гитара од Словенија, Ратимир Мартиновиќ од Србија на клавир, белградската модна куќа „Билицки“ на чело со Владимир Стојановиќ и модниот дизајнер Борис Чалиќ од Црна Гора.

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (9)

Ова е втора ревија на Ѓоргиева на „Музика и мода“, по успешната презентација на линијата „Алтер“ во Белградската филхармонија во април оваа година.
- „Музика и мода“ е спој помеѓу класичната музика и мода. Овој настан ми станува сè подраг, особено поради концептот. На едно место се собрани уметници од различни полиња, секој на свој начин оригинален, креативен и успешен. Првото издание беше во Белградска филхармонија, а овој пат во Црногорскиот народен Театар во Подгорица. Мудро одбрани учесници, соодветно избрана локација, и адекватно поканети гости во публиката. Организаторите, своето долгодишното искуство на модната сцена успешно го покажаа и овој пат. Особено овој настан ми е допаѓа поради својата едноставност. Целата тежина е ставена на квалитетот на учесниците. Коментарите за време и после настанот беа, дека во публиката таков профил на гости, долго време не се видел на некој настан. Успеав да запознаам прекрасни луѓе, прекрасни контакти. Со уметниците исто така имаше прекрасна дружба и споделување на искуства – вели Олгица.

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (2)

Во црногорските медиуми имаше натписи дека „Олгица Ѓоргиева, целосно успеала да ја освои црногорската публика“.

- После ревијата ме чекаа група новинари за интервјуа, неколку госпоѓи за да купат фустан од ревијата, уште пред самата ревија веќе имаше интерес за парчињата од луѓе кои успеаа да ја погледнат предходно. Се наоѓам во еден екпериментален период од мојата работа, во кој уживам! Се околу мене свесно следам и регистрирам… анализирам, осознавам, за тоа што ќе следи во иднина. Секое наредно искуство ме прави поискусна, посигурна во ова што го работам, посвесна за многу работи и особено ме радува една работа, дека каде и да се појавам мојата работа предизвикува интерес. Во Македонија со талент, креативност, труд и енергија успеав да си го завземам своето место на нашиот моден пазар, меѓутоа ова се веќе други пазари! Пазари каде што владеат други правила, други размислувања, поинаков пристап кон модата. Сосема други поднебја, со свои карактеристики и кога ќе видите дека со возбуда ви кажуваат дека имате прекрасен производ, еден уметник, не може да не биде среќен – вели таа.

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (1)

Колекција со која се претстави во Подгорица наречена  Castle on the hill или „Замок на врвот“ за сезоната есен-зима 2017/18 содржи елегантни парчиња. Ја продолжува приказната со принтовите  за која вели дека ѝ станува сè поинтересна. Се среќаваат нијанси на сиво, црно, златно, земјени тонови. Од материјали користи кадифе, тантела, свила и неколку верзии на сатен.

-Сите ние на некаков начин сме архитекти на сопствениот замок, а каков сакаме да биде замокот на врвот или најдобрата верзија од себе, тоа треба сите сами себе да се запрашаме. Позади ѕидините на нашите замоци, се протегаат цели, нови светови, кои ги познаваме само ние и што ќе правиме со тие светови, во најголем дел зависи од нас- вели Олгица.

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (4)

Castle on the hill засега нема да има поединечна промоција во Скопје, но креациите ќе бидат достапни во нејзиното ателје.

-Мојата идеја и планови за оваа сезона беше поинаква, меѓутоа тоа ќе го оставам некаде за периодот март-мај 2018, така да ќе имам повеќе време да ја реализирам целокупната моја идеја. Поради некои други активности периодов, за оваа сезона ќе останам со ревијата во Црна Гора, меѓутоа новата колекција секако ќе биде објавена преку медиумите и електронски – вели таа.

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (8)

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (11)

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (7)

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (10)

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (5)

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (6)

Olgica Gjorgieva-Crna Gora (3)

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Castle on the Hillмакедонска модаОлгица ЃоргиеваПодгорицаЦрна ГораЦрногорскиот народен Театар во Подгорица„Музика и мода“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics