• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
новини 0

Ординацијата „д-р Анчевски“ го одбележа јубилејот со над 70.000 задоволни пациенти

Од stylist @StylistMKD · На декември 16, 2015

1

По повод 10-годишниот роденден палетата на ласерски техники се збогатува и со ласери за отстранување на тетоважи, за третман на габични инфекции на нокти, за третирање на попуштени вени и капилари и ласерска техника за освежување на лице, Clearlift.

Пред една деценија, дерматолошко естетската ординација „д-р Анчевски“ започна со работа поставувајќи си цел постојано да наметнува повисоки стандарди во своето професионално поле, а како резултат на тој пристап стручниот тим зад себе има повеќе од 70.000 задоволни пациенти од земјава и од странство. Податоците говорат дека 7000 луѓе годишно во просек 30 до 40 пациенти секој работен ден минуваат низ ординацијата и прават прегледи и третмани од областа на дерматологијата, естетско-козметичка дерматологија и дерматохирургијата. „д-р Анчевски“ вчера (вторник, 15 декември) во Light Cafè во Скопје го одбележа јубилејниот 10-ти роденден и по тој повод ги изненадува своите пациенти со третмани по промотивни цени. Воедно се збогатува палетата со нови ласери меѓу кои и оној за остранување на тетоважи кој првпат се носи во Македонија.

2 laser keloid

Стручниот тим е составен од тројца специјалисти дерматовенеролози кои се имаат обучувано во познати светски центри и постојано се надоградуваат во своето професионално поле. Ординацијата се состои од три дела: центар за дерматовенерологија, естетско корективна дерматологија и центар за нега и третмани на коса со дерматохирургија. Во изминатите 10 години, „д-р Анчевски“ воведе техники кои беа и останаа единствени во Македонија.

- Во делот на дерматовенерологијата покрај спроведување на прегледи и терапии на сите кожни заболувања, дијагностика и третмани на периферни крвни садови, алерголошки тестирања и озонотерапија која што ексклузивно се работи само кај нас, се врши и компјутерирана дерматоскопија на бемки и нивно отстранување и радиобранова терапија. Компјутеризираната дерматоскопија е најсовремена техника за анализа на бемки и други пигментни промени. Додека еден од најсофистицираните начини за отстранување на кожни промени со најмала траума и белези на ткивото и со најбрза регенерација е радиобрановата техника која што ексклузивно се работи во нашата ординација – вели тимот.

3 ординација др анчевски
- Во делот на естетската дерматологија се предлагаат современи процедури за корекција на брчки и ремоделирање на лице со ботокс и различни типови на филери спрема индивидуалните потреби (филери за пополнување на усни, филери за пополнување на јагодици, филери за пополнување на образи, врат и раце) како и освежување со мезотераписки коктели, ПРП и комбинација на ласерски техники.
- Во центарот за нега и трансплантација на коса се спроведуваат третмани за нега на коса, ласерски третмани, мезотерапија, ПРП за спречување на опаѓање коса и пресадувања на коса. Во дерматохирургијата се спроведуваат мали дерматохируршки интервенции.

По повод 10-годишниот роденден палетата на ласерски техники се збогатува и со ласери за отстранување на тетоважи, за третман на габични инфекции на нокти, за третирање на попуштени вени и капилари и со техника за освежување на лице, Clearlift.

Споредувајќи ја ситуацијата пред една деценија и сега впечатокот е дека Македонците денес многу повеќе се отворени кон естетските и козметичките третмани кои некогаш беа табу тема.

laser clearlift

- На пример, ласерското отстранување на влaкна на почетокот беше со скромен број на пациенти, но низ годините бележеше постојан раст. Сепак тоа се должи на најквалитетниот ласер со диодна технологија на светскиот пазар, на стручноста на нашиот тим како и на сè поголемата информираност на клиентите за безбедноста и ефикасноста на третманот. Овој третман сè повеќе се бара и од машката популација – велат од „д-р Анчевски“.

Воедно нагорен тренд е забележлив и кај третманите за нехируршки лифтинг со филери и ботокс што е резултат на широката палета на различни продукти за примена скроени според индивидуализираните потреби на пациентите како и на професиналноста на докторите во ординацијата и високиот квалитет на продуктите што се користат.

Од „д-р Анчевски“ посочуваат дека и после 10 години се уште цврсто се држат до ставот дека постојано мора да се работи на себеусовршување и на подобрување на понудата и ќе продолжат да чекорат по тој професионален пат и во иднина.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 новини

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

  • MNE Spring21_Viking_Hero_Square_001 новини

    CREED Viking Cologne – Mирис кој со себе ја носи свежата, морска атмосфера

  • dm ProClimate (2) новини

    Pro Climate – dm разви производи кои се неутрални за животната средина!

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

    декември 4, 2025
  • mytime nikola ristanovski

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

    ноември 20, 2025
  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics