• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Почина модната легенда Жужи Јелинек

Од stylist @StylistMKD · На јануари 25, 2016

Zuzi Jelinek

Легендарната хрватска креаторка, пионер на екс-југословенската мода и „шнајдерка“ на Јованка Броз, долгогодишна колумнистка на „Глорија“ и несудена директорка на македонската текстилна фабрика „Тетекс“ Жужи Јелинк почина на 96-годишна возраст во Загреб. Славната загрепска „модистка“ е првата модна дизајнерка од овие простори која што уште во 50-тите години имала ревии надвор од Југославија. На 17-годишна возраст првпат замина во Париз, каде што го учела занаетот кај Нина Ричи, а работела и во алетлејто на Коко Шанел. Во Загреб се вратила во 1939 година, и пред почетокот на Втората светска војна отворила кројачка работилница во која шиела облека за богатите еврејски семесјтва. По војната се сели во САД, а по враќањето Тито ѝ предложил да биде лична кројачка на Јованка Броз.

suzi parker jelinek

Познатата американска манекенка Сузи Паркер во модел на Жужи Јелинек

Но пред овој ангажман, Тито не гледал многу позитивно на нејзината работа. За него Жужи била субверзивна линсот и сметал дека не треба колекциите да ги промовира под името Жужи Јелинек, бидејќи тоа не било добро за самоуправниот социјализам на СФРЈ. Во раните 60-ти Тито ѝ понудил да биде директор на „Тетекс“, и под името на тетовската текстилна фабрика да ги претставува своите креации, но таа одбила. Веднаш после тоа Тито во еден говор ја споменал како негативен елемент за Југославија, па ѝ било предложено да си замине од државата. Повторно се сели, овојпат во Женева, Швајацарија. Во Загреб се враќа во 1964 година и дури тогаш Тито ѝ понудил да шие модни креации за Јованка Броз.

Žuži_Jelinek_sa_Jovankom_Broz

Жужи со Јованка Броз

-Се согласив! Го советував и Тито, а „Вартекс“ ги шиеше неговите бели костуми. Јованка доаѓаше во Загреб да ги проба фустаните што ги шиев. Материјалите ги купував во Париз, а еднаш заедно бевме во Париз на модната ревија на „Диор“. Беа почестени што дошла Јованка, сепак таа беше сопруга на ценетиот маршал Тито – има изјавено Јелинек.

Иако повеќе преферирала да креира под сопственото име и ја одбила работата во „Тетекс“, сепак цели 15 години соработувала со „Вартекс“ од Вараждин и првата ревија за оваа компанија се одржала во Њујорк, каде што еден модел носела познатата манекенка Сузана Паркер, омилената на Коко Шанел.

Žuži_Jelinek_1960

Креаторката позира заедно со манекенки облечени во нејзини креации (Загреб, 1960)

Во 50-тите Јелинек беше првата југословенска креаторка што прикажуваше ревии во Америка, низ цела Европа, на Блискиот и Далечниот Исток. Странските медиуми ја нарекоа амбасадорка на модата, а го доби и прекарот „најпозната модна креаторка зад железната завеса“. Од 1994 година пишуваше колумни за неделникот „Глорија“ кои се однесуваа на машко-женските односи, а објави 11 книги со наслови како „Сексот лечи сè“ и „Жени, освојувајте“. Беше инспирација и за Стивен Спилберг кој своевремено бил заинтересиран да сними филм за нејзиниот живописен живот. (K.T.)

zuzi_model

x213192559314735222_1

x213192559314735222_5

x213192559314735222_6

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics