Модниот бренд Зара ја претстави колекцијата за пролет-лето 2022 на својата линија Zara Studio, која секогаш содржи модни парчиња кои по квалитетот и изгледот наликуваат на дизајнерските. Во новата пролетно-летна колекција забележуваме префинетост, декаденција и романтика со доза на викторијански стил. Модната приказна е прикажана преку фотографиите на славниот Стивен Мајзел, а видеото е на Игнаси Монреал. Колекцијата се состои од долги фустани со детали од тантела, романтични и раскошни блузи со набори, истакнати раменици и со деликатна тантела, брокатни парчиња, во контраст со кожени корсети и кратки палта, рокерски пругасти панталони и сребрен накит. Палетата на бои е едноставна – бела, црна и сина, но затоа акцентот е ставен на материјалите и текстурата.
Нема коментари