• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Разговор со Ивана и Марија од the Gentlemen’s Expo: Џентлменството е состојба на умот и начин на живот

Од Катерина Трајановска · На февруари 20, 2018

27067784_1283584171742829_3885764323410162063_n

Неколку дена пред почетокот на премиерното издание на the Gentlemen’s Expo, првиот саем за мажи посветен на стилот и начинот на живот на машкиот пол и на најновите трендови од машкиот свет, разговаравме со Ивана Новакова Куновска и Марија Зекмановска Митреска, сопственички на Боттега Евенти и организаторки на настанот. Тие ни кажаа повеќе за содржината и активностите на саемот што ќе се одржи на 24 и 25 февруари во изложбениот салон на BMW и MINI во Скопје. 

Во тек се подготовките на првиот the Gentlemen’s expo, што ве поттикна да организирате настан посветен на мажите и која е целта што планирате да ја постигнете?

-Подготовките за  настанот се во полн ек. Ваков тип на настан се организира за прв пат во Скопје, а идејата за истиот се крчка веќе две години. Мораме да признаеме дека првичната идеја за овој настан имаше поинаков облик, но по детално истражување увидовме дека кај нас нема настан кој е целосно посветен на мажите и нивниот начин на живот. Токму тоа е и целта на овој настан, мажите да имаат можност да се поврзат со брендовите кои ќе го збогатат нивното секојдневие, а во исто време и да дознаат нешто повеќе за истите.

Gentlemen’s expo е закажан за 24 и 25 февруари, кажете ни што поточно ќе се случува во тие два дена? Какви содржини планирате да спакувате и кои машки брендови ќе учествуваат?

-Настанот се отвора за посетители на 24 февруари во 10 часот и ќе трае до 18 часот. Влезот е слободен така што ги покануваме сите ваши читатели своето саботно кафе да го испијат во просториите на BMW и MINI. За тој ден планираме разновидна едукативна и забавна програма која ќе започне од 11 часот, а за нејзиното спроведување ќе биде задолжен модераторот на овогодинешниот Gentlemen’s Expo, Александра Пановска.

Посетителите ќе можат да слушнат предавања од Др. Андреј Петров, дервматовенеролог во клиничката болница Аcibadem Sistina, кој ќе говори за ќелавоста кај мажите како проблем за кој постои решение. Божиновски часовници ќе имаат своја презентација и ќе ги откријат тајните на вашиот часовник. Signori ќе ја споделат својата успешна бизнис сторија, а воедно ќе оддржат и демонстрација на врзување на вратоврска. Dioptra Couture ќе бидат задолжени за совети за заштита на видот од електрични уреди и корекција на видот по 40-тата година. Исто така ќе ја презентираат и Drive Safe технологијата кај очилата. Дуна Компјутери како овластен застапник на Garmin Connect ќе ја покажат функционалноста на уредот. Заедно со Bovin Винарија ќе дознаеме нешто повеќе за виното. Мотоцентар подготвуваат интерактивна програма на својот штанд како и изненадувања за посетителите. За оние кои сакаат фотографија Пикс Плус ќе ги презентира своите брендови за фотографија и видео опрема. Љубителите на впечатлив ентериер ќе може да се запознаат со уникатните парчиња мебел на Smart Living.

Во недела на 25.02.2018 саемот се отвара во 10 часот и посетителите ќе имаат можност да му постават прашања на Др. Даниел Петровски, уролог од клиничката болница Acibadem Sistina кој ќе зборува за најчестите проблеми кај машкото здравје. Спорт во фокусот оваа година е мечувањето. Во соработка со Мечувалечка Федерација на Македонија  ќе се оддржат часови по мечување. Академија за Протокол заедно со д-р Лукреција Маљковиќ Атанасовска ќе зборуваат за модерниот маж и современата етикеција.

26907578_216093492296795_5902536934070081223_n

Според ова саемот ќе опфати повеќе интереси на мажите од мода преку технологија, уредување, автомобили, готвење до машко здравје, кои дополнителни активности ќе бидат дел од настанот?

-Покрај горенаведените активности, во текот на двата дена од настанот ќе имаме Open Barber Shop каде посетителите ќе можат да добијат совети во врска со нивниот стајлинг на брада и бркови и нивната фризура, а истовремено и да ги искусат вештите раце на искусните бербери од бербер студиото Попај. За негата на машката коса и кожа ќе бидат задолжени American Crew со своите производи. Во Gentlemen’s Bar посетителите ќе можат да го испијат своето Attibassi Café заедно со MaYa вода како и да пробат уште многу пијалоци и храна. Во недела на 25.02 во Gentlemen’s Life Kitchen своето искуство и вештини со посетителите ќе ги споделат искусните шефови Mark и Никола.

Во саботата, на 24 февруари, планирате моден перформанс наречен Gentlemen’s Square…

-Gentlemen’s Square интеракцијата ја планираме на 24.02 со почеток од 16 часот на која според однапред исцртано сценарио од страна на нашата позната дизајнерка Marrigucha ќе се одвива своевиден интерактивен перфоrманс на посетителите со брендовите кои се изложуваат. Урбаните џентлемени и поддржувачи на настанот Distinguished Gentlemen’s Ride ќе бидат дел од оваа парада и посетителите одблиску ќе можат да се запознаат за начинот на пријавување и учество во овој настан како и начинот за донирање во Movember Foundation.

Целокупниот перформанс ќе биде проследен со видео и фотографија кои по настанот ќе бидат објавени и за оние кои нема да бидат во можност да не посетат годинава. Ги покануваме сите оние џентлемени кои не се срамежливи да дојдат во просториите на BMW и MINI да го покажат својот стил и да ни се придружат на Gentlemen’s Square.

gentlemens expo

Каква публика очекувате да го посети саемот и кого сè поканувате да дојде и пронајде интересен аспект од машкиот животен стил?

-Очекуваме џентлмени кои знаат што сакаат и кои сакаат да научат уште нешто плус за нивниот начин на живот, но и џентлмени кои сакаат да следат одреден стил на живот, па токму на ова место ќе можат да ги пронајдат оние мали нешта кои ќе им помогнат да бидат поразлични од останатите. Секако дека во оваа приказна не ги заборавивме и дамите кои се добредојдени на овој настан и за кои имаме специјално изненадување од познатиот косовски креатор Valdrin Sahiti.

Што претставува да си џентлмен во 21 век? Постојат ли џентлмени во Македонија?

-Џентлмен во 21 век е многу повеќе од добро облечен маж. Тоа е состојба на умот, начин на живот. Џентлмен значи почит. Почит кон самиот себе и почит кон сите останати. Џентлменот инспирира.

Џентлмени во Македонија секако дека постојат, иако сметаме дека можеби не се премногу експонирани во јавноста, но се добро познати во круговите во кои се движат. Токму и тоа сакаме да го постигнеме со овој настан, да ги откриеме скриените џентлмени кај нас, да ги запознаеме и да ги натераме несебично да ни ја откријат нивната филозофија позади џентменскиот начин на живот.

Зошто токму жени го организираат настанот посветен на мажи?

-А зошто да не? Не би сакале да му дадеме родова конотација на самиот настан, иако многумина може самиот назив на истиот да го протолкуваат во таква насока. Ние веруваме дека џентлменството како начин на живот може и мора да го применуваат и мажите и жените. Двата пола треба да се стремат кон што поквалитетен начин на живот со свој сопствен печат. Се надеваме дека со овој настан ќе успееме да го сториме токму тоа – да едуцираме и да понудиме интерактивни забавни содржини за кои ќе се зборува сè до следното издание на Gentlemen’s EXPO.

ПРОГРАМА НА THE GENTLEMEN’S EXPO 

sabotna expo programa

nedelna expo programa

Bottega Eventithe Gentlemen’s ExpoБотега ЕвентиИвана Новакова КуновскаМарија Зекмановска Митрескамашки саемнастансаем
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 Irina Tosheva workshop

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics