• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Демна Гвасалија кај Баленсијага: Посвета на Украина, бестрашноста и отпорноста, љубовта и мирот

Од stylist @StylistMKD · На март 7, 2022

1 balenciaga

Грузиецот Демна Гвасалија, кој во последниве седум години е креативен директор во модната куќа Баленсијага, вчера во Париз ја претстави својата можеби најлична и најпотресна презентација. Војната во Украина е подалеку од Париз, но Демна го потсети на личните трауми, кога во 1993 ја напуштил родната Грузија во екот на граѓанската војна. Тогаш десетгодишно момче, со своето семејство избегал  од областа Абхазија, откако локалните сепаратисти лојални на Русија ја презедоа земјата и убија повеќе од 5.000 етнички Грузијци.

Ревијата на Баленсијага за колекциата за есен-зима 2022/23, започна со рецитација на Демна на поема на украински, потоа моделите  продефилираа на пистата на која врнеше лажен снег и дуваше силен ветер. Првичната идеја на дизајнерот беше со колекцијата да се обрати на проблемот на климатските промени, потоа во еден момент планирал сосема да ја откаже ревијата поради војната во Украина, но сепак одлучил да продолжи со презентацијата, затоа што не сакал да попушти пред „злото што веќе толку многу ме повреди“. Снегот на пистата се најде како своевидна асоцијација на тешкиот пат кој треба да се изоди, но и на и бестрашноста и отпорноста на луѓето.

Само дизајнер со лично искуство на Демна можеше да приреди ваква ревија во вакво време. „Се гледав себеси како одам по патеките од пред 30 години кога бев во засолништето, како и некои други 10-годишни украински момчиња и девојчиња со нивните родители денес, не знаејќи кога градот ќе падне врз вас. Денес стојам овде и ја правам оваа ревија, ако би можел визуелно да ја изразам тој пат, тоа беше како оние полуголи луѓе да шетаат низ тој ветер. Морам да кажам, тоа е толку лично што е тешко да се објасни“.

Во 1993 година, тој избегал од Абхазија со своето семејство, преку планинскиот венец Кавказ. „Татко ми одеше преку планините пешки, бидејќи знаеше дека не можеме да одиме до крај. Таму загинаа луѓе. Една недела чекавме и конечно татко ми и вујко ми изнајмија хеликоптер и не најдоа. Не фрлаа во хеликоптер со отворена врата, полн со бегалци, а ние полетавме“, се потесува дизајнерот. Семејството се населило прво во Тбилиси, потоа во Украина, каде Демна го научила јазикот. Демна подоцна заминува за Дизелдорф, а студирал во Антверп.


View this post on Instagram

A post shared by Vogue France (@voguefrance)

Покрај тоа што испрати порака кон Украина и го изрази своето лично искуство, Демна испраќа и порака за љубов. „Во војна умираат само невини луѓе. Го доживеав тоа и всушност го блокирав 30 години, додека не почнав да ги читам вестите минатата недела. Тоа ја врати сета болка, како и кај секој што го поминал тоа“, рече Демна. „Пораката е љубов, секогаш. И модата мора да го претпостави тоа, барем во смисла на заземање позиција на таа тема“.

Ревијата беше пример за тоа колку е важен контекстот за една ваква постановка во ерата на социјалните медиуми; колку беше важно да се знае приказната на Демна за да се сфати автентичноста зад сликите што тој ги презентираше. Беше тоа епско, застрашувачко, убаво и потресно искуство во сезона кога контрастите меѓу модата и нејзините околни светови не можеа да бидат поголеми. Како што рече Демна, „За мене модата некако не е важна во моментов“.


View this post on Instagram

A post shared by Balenciaga by Demna (@demnagram)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics