Бел памучен фустан со тантелни апликации, во комбинација со чанта во неутрална нијанс асо реси и удобни балетанки – вака Оливија Палермо се појави на улиците на Њујорк, еден ден пред нејзината венчавка во матично, и ни покажа како да се облечеме додека се шетаме по градските улици во лето. Затоа што летото е најудобно во бел фустан, нели? Лелеав, транспарентен, од природни ткаенини, а ова лето нека биде украсен со романтична тантела во хипи стил. Познатите блогерки и светските помодарки го вметанаа белиот фустан со тантела, тул или романтичен вез во својата летна гардероба. Но, го стилизираа на различен начин: со женствени детали, но и со поавангардни елементи, со чанти преку рамо и со акценти во јаки бои, со трендовски сексапилни сандали со ремче околу глужод, но и со патики и погруби чевли за поинаков изглед.
Нема коментари