• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Сара Џесика Паркер на местото на Ана Винтур!?

Од stylist @StylistMKD · На јануари 31, 2014

98309ef42a6360410339b0732d14bb44530dbc2d_600

Медиумите вчера повторно ја отворија темата за нов главен уредник на американското издание на Vogue и повторно го поврзаа името на актерката Сара Џесика Паркер за приказната. Иако подолго време се шпекулира дека познатата актерка ќе биде ангажирана во модниот магазин на местото на озлогласената Ана Винтур, полутаблоидниот Radar Online вчера објави дека од сигурни извори дознал дека „Кери Бредшоу“ најверојатно ќе го води Vogue. Порталот тврди дека Ана Винтур планира шема како да ја донесе својата блиска пријателка на челното место на најпознатиот моден магазин, а таа да се фокусира на глобалното уредување на сите изданија на Conde Nast,  компанијата што ги публикува Vogue, Glamour, W, Lucky, GQ, Allure, Vanity Fair и многу други престижни списанија. Или евентуално Винтур ќе стане американски амбасадор во администрацијата на Барак Обама.

sarah-jessica-parker-and-anna-wintour1

Според анонимен, но сигурен извор, Radar Online објави како Винтур верува дека го нашла вистинскиот наследник. „Тоа е изненадувачка идеја, но не е целосно шега. Ана мисли дека Сара Џесика, модната икона на „Сексот и градот“, навистина го има она што е потребно за да дојде на нејзино место и многу скоро да ја преземе улогата на уредник во Vogue“, пишува Radar Online.  Но, утрово британскиот весник Daily Mail ексклузивно објави дека не е точна информацијата за Сара Џесика Паркер за нов уредник на Vogue. Новинарите на весникот ги контактирале своите колеги во американскиот моден магазин и го добиле следново соопштение: „Ана и Сара Џесика долго време се блиски пријателки, но никогаш не се дискутирало за тоа актерката да дојде на позицијата на Ана во Vogue“.

collage

Сара Џесика Паркер во неколку епизоди од серијата „Сексот и градот“ глумеше соработник на списанието Vogue, впрочем и авторката на серијата, Кендис Бушнел, своевремено работеше во Vogue под водство на Ана Винтур. Сара Џесика важи за модна икона не само преку ликот на Кери Бредшоу, туку и во приватниот живот, а ја интересира и дизајнерската работа и неодамна промовираше своја линија на чевли за Маноло Бланик.

VogueАна Винтурмоден уредникСара Џесика Паркер
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics