• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

SLOWSCAPES: Изложба на македонска мода и дизајн

Од stylist @StylistMKD · На декември 6, 2018

slowscapes

На 14 декември, петок, во 18 часот во скопската гелерија Акантус ќе биде отворена групната изложба насловена како Slowscapes. Македонските модни брендови Арма, Петел Паун, Лудус, Марта Пејоска, Нина Нине, Биби Клекачкоска и Мима Пејоска ќе ги понудат на продажба своите најнови колекции во амбиент пригоден за престојните празници.

„Slow fashion“ e алтернатива на брзата мода и се заснова на принципи како добар квалитет, чиста средина и фер однос кон клиентите и работниците.

Предизвикот да се најдат македонски брендови што припаѓаат на движењето „slow fashion“ беше лична цел на кураторот Драган Христов кој стои зад македонскиот моден бренд Лудус. Со таква идеја во заднината, Slowscapes буквално ќе даде приказ на селекција од македонски модни брендови што се припадници на движењето. Селектираните брендови се главно етаблирани и познати на нашата публика, но покрај нив задоволство ќе ни биде да Ви презентираме и неколку нови. Заедничкиот елемент кај сите нив е квалитетниот производ, што најчесто е претставуван на интернационалниот пазар, внимателно селектирани материјали и современ дизајн.

Биби Клекачкоска

Биби Клекачкоска е дизајнер на накит со повеќе од 20 годишно работно искуство. Препознаена како авангарден уметник во полето на дизајн и изработка на накит, пионер на новиот бран на ревитализацијата и реинвенцијата на традиционалната филигранската уметност, со голем апетит за истражување и употреба на нови техники, материјали и пристапи во уметничкото изразување. Во својата работа секој пат успешно ги вткајува личните вредности што резултира во креации со висока уметничка вредност, ергономичност, издржливост и пред се безвременост.

Изложувала во САД, Германија, Франција, Словенија, Швајцарија, Србија, Хрватска, Португалија, Романија.

Неколку пати наградувана за дизајн, од Обединети Нации избрана да изработи значки за нивната кaмпања „Година на Микрокредит”. Мотиви од нејзината работа се користени во рекламни кампањи (ИК Банка), а нејзини парчиња има во „Сенки”на Милчо Манчевски, како и во „До Балчек” на Столе Попов. Благодарение на соработката со неколку дизајнери, нејзини парчиња прошетале на повеќе модни писти на Париските и Лондонските модни ревии.

Марта Пејоска - Матис ревизитед- брошеви од сребро и позлата

Марта Пејоска е архитект кој твори во полето на дизајнот. Основниот медиум кој го користи е сребрената жица со која создава архитектонски конципирана нослива уметност во форма на накит, а матичната техника е филигранската техника. Оттука не само што со своето творештво зачувува еден дел од македонското културно наследство, туку со давањето на еден нов модерен израз на филигранскиот накит тежнее кон неговото осовременување. Оваа амбициозност и љубопитност се дел од процесот на нејзиниот личен раст и развој како уметник, со посебен акцент на современиот уметнички накит и дизајн. Сето ова резултира со потребата од постоење на уметничка галерија за современ накит и филигран, која веке од 2014год. постои во Охрид, во нејзина сопственост и претставува значаен придонес кон континуираниот развој на македонската сцена на современ накит. Учествата на интернационални настани за современ накит и разни прокти од областа на креативните индустрии и заштитата на културното наследство уште повеќе говорат за нејзината посветеност и успешност.

Нејзината фасцинација од основните геометриски форми и архитектонски структури ги носат минимализмот и скулптуралноста во нејзиниот израз, а од друга страна синергијата помеѓу дивата природа и урбаниот град од нејзиниот непосреден контекст ја создаваат конкретната приказна која таа ја раскажува преку својот накит.

Моменталниот фокус на работа кој ќе биде и претставен на Slowscapes, се всушност развојните фази на веќе претходно познатите колекции: “Palimpsest”, “Matisse ReVisited” и “My wings are tired”.

Нина Нине-Алка од инокс Кон Себе

Нина Нине е колекција на накит од нерѓосувачки челик од уметницата Нина Нинеска. Минималистичкиот пристап низ употреба на едоставните форми го надополнува магичното блескање на материјалот од кој што е изработен овој накит.

„Нурнувајќи се длабоко, длабоко во Себе, се искачив високо, високо на највисокиот Врв, од овде вечноста, бескрајноста“ – Нина Нинеска.

„Симбол“ e насловот на колекцијата што ќе се најде на изложбата Slowscapes. Нежната и прецизна рачна доработка на накитот од инокс (аустенитен нерѓосувачки челик) дава мек и сјаен ефект, а со комплементарноста на материјалот, ви дава пријатно чувство, исполување, задоволство, радост, љубов.

Петел Паун-Свилен шифон обоен со лишаи, кора од дрвја, минерални соли и rubia tinctorum

Петел Паун е уметничко ателје зад кое стои Билјана Каровска и е синтеза помеѓу природата и уметноста. Посветено е на рачна изработка, текстилен дизајн на 100% природни ткаенини и бои добиени од природни растителни материјали.

Секоја ткаенина е внимателно изработена со лисја, цветови, семе и кори, локално соберени и одгаени во сопствената градина на авторот. Во процесот на екстракција на боите нема употреба на токсични материи и штетни супстанци по човекот и околината што ги прави материјалите произведени на овој начин eco-friendly i sustainable.

Во склоп на изложбата Slowscapes, Petel Paun се претставува со рачно обоена, еко-принт колекција на марами. Еко принтот претставува современа употреба на традиционалните природни бои, метод низ кој ботаничкиот материјал како лисја, цветови, кори од дрвја и семе, се поттикнуват да ги пренесат своите пигменти и бои на природни текстилни материјали.

Самиот процес сведочи за впечатлива, жива и динамична трансформација, како на ботаничкиот материјал така и на текстилот како новиот рецепиент и медиум на уметничкиот израз. Првичната боја на природните материјали искористени за бои и пигменти се губи, бидејќи самиот производен процес раѓа нова палета и нови нијанси. Текстилот како медиум рефлектира облици, шари и детали кои ја имитираат природата, секогаш на свој уникатен начин.

Во новата колекција секое добиено парче е различно, автентично. Не постои начин да се добие идентична копија, во што лежи и дел од креативниот потенцијал на еко принт движењето кое во моментот е во подем, во светски рамки.

Juxtapositioning Мима Пејоска

Мима Пејоска е родена во Скопје 1983, и работи во полето на декоративните уметности повеќе од 13 години. Накитот е нејзин основен медиум на изразување, без разлика дали се хеклани парчиња од инокс, свила и волна; дигитални дизајни подготвени за 3D принт; или концептуални проекти кои ни го будат интересот за другата страна на декоративните објекти.

Изминативе неколку години главен фокус и се различните аспекти и улоги на накитот, кои вообичаено се незабележителни покрај неговата основа функција да украсува. Еден од нејзините позначајни проекти е The stories of the The Wanderers – кој имаше за цел да ги открие релациите кои ги градиме меѓусебно, низ и со предметите околу нас.

Нејзините дела се изложувани во многу галерии и саеми за накит (Смитсониан музеј во Вашингтон, Савана, Таипеи, Атланта, Берлин…), како и објавени во Тајм Магазин, Гардијан, Хафингтон Пост…

Колекцијата Juxtapositioning е збир на дела кои ја надополнуваат претпоследната колекција Sensibles. Со почетоци на игра со разни плетки и патерни, овие дела се создадени како потрага по урамнотеженост помеѓу материјали и техники кои навидум имаат дијаметрални квалитети. Наспроти една дефинирана цел, идејата зад колекцијата е постојаното изнаонаоѓање на различни процеси за балансирање на поларности Хаос-Ред, Традиција-Современост, Вредно-Секојдневно, Линија-Тридимензионалност…

Арма - фустани Ид Его Суперего

Арма е бренд основан во Скопје од Амра Исмани, изграден врз темелите на париската модна школа која цели кон иновативност во дизајнот и беспрекорност во изработката. Aрма суптилно ја спојува лежерната креативност со строгото моделарство за да понуди ненаметлива убавина која се противи на објектификацијата на женското тело.

Водена од премисата дека облеката му е потчинета на телото, Aрма е колаж од удобност и мултифункционалност која ги дестабилизира конзервативните замисли за женската естетика.

??????????????????????????????????????????

Лудус е моден бренд зад кој стои Драган Христов, дипломец на академијата за ликовни уметности Брера во Милано и изработува безродови колекции од висококвалитетни природни материјали. Препознатлив по минималистичкиот пристап и скулптурните силуети, Лудус е еден од ретките модни брендови кај нас што прави пробив на интернационалната сцена. Има учествувано на саеми, изложби и културни настани во Италија, Германија, Австрија, Холандија, Чешка, Бугарија, а последните три сезони се претставува на Љубљанаската модна недела, на голем интерес на локалната публика во Словенија каде за  колекцијата „Ф“ е добитник на Big See Fashion Award 2018.

Изложбата ќе има комерцијален карактер и е одлична прилика за алтернативен избор за подароци за претстојните празници.

Галеријата Акантус се наоѓа на улица „Орце Николов“ бр. 99 во скопското  Дебар маало и за времетрањето на изложбата Slowscapes ќе биде отворена во сабота и недела од 13 до 16 часот и секој работен ден од 12 до 21 часот, освен понеделник.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

  • 2 моден монитор

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

  • 1fwsk моден монитор

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • mytime nikola ristanovski

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

    ноември 20, 2025
  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics