• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

SLOWSCAPES: Изложба на македонски дизајн во Охрид

Од stylist @StylistMKD · На јули 26, 2019

slowscapes (1)

Продажна изложба на македонска мода и дизајн во Галерија „Марта Пејоска“ во Охрид од 31 јули до 3 август

Второто поглавје од изложбата Slowscapes се случува летово во Охрид во галеријата „Марта Пејоска“ од 31 јули до 3 август. Погледнете ја селекцијата од производи на етаблирани и нови брендови што го застапуваат „slow fashion“ движењето кај нас и се посветени на рачна работа, мали колекции и врвен квалитет, спротиставени на брзата мода и неодговорното консумерство. „Slow fashion“ e алтернатива на брзата мода и се заснова на принципи како добар квалитет, чиста средина и фер однос кон клиентите и работниците. Изложбата ќе има продажен карактер.

slowscapes (6)

ГАЛЕРИЈА МАРТА ПЕЈОСКА

Ателјето со галерија „Марта Пејоска“ е отворено на 19 јули 2014 година. Се наоѓа на главната туристичка улица „Цар Самуил“ бр.52 во стариот дел на градот Охрид, која води од плоштад накај црквата Св.Софија.

Современиот ентериер на галеријата е минималистички концепиран, сиот обоен во бело со само неколку дрвени детали кои доловуваат одредена рустичност и за момент асоцираат на препознатливиот архитектонски и уметнички контекст на стариот дел на градот Охрид.

Постоењето на еден ваков простор е потреба на градот и на модерното време во кое живееме.

Учествуваат:

slowscapes marta pejoska

Марта Пејоска е архитект кој твори во полето на дизајнот. Основниот медиум кој го користи е сребрената жица со која создава архитектонски конципирана нослива уметност во форма на накит, а матичната техника е филигранската техника. Оттука не само што со своето творештво зачувува еден дел од македонското културно наследство, туку со давањето на еден нов модерен израз на филигранскиот накит тежнее кон неговото осовременување. Оваа амбициозност и љубопитност се дел од процесот на нејзиниот личен раст и развој како уметник, со посебен акцент на современиот уметнички накит и дизајн.

Нејзината фасцинација од основните геометриски форми и архитектонски структури ги носат минимализмот и скулптуралноста во нејзиниот израз, а од друга страна синергијата помеѓу дивата природа и урбаниот град од нејзиниот непосреден контекст ја создаваат конкретната приказна која таа ја раскажува преку својот накит.

slowscapes (7)

ЛУДУС e модна етикета што е обврзана на работа исклучиво со природни материјали како памук, волна, свила, лен и рециклирана кожа, водејќи сметка за животната средина при производиствениот цилкус со минимално количество или нула отпад.

Лудус гледа иднина без никаков род.

Лудус гледа убавина надвор од нормите.

Во рамките на продажната изложба Slowscapes Охрид ќе биде претставена последната колекција Пост родовост I.

slowscapes (1)

КАКТУС ДИЗАЈН е основан во 2016-та година со цел да се збогати и промени урбаниот дух преку спојот на секојдневниот уличен стил со минималистичкиот дизајн и јакитe бои. За материјализација на идеите во облека се користат повеќе пристапи и техники на рачна изработка како вез, сито печат и рачно сликање на матeријалите. Сите производи се локално произведени од квалитетни материјали.

slowscapes (2)
БИБИ КЛЕКАЧКОСКА е дизајнер на накит со повеќе од 20 годишно работно искуство. Препознаена како авангарден уметник во полето на дизајн и изработка на накит, пионер на новиот бран на ревитализацијата и реинвенцијата на традиционалната филигранската уметност, со голем апетит за истражување и употреба на нови техники, материјали и пристапи во уметничкото изразување. Во својата работа секој пат успешно ги вткајува личните вредности што резултира во креации со висока уметничка вредност, ергономичност, издржливост и пред се безвременост.

Изложувала во САД, Германија, Франција, Словенија, Швајцарија, Србија, Хрватска, Португалија, Романија.

slowscapes (3)

THE HOUSE OF JUPITER
Носете ја и почувствувајте ја магијата од различни ќошиња на вселената. Очекувани сте.

slowscapes (4)
НИНА НИНЕ e колекција на накит на уметницата Нина Нинеска.

Биди убавина, уживај во минималистичкиот дизајниран накит од медицински челик. Нежната прецизна рачна доработка на ова парче накит му дава меко сјаен ефект, а со комплементарноста на материјалот, ви дава пријатно чувство, исполување, задоволство, радост, љубов.

Исполни го животот со вредност.

Предади ја љубовта, нека светлината блеска.

slowscapes (5)

ПЕТЕЛ ПАУН е уметничко ателје зад кое стои Билјана Каровска и е синтеза помеѓу природата и уметноста. Посветено е на рачна изработка, текстилен дизајн на 100% природни ткаенини и бои добиени од природни растителни материјали.

Секоја ткаенина е внимателно изработена со лисја, цветови, семе и кори, локално соберени и одгаени во сопствената градина на авторот. Во процесот на екстракција на боите нема употреба на токсични материи и штетни супстанци по човекот и околината што ги прави материјалите произведени на овој начин eco-friendly и sustainable.

Cactus DesignLudusSlowscapesThe House of JupiterБиби КлекачкоскаГалерија Марта ПејоскаизложбаЛудусмакедонска модамакедонски дизајнмакедонски дизајнериМарта ПејосканакитНина НинескаоблекаОхридПетел Паун
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • mugler6 моден монитор

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

  • ???????????????????? моден монитор

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

  • ??????????????????????????? моден монитор

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics