Како разновидно, практично и мошне удобно парче облека, хеланките ги носиме и оваа сезона. Лесни се за комбинирање и претставуваат еден елемент во слоевитото облекување, а покрај обичните памучни и спортските модели, оваа есенска сезона најпопуларни се хеланките со изрез во долниот преден дел или со лента околу стапалото. Како замена за панталони или фармерки, перидов најчесто станува збор за верзии во црна боја, а ќе ги носиме во спортски и поелегантни стилови, со широки кошули, дебели сакоа, ролки и под шифонски фустан, со тренерки, џемпер на пруги или мантил, со мокасини, салонки, патики или чизми до глужд.
Нема коментари