• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Што е тоа „бавна мода”

Од stylist @StylistMKD · На февруари 14, 2014

Модата не е она што порано беше. Некогаш таа беше привилегија на богатите, на елитата. Сега е на дофат на секого. Во последниве две-три декади потрошувачите изискуваат ефтина облека која им донесе модна нирвана. Орманите постојано се полнат со облека купена по пониска цена која се чинела како добра зделка во тој момент. Но, бидејќи орманите не се зголемуваат, ваквите парчиња се отфрлаат без многу размислување по само неколку месеци носење. Затоа оваа облека произведена од брендовите на широка потрошувачка се нарекува брза мода (fast fashion).

Но, како противтежа на „синдромот” на брзата мода во модниот свет се појавува движење наречено „бавна мода”. Терминот е прв пат преставен од Кејт Флечер во 2007 година. Според неа  „бавната мода” не е сезонски тренд кој доаѓа и си заминува како месечева мена, туку е одржливо модно движење кое се повеќе добива на значење. Ова движење е на истата линија со движењето наречено „бавна храна”, а целта е да се намали стапката на промена на модните мени на одржливо и реално темпо.

Но прашањето е, зошто брзите модни трендови се толку лоши кога ги добиваме нивните бенефиции за плаќање помалку, а добивање повеќе. За тоа треба да се погледне поголемиот контекст.

„Купувам , значи постојам!” е слоганот на новото време кој зборува за материјалистичкиот свет и растењето на конзумеризмот. Иако овој слоган потекнува од 80-тите, никогаш не звучел повистинито и поубедливо за денешните генерации. Преведено, тоа значи, ние сме она што го купуваме. Купуваме облека која е тренди, модерна, а по ниска цена која се фрла по неколку месеци употреба. Ако се суди  според овој слоган, тогаш ние не сме ништо друго освен ефтини и за еднократна употреба. Податоците говорат дека денес се купува четири пати повеќе од колку во 80-тите. Тоа значи дека се ослободуваме од исто толку работи секоја година за да направиме место во плакарите за „последната” мода.

За да се прилагодат на потребите на алчните потрошувачи, производителите прават сè повеќе облека во сè помалку време. Новите трендови во модата се достапни на потрошувачите побргу од кога било, со цел за инстантно задоволување на потребите без никакво општествена совест.

Движењето „бавна мода“ ги поттикнува корисниците да размислат пред да купат. Тоа ги мотивира да купуваат транс-сезонски облеки, кои се изработени од квалитетни материјали во процеси на производство кои ја заштитуваат животната средина. Ако брзата мода се однесува повеќе на алчноста и брзината, поборниците на  нејзината антитеза сакаат да успорат малку и се фокусираат на квалитетот наместо на скратување на времето.

Тоа се однесува на воспоставување конекција со нашата облека, повеќе од колку на неа да се гледа како на брзи трендови кои брзо ќе бидат отфрлени. Тоа е за уживањето додека се купува убаво направена облека со безвременски дизајн, да се препознае квалитетот и грижата за својата облека.

жата во квалитетот на живеење. Постојат потрошувачи кои се свесни за фактот дека со купување на нешто што е квалитетно ќе трае подолго од што било купено за „една употреба”.

Бавната мода оди рака под рака со почитта. Почит за ресурсите и луѓето. Почит за средината и еколошка и економска. А зошто е почитта толку важна? Бидејќи треба да се почитуваме себеси, бидејќи она што го даваш , тоа и го добиваш.

бавна модабрза модамоден концепт
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics