Проѕирен фустан облечен под сако е еден од најсовремените начини како да постигнете интересна комбинација за вечерна пригода. Првиот чекор е да одберете лесен фустан со транспарентни делови, модел со долен дел од тантела, или пак со тантела на рабовите како најсмирена варијанта на проѕирен фустан. Потоа одберете црно сако, тоа може да биде долго и волуменозно, но во игра се и креации со пократка должина или модел од кадифе. Поентата е да се постигне смел, но во исто време скромен изглед – возбудливо заводлив, но и покриен изглед до оној степен што сакате да го постигнете.


































Нема коментари